Селекцијата на Србија не го дава Олимпискиот трон и е старо-нов олимписки првак во ватерполо. Ватерполистите на Србија одиграа перфектно во финалето и на крајот ја победија Хрватска со 13:11. Со овој триумф Србија само ја потврди доминацијата и трети Олимписки игри по ред го освојува Златниот медал повторувајќи го успехот од Рио де Жанеиро во 2016 и од Токио во 2021 година. Хрватска и покрај големата желба сепак одигра рамноправно на почетокот на првиот период, а потоа Србија го збврши со 5:2. Во втората четвртина двете селекции дадоа по три гола и на полувреме резултатот беше 8:5. На почетокот…
Author: riste
Дефанзивците на Баерн Минхен, Нусаир Мазрауи и Матијас де Лихт во понеделник ќе ги поминат медицинските тестови во Манчестер Јунајтед, соопшти „Скај Спортс“. „Црвените ѓаволи“ синоќа постигнале договор со Баварците за трансфер на оваа двојка. Германскиот гигант ќе добие 15 милиони евра плус уште пет во вид на бонуси за Мароканецот, додека зделката за Холанѓанецот ќе изнесува 45+5 милиони евра. Мазрауи и Де Лихт ќе потпишат по петгодишни договори со англискиот клуб. Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, добро ги знае квалитетите на двајцата откако работеше со нив во Ајакс. Во исто време, зделката е поволна за Баерн, кој сакаше…
Репрезентацијата на Италија без големи проблеми стигна до златниот медал на Олимписките игри, откако во финалниот натпревар ја совлада селекцијата на САД со максимални 3:0, по сетови (25-18, 25-20, 25-17). Италијанките не дозволија никакво изненадување и уште од самиот старт ја наметнаа својата игра, што резултираше со прилично лесна победа и големо славје. Италија се радува на првото злато во женската одбојка, и тоа во првото финале кое го играа Олимписките игри.
Раководството на Манчестер Јунајтед постигна договор со играчот од средниот ред Бруно Фернандеш за нов договор, пишува Фабрицио Романо. 29-годишниот Португалец ќе се обврзе со „црвените ѓаволи“ до летото 2027 година, а договорот ќе има опција за продолжување на уште една сезона. Актуелниот договор на играчот од средниот ред истекува за две години. Фернандеш преку својот нов договор ќе стане еден од најскапите фудбалери на „црвените ѓаволи“. Манчестер Јунајтед го ангажираше Бруно Фернандеш пред четири години од Спортинг Лисабон. Досега за тимот има одиграно 233 натпревари, постигнувајќи 79 голови и 66 асистенции.
Холандската атлетичарка Сифан Хасан е нова олимписка шампионка во најтешката дисциплина, маратонот. Таа успеа да ја помине маратонската патела со време на нов олимписки рекорд. Хасан одлично трчаше во текот на целата трка, а на влезот на последниот километар им побегна на конкурентките и беше недостижна во финишот. Нејзиниот резултат беше 2.22:15 часа, што е свовиден подвиг и најдобар олимписки резултат на сите времиња. Ова е трет олимписки медал за Сифан Хасан на ЛОИ во Париз, предходно освои две бронзи на трките на 5.000 и 10.000 метри. Тигст Асефа од Етиопија го освои среброто, а бронзата заврши на градите на Хелен…
Машката штафета на Канада е победник и освојувач на златниот медал на ЛОИ во Париз. Златниот медал во 4х100 во машка конкуренција заврши кај Канаѓаните кои забележаа ист резултат како во Токио пред три години – 37,50. Арон Браун, Џероми Блејк, Брендон Родни и Андре де Грас и донесоа победа на Канада на ова атрка. Атлетичарите од Јужна Африка забележаа континентален рекорд – 37,57, кој беше доволен за сребрен медал. Бронзата пак ја освоија атлетичарите од Велика Британија – 37,61. Досегашните олимписки шампиони, спринтерите на САД, беа дисквалификувани поради престап при првата промена на палката и нејзиното предавање.
Американската женска штафета триумфираше на една од највозбудливите спринтерски дисциплини на атлетската патека – на трката на 4х100 метри. Американките дојдоа до победата по последната промена кога олимписката вицешампионка Шакари Ричардсон ја престигна конкуренцијата за да и донесе предност на својата земја и освојување на слатниот медал. Резултатот на штафетата на САД за златен медал беше 41.78 секунди. На второто место завршија спринтерките од Велика Британија, кои имаа време од 41,85, додека бронзениот медал им припадна на атлетичарките од Германија – 41.97 секунди.
Францускиот интернационалец Кингсли Коман може да го смени Баерн Минхен со Манчестер Сити, пишува „Билд“. Граѓаните се заинтересирани, а Баварците сакаат да заштедат пари на платата на 28-годишниот фудбалер. Манчестер Сити сака да го земе крилниот напаѓач на позајмица со опција за откуп и тоа му одговара на Баерн кој е отворен за преговори. Минатата сезона Кингсли Коман одигра 17 натпревари во Бундеслигата и постигна 3 гола.
Ли Карсли е новиот привремен селектор на Англија, официјално соопшти Фудбалската асоцијација. 50-годишниот стручњак, кој досега беше на чело на тимот до 21 година на „трите лава“, ќе го води тимот најмалку на средбите со Република Ирска и Финска во септември од Лигата на нации. Сепак, можно е Карсли да остане на преостанатите натпревари од ова натпреварување кои се на програмата оваа есен. „За мене е чест привремено да ја водам селекцијата на Англија. Бидејќи добро ги познавам играчите, има смисла да го водам тимот додека ФА го продолжува процесот на назначување нов постојан селектор. Мојот главен приоритет е да…
24-годишниот крилен играч на Вулверхемптон, Педро Нето, ќе се пресели во Челзи за 60+3 милиони евра, објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Х). Според изворот, 60 милиони евра ќе бидат исплатени како фиксен износ, уште 3 милиони евра во форма на дополнителни плаќања. Лекарскиот преглед на Нето треба да се изврши наскоро во клуб од Лондон. Нето минатата сезона учествуваше на 24 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна три гола и 11 асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 55 милиони евра.
