Author: riste

Наскоро се очекува официјалната потврда дека Мехди Тареми ќе биде нов играч на Интер. Нероаѕурите се подготвуваат да го објават второто засилување во текот на летото по Пјотр Зиелински. Иранскиот напаѓач роден 1992 година, ослободен по истекот на договорот со Порто, пристигнува во Милано за да стави потпис на договорот со Интер. За реализација на овој договор останати се само некои мали формалности, а во текот на денот Тареми ќе ги помине последните медицински прегледи во Интер Тареми ќе потпише двегодишен договор со Интер до 30 јуни 2026 година со можност за продолжување на уште една сезона, со што рокот…

Read More

Голгетерот на Штутгарт Серу Гираси пристигна во Дортмунд за да го финализира трансферот во Борусија, пренесува „Скај Германија“. 28-годишниот Гвинеец претходно постигна конечен договор со раководството на „жолто-црните“ за негов трансфер на „Сигнал Идуна Парк“. Борусија ќе ја активира неговата откупна клаузула во договорот со Швабите вредна 22,5 милиони евра. Самиот напаѓач ќе потпише договор на 4 сезони со својот нов клуб. Серу Гираси ќе стане вториот играч на Штутгарт кој ќе се приклучи на Борусија по Валдемар Антон. Се очекува официјално да биде објавено до крајот на денот откако напаѓачот ќе ги помине лекарските прегледи.

Read More

Ѕвездата на Аргентина – Анхел Ди Марија, најави дека финалето на Копа Америка ќе биде негов последен натпревар со националниот дрес. Синоќа Анхел Ди марија заедно со својата селекција стигнаа до пресметката за трофејот откако во полуфиналето ја совладаа Канада со 2:0. Ова е второ последователно финале за Аргентина на Копа Америка. „Не сум подготвен за мојот последен натпревар за Аргентина, но време е… Што и да се случи во финалето, мислам дека можам да кажам збогум. Дадов се“, сподели Ди Марија. Аргентина во финалето ќе се соочи со победникот од полуфиналето меѓу Колумбија и Уругвај.

Read More

Аргентина се пласираше во второто последователно финале на Копа Америка, откако во првото полуфинале на тековното издание на јужноамериканскиот шампионат, што се одржува во Соединетите Американски Држави (САД), ги победи дебитантите Канада со 2:0. На стадионот во Њу Џерси, ѕвездата на „гаучосите“ Лионел Меси го постигна својот прв гол на шампионатот. За прв пат по 31 година, Аргентинците ќе играат во финалето на Копа Америка како тим кој ја брани титулата. Последен пат тоа се случи во 1993 година на шампионатот во Еквадор, кога Габриел Омар Батистута постигна два гола во победата од 2:1 над Мексико во решавачкиот натпревар за…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон го коментираше заминувањето на репрезентацијата од ЕП 2024 година. „Овие играчи не одведоа во полуфиналето на ова ЕП и не држеа во неизвесност до последната секунда. Ви благодарам!. Честитки за нашите шпански пријатели“, напиша Макрон на една од своите социјални мрежи. Ваква беше реакцијата на претседателот Емануел Макрон по поразот на Франција од Шпанија со 2:1 во полуфиналето на ЕП во Германија.

Read More

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам проговори за испаѓањето на неговата репрезентација по поразот на дуелот со Шпанија (1:2) во полуфиналето на ЕП 2024 година. „Шпанија денес докажа дека е многу добар тим. Имавме среќа да го отвориме резултатот, но противникот ни создаде проблеми бидејќи подобро ја контролираше топката. Денеска Шпанија ги покажа своите вештини. Малку задоцнивме и веројатно не бевме толку свежи, што доведе до некои технички грешки, особено во нашето офанзивно делување. Не одевме доволно често напред, па завршивме онаму каде што требаше“, рече Дешамп. Во финалето на ЕП 2024, репрезентацијата на Шпанија ќе се сретне со победникот од средбата…

Read More

48-годишниот италијански тренер Симоне Инзаги се договорил со Интер за нов договор, објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс. Според изворот, новиот договор ќе важи до јуни 2026 година. Платата на Инзаги ќе биде 6,5 милиони евра по сезона. Дополнително, договорот вклучува специјален бонус од 2 милиони евра доколку Интер повторно го освои Скудетото под водство на Симоне Инзаги. Симоне Инзаги го презема Интер во јуни 2021 година. Под негово водство, миланскиот клуб го освои италијанското првенство (2023/24), два купа (2021/22, 2022/23) и три италијански суперкупа (2021/22, 2022/23, 2023/24). Во сезоната 2022/23, Инзаги заедно со Интер стигнаа до финалето на Лигата…

Read More

Иако не беше многу убедлив во досегашните настапи и се здоби со скршеница на носот на првиот меч со Австрија, Килијан Мбапе е најбрзиот фудбалер на ЕП 2024, пренесува весникот „Л’Екип“. Новиот напаѓач на Реал Мадрид направи спринт во кој разви импресивни 36,5 км/ч. Набргу по него е шпанскиот репрезентативец Феран Торес, кој трча со 36 км/ч.„Се надевам дека во текот на мечот ќе можам да имам дуел за топката со Мбапе и да го престигнам“, прокоментира Торес, кој е резерва на Шпанците. Третата позиција ја зазема напаѓачот на Словенија, Бенјамин Шешко, кој трча со 35,9 км/ч. Првата петорка ја…

Read More

Познатиот холандски напаѓач, Руд ван Нистелрој е нов помошник тренер на Манчестер Јунајтед, објавија британските медиуми. Ван Нистелрој се враќа на „Олд Трафорд“ во нова улога како дел од стручниот штаб на сонародникот Ерик тен Хаг. Холандскиот стрелец веќе е во Манчестер и ќе биде официјално претставен во наредните денови, објави новинарот Фабрицио Романо. Руд ван Нистелрој имаше понуди од англиските клубови да ја преземе менаџерската функција, но тој повеќе сакаше да се врати на „Олд Трафорд“. Договорот на Ван Нистелрој со манчестер Јунајтед е на две години.

Read More

Белгискиот напаѓач Миши Батшуаји , кој претходно играше за Фенербахче, стана фудбалер на Галатасарај, објави прес-службата на клубот на социјалната мрежа Х. Да напоменеме дека напаѓачот пред да се пресели во Фенербахче успеа да игра и за Бешикташ. 30-годишниот Батшуаји играше за Фенербахче од 2022 година. За тоа време, напаѓачот одигра 75 натпревари за тимот од Истанбул на сите турнири, на кои постигна 44 гола и даде девет асистенции. Белгиецот во текот на кариерата настапуваше и за Стандард, Челзи, Марсеј, Борусија Дортмунд, Кристал Палас и Валенсија. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 8,5 милиони евра. Во сезоната 2023/2024, Галатасарај…

Read More