Author: riste

Манчестер Јунајтед ја разгледува опцијата да го земе со позајмица 21-годишниот офанзивен играч за врска на ПСЖ, Чави Симонс, објави „Мирор“. Се нагласува дека фудбалот што го демонстрира Симонс му се допаѓа на тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Ха . „Ми се допадна Чави Симонс во играта со Англија во полуфиналето на ЕП 2024. Неговиот нагон, страста со која постигнува голови и реагира на ситуации на теренот е на високо ниво. Дури и не е навистина холандски. Можете да го видите ова, бидејќи тренираше во странство. Речиси има јужноевропска истрајност во неговото играње“, рече Тен Хаг. Да потсетиме дека минатата сезона Симонс играше за…

Read More

Фудбалерите на Англија ќе бидат богато наградени доколку победат во неделното финале на ЕУРО 2024 против Шпанија, открива Телеграф. Се очекува играчите на Англија да поделат бонус од 10 милиони фунти доколку ја испишат историјата на англискиот фудбал. Тоа значи дека секој од 26-те играчи во тимот на Герет Саутгејт би можел да заработи повеќе од 350.000 фунти доколку ја победи Шпанија во Берлин. Ова воедно ќе биде прва историска титула за Англија од Европското првенство. Изданието пишува дека потенцијалните парични награди немаат речиси никаква важност за играчите, бидејќи повеќето од нив немаат поим колку ќе добијат ако Англија стане…

Read More

На атлетските патеки во Париз на ЛОИ ќе не очекуваат многу возбудувања, а то аго најавува резултатот кој го покажа Австралијката Џесика Хал. На само две недели до почетокот на Олимписките игри во Париз таа успеа да собори светски рекорд  на 2000 метри. На митингот од Дијамантската лига во Монако го собори е светскиот рекорд на 2.000 метри во женска конкуренција откако победи со време 5.19:70 минути и стана нова светска рекордерка на оваа дистанца. 28-годишната Џесика Хал оваа година на Светското првенство во сала го освои четвртото место на трката на 3.000 метри. Со овој резултат само најави дека во Париз повторно ќе биде…

Read More

Французинот Франсоа Летексие ќе го суди финалето на ЕУРО 2024 меѓу Шпанија и Англија. Големата пресметка е во недела во 21 часот на „Олимпијастадион“ во Берлин. 38-годишниот судија досега на ЕП судеше три натпревари, Шпанија – Грузија, Данска – Србија и Хрватска – Албанија. Тој беше и четврти судија на воведниот меч меѓу Германија и Шкотска. Помошници на Летексие ќе бидат Сирил Меуниер и Мехди Рахмуни. Четврт судија е Полјакот Шимон Марчиљњак. Жером Брисар од Франција ќе биде на ВАР. Ќе му помагаат Вили Делаџо и Масимилијано Ирати од Италија. За резервен помошен судија е назначен Томаш Листкиевич од Полска.

Read More

Англија го има својот нов херој. Тоа е Оли Воткинс кој влезе во игра на 10 минути до крајот на полуфиналето на ЕУРО 2024 со Холандија за да им донесе победа на своите соиграчи. А по натпреварот откри дека го знаел сценариото. „Се колнам во мојот и животот на моето дете дека пред борбата му реков на Кол Палмер: ќе излеземе денес и ти ми даваш асистенција“. Штом ја доби топката, знаев дека ќе ми ја додаде. Морав само да го завршам нападот со гол“изјави 28-годишниот Воткинс кој ја чекаше својата шанса на ЕП. Еве 10 интересни факти за Оли…

Read More

Бразилскиот играч за врска Филипе Кутињо кариерата ќе ја продолжи во бразилското првенство. Тој се врати во својот матичен клуб Васко де Гама, чиј играч беше на почетокот на кариерата, објави прес-службата на тимот. „Волшебникот се врати. Кутињо е Васко! 32-годишниот Кутињо е дете на Васко де Гама. Бразилецот во текот на својата кариера играше за клубови како Интер, Еспањол, Ливерпул, Барселона и Баерн Минхен. Со текот на годините, играчот од средниот ред освои вкупно 11 трофеи со различни тимови, вклучувајќи ја Лигата на шампионите на УЕФА и Копа Америка. Кутињо минатата сезона ја мина на позајмица во катарскиот Ал-Дуал. За клубот…

Read More

Англија ја победи Холандија и се пласираше во финалето на ЕП во Германија, а тоа го стори благодарение на голот на Оли Воткинс во 91. минута. Иако губеше на сите три натпревари од елиминационата фаза, англиската селекција сепак најде сила и направи пресврт, па в недела ќе игра против Шпанија во Берлин за титулата Европски првак. Селектор на Англија, Герет Саутгејт, по натпреварот на прес-конференцијата даде свој коментар на натпреварот. „Покажавме карактер и третпат се враќаме од негативен резултат и победуваме. Мислам дека вечерва не заслуживме да примиме гол во првиот дел. Игравме многу добро со топка и не паметам кога англиска…

Read More

Селекторот на Холандија, Роналд Куман, сосема природно беше разочаран по поразот од Англија со 1:2. Така „лалињата“ испаднаа на чекор од финалето на ЕУРО 2024 година. „Англија ни задаваше проблеми во средината во првото полувреме. Не можевме да контролираме како се движат Белингем и Фоуден. На паузата доведов повеќе играчи во средината и успеавме да се израмниме. Тоа го почувствував во последните 20-25.Бевме посвежи, но тие постигнаа одличен гол на крајот и тоа е дел од фудбалот, можеби заслуживме да одиме во продолженија, но што да правиме, јас сум горд на нашите играчи, бидејќи имавме одличен турнир. Разочаран сум од…

Read More

По одигрувањето на вториот полуфинален натпревар на Копа Америка 2024 година во кој се сретнаа селекциите на Уругвај и Колумбија, познат е вториот финалист. Натпреварот се одигра на стадионот Банк оф Америка во Шарлот (САД). Средбата заврши со победа на Колумбијците со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол на оваа средба беше напаѓачот Хеферсон Лерма во 39. минута . Нему му помагаше офанзивниот играч за врска Хамес Родригез . Во судиското надополнување на првото полувреме, дефанзивецот на колумбиската репрезентација Даниел Муњоз беше исклучен поради два жолти картони. Така, Колумбија стигна до финалето на Копа Америка 2024 година, каде ќе игра со репрезентацијата на Аргентина. Да потсетиме,…

Read More