Тренерот на Реал Мадрид – Карло Анчелоти, запиша ново историско достигнување во кариерата. 65-годишниот стручњак го предводеше Реал Мадрид до успех во финалето на Суперкупот на Европа, победувајќи ја Аталанта со 2:0. Така стана првиот тренер во историјата кој 5 пати го подигнал овој трофеј. Анчелоти ги освои првите две вакви признанија додека беше на чело на Милан во 2003 и 2007 година. Тој ги додаде другите три со Реал Мадрид во 2014, 2022 и 2024 година. Така го престигна менаџерот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола кој има 4 вакви трофеи. Исто така, тоа помогна 13-ти пат италијански тренер…
Author: riste
Синоќа Реал Мадрид ја победи Аталанта во натпреварот од Суперкупот на УЕФА. Средбата заврши со резултат 2:0. Головите ги постигнаа играчот од средниот ред Федерико Валверде и новото засилување Килијан Мбапе. На овој начин тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се израмни со Мигел Муњоз по бројот на освоени трофеи во историјата на Кралскиот клуб – 14 трофеи. Второто место е а Зинедин Зидан, кој со Реал Мадрид освои 11 трофеи. Првата петорка ја комплетираат Луис Моловни (осум трофеи) и Висенте дел Боске (седум трофеи). Анчелоти двапати го водеше Реал Мадрид. За време на неговиот прв мандат од сезоната 2013/2014 до сезоната 2014/2015, италијанскиот специјалист освои четири…
Марсело Брозовиќ најави повлекување од хрватската репрезентација. 31-годишниот играч од средниот ред, кој е соиграч на Кристијано Роналдо во Ал-Насер, има 99 натпревари за својата земја. „За ова проштално писмо ќе биде доволен еден број – 99. Толку пати сум имал чест да играм за репрезентацијата на Хрватска и со овој број ќе ја завршам кариерата во неа. Секогаш давав сто проценти од моите напори, енергија, сила и страст за Хрватска. Ова е стандардот што го поставија големите играчи пред мене и кон кој мора да се стремат сите што доаѓаат потоа. Знам колку ќе ми недостига се. Но, мора…
Ливерпул ги договори личните услови за голманот на Валенсија, Гиорги Мамардашвили. 23-годишниот голман имаше одличен настап на Европско првенство во Германија со Грузија и го привлече вниманието на гигантите кон себе. Од Ливерпул го гледаат голманот како долгорочна замена за Алисон Бекер. Идејата на управата е да го земе Мамардашвили сега, испраќајќи го на позајмица на една или две сезони, по што тој може да се врати на „Енфилд“ и да биде прв избор. Голманот се согласува на таква опција, пишува Фабрицио Романо. Интерес за него има од Бурнмаут, со тоа што оваа екипа е подготвена да го земат на…
Македонскиот фудбалски прволигаш, Работнички, објави ново засилување во своите редови по стартот на сезоната. Новиот фудбалер во работнички пристигнува од Јамајка, од клубот Вотерхаус. Се работи за 22-годишниот Ревалдо Мичел, кој настапува на позицијата лево крило и се очекува квалитетно да ја збогати ротацијата во средниот ред на Работнички. За Мичел ова ќе биде прв ангажман во Европа. Работнички неодамна потпиша договори со уште три засилувања за новата сезона, а тоа се Лука Робакидзе, Стефан Лазаревиќ и Михаил Димитриевски. Екипата на Работнички на стартот на сезоната во првото коло на домашен терен беше подобар од Силекс со 1:0.
Голема загуба за македонската кошарка и спортот воопшто. Почина Лазар Лечиќ, еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници во историјата на поранешна Југославија, а подоцна и независна Македонија. Денес на 85-годишна возраст Лазар Лечиќ го загуби животниот натпревар, но засекогаш ќе остане запаметен како симбол на кошарката на овие простори. Тој беше еден од оние што ги поставија темелите на македонската кошарка од осамостојувањето. Својата кошаркарска кариера ја почнува во Работнички, а потоа станува тренер на оваа екипа која ја водеше на неколку пати. Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1986, а работеше и во МЗТ…
Шпанскиот играч за врска Мартин Зубименди одби трансфер во Ливерпул и останува во Реал Сосиедад барем уште една сезона. Играчот од средниот ред стана приоритет за Ливерпул и неговата преселба на „Енфилд“ изгледаше речиси сигурна. Сепак, тоа нема да се случи. Ливерпул беше подготвен да ја плати ослободителната клаузула на 25-годишниот играч од 60 милиони евра. Исто така, му беше понудена голема финансиска стимулација да се пресели во Англија. Сепак, Зубименди одлучи да остане во клубот во кој порасна, Реал Сосиедад. Сериозна улога во неговата одлука имаше и тренерот Иманол, кој го убеди да остане. Пред тоа интерес за него…
Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино, откри дека не знае кога Лионел Меси ќе се врати на теренот. 37-годишниот напаѓач е надвор од терените поради повреда на зглобот здобиена за време на финалето на Копа Америка. „Има напредок во закрепнувањето на Лео Меси, но во моментов немаме точен датум за негово враќање во составот на екипата. Тој продолжува да работи самостојно“, изјави искусниот тренер. Ѕвездата на Аргентина го подигна својот втор последователен трофеј на турнирот благодарение на голот на Лаутаро Мартинез во продолженијата. Сепак, играчот се расплака, а камерите го покажаа како седи на клупата со тешко отечен скочен зглоб.…
Македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова, ќе биде единствениот македонски спортист кој ќе настапи на претстојните Параолимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 28 август до 9 септември. Наковска Бикова веќе ги заврши подготовките и нејзините резултати се во нагорна линија. Сега следат завршни подготовки пред заминување за Париз каде треба да се аклиматизира и подготви за настап. Оливера Наковска Бикова ќе настапи во три стрелачки дисциплини, тоа ќе се случи на 31 август, 2 и 4 септември. Нашата спортистка е параолимписки победник од Лондон 2012 година. Иако нашиот Параолимписки комитет аплицираше за дополнителна вајлд карта за Александар Јовановски, сепак комисијата не му ја додели. На тоја начин…
Македонската одбојкарска репрезентација одигра контролни натпревари со Израел и Косово кои му дадоа појасна слика на селекторот Хари Наковски до каде е формата и кои се лошите страни во играта на нашата репрезентација во пресрет на квалификациите за Европското првенство 2026. Селекторот Хари Наковски се надева дека блокот и одбраната можат да се подобрат, а со тоа Македонија да се доближи до пласман на четвртиот континентален собир во низа „По завршувањето на турнирот „Чајка“ увидовме во кои елементи треба да се поправиме. Имаме мали проблеми со блокот и со поставувањето на одбраната. Сепак, имаме уште неколку дена да го подобриме блокот и…
