Author: riste

Францускиот шампион Пари Сен Жермен официјално го промовираше скапото засилување за средината од теренот, Жоао Невес. Трансферот кој веќе некое време беше договорен сега доби и официјална потврда. Невес за сума од 60 милиони евра се сели во Париз, а Бенфика ќе добие уште десет милиони во вид на бонуси. Младиот Португалец веќе пристигна и стави потпис на договор со ПСЖ до 2029 година. Невес потекнува од младинската школа на Бенфика, а во ПСЖ се сели по одличните партии во првиот тим на Бенфика. Исто така тој се покажа во добро светло со настапот во репрезентацијата на Португалија на Европското…

Read More

Борусија Дортмунд потврди дека утрово напаѓачот Никлас Фулкруг го напуштил кампот на тимот во Швајцарија за да преговара за трансфер. Речиси сигурно е дека германскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во англискиот Вест Хем Јунајтед. Фулкруг (31) го напушта „Сигнал Идуна Парк“ по само една сезона во која имаше 15 гола и 10 асистенции на 45 натпревари. За него на Вердер Бремен му беа исплатени 17 милиони евра. Според новинарот Флоријан Платенберг, Вест Хем ќе плати 26+4 милиони евра за Фулкруг, кој ќе потпише договор на 3+1 година на нето плата од 3 милиони евра. За него беше заинтересиран и…

Read More

Атлетико од Мадрид го потврди трансферот на шпанскиот централен бек и шампион на ЕУРО 2024, Робин Ле Норман од Реал Сосиедад. 27-годишниот фудбалер започна шест од седумте натпревари на Шпанија за време на ЕП и ја зацврсти својата репутација како еден од најдобрите дефанзивци. Тој сега му се приклучи на Атлетико по осум години минати во клубот од Сан Себастијан во зделка вредна околу 30 милиони евра. Ле Норман потпиша петгодишен договор со својот нов тим. Дефанзивецот ќе го засили одбранбеното јадро на Диего Симеоне откако Атлетико се раздели со Каглар Сојунчу, Габриел Паулиста, Марио Хермосо и Стефан Савиќ.

Read More

Арсенал го цени својот напаѓач Едуард Нкетија на 30 милиони, додека Олимпик Марсеј продолжува со обидите да го ангажира. Играчот кој потекнува од академијата на Арсенал е главната цел на новиот француски тренер Роберто Де Зерби, бидејќи двата клуба започнаа разговори за потенцијален трансфер на Нкетија, пишува Дејли Меил. Марсеј, сепак, не е подготвен да плати толкава сума, бидејќи сметаат дека 30 милиони фунти се премногу. Инаку, тимот од југот на Франција веќе ги договорил личните услови на играчот. Нкетија минатата сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и даде три асистенции, но најмногу влегуваше од клупата…

Read More

Манчестер Јунајтед достави двојна понуда до Баерн Минхен во обид да ги доведе заедно Нусаир Мазрауи и Матаис де Лихт, објавика неколку медиуми во Англија. „Црвените ѓаволи“ се заинтересирани за двајцата играчи и најверојатно ќе достават втора, подобрена понуда која ќе биде поблиску до она што го посакува германскиот гигант. Договорени се личните услови на двајцата играчи, со договори за пет плус една година, останува Баерн Минхен да се договори со Манчестер Јунајтед.

Read More

Фулам го објави трансферот на 24-годишниот офанзивен играч за врска Емил Смит-Роу , кој претходно настапуваше за лондонски Арсенал. Договорот на англискиот фудбалер со тимот од „Кревин Котиџ“ е до летото 2029 година. Претходно во медиумите се појави информација дека сумата за трансфер е 34 милиони фунти (40 милиони евра). Смит-Роу е производ на академијата на Арсенал. Како дел од сениорскиот тим на „топчиите“, офанзивниот играч за врска учествуваше на 115 натпревари на сите турнири (18 гола и 13 асистенции). Минатата сезона Смит-Роу одигра 19 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна две асистенции.

Read More

Низ улиците во Париз денес се одржа и женската трка на 20 километри во брзо одење, а златниот медал ѝ припадна на Јанг Џиају од Кина. Кинеската атлетичарка уште од стартот ја поведе трката, се одлепи од конкуренцијата и водеше до самиот крај. Долго време од трката таа имаше предност повеќе од половина минута, за на крајот да заврши со предност од 25 секунди. Џиају не беше загрозена во ниту еден момент од трката и доминантно дојде со злато со време 1:25,54. На второто место се пласира шпанската претставничка Мариа Перез со задоцнување од 25 секунди. Шест секунди зад сребрената…

Read More

Денешниот натпреварувачки дена на ЛОИ во Париз започна со атлетски натпевари и тоа во дисциплината брзо одење на 20 километри во машка конкуренција. Првиот сет на медали беше поделен меѓу Еквадорскиот атлетичар Брајан Пинтадо кој го освои првиот златен медал за својата земја на Олимпијадата во 2024 година. Пинтадо победи со време 1 час 18 минути и 55 секунди. Второто место го зазеде Бразилецот Каио Бонфим со задочнување од 14 секунди, а бронзата му припадна на шпанскиот атлетичар Алваро Мартин кој задоцни 16 секунди зад победникот.

Read More

Француски ПСЖ има намера да преговара со Баерн Минхен за трансфер на 29-годишниот играч од средниот ред на клубот и Германија, Џошуа Кимих. Според француските медиуми, 29-годишниот германски фудбалер не сака да го напушти својот сегашен тим ова лето и повеќе би сакал да почека да му истече договорот во 2025 година. Баерн очекува да го продаде својот играч пред крајот на преодниот рок за да заработи на трансферот. Се ова е малку комплицирано поради желбата на играчот да ја продолжи кариерата во Шпанија или Англија, наместо во Франција. Да потсетиме дека минатата сезона Кимих учествуваше на 46 натпревари на сите…

Read More

Англиската екипа Астон Вила се договори за личните услови со крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид и португалската репрезентација Жоао Феликс , кој минатата сезона ја мина во Барселона на позајмица. Според изворите, шпанскиот клуб бара 40 милиони евра за да го ослободи Португалецот. Забележано е дека двата клуба ќе продолжат со преговорите за склучување договор во блиска иднина. Претходно беше објавено дека тренерот на Астон Вила, Унаи Емери лично сака да го види Феликс во тимот и му нуди улога на офанзивен играч за врска, што може да го ослободи потенцијалот на Португалецот. Забележано е дека договорот ќе биде тежок од финансиска…

Read More