Author: riste

Напаѓачот на англиската репрезентација, Хари Кејн изјави дека е горд на своите соиграчи по пласманот во полуфиналето на Европското првенство. Англија успеа да ја совлада Швајцарија по подобро изведување на пенали со 5:3. Претходно по 120 минути резултатот беше 1:1. Швајцарија поведе со голот на Емболо во 75. минута, а пет минути подоцна Букајо Сака го израмни резултатот. „Ние сме во полуфинале, така што ни оди прилично добро. Мислам дека го одигравме најдобриот натпревар на овој турнир. Игравме против навистина добар тим. Швајцарија ни правеше проблеми во некои периоди од играта, но ние сме сепак во полуфиналето. На момците треба да…

Read More

Напаѓачот на репрезентацијата на Гана, Ернест Нуама од белгиски Моленбек потпиша четиригодишен договор со Олимпик Лион, а клубот за неговите права ќе плати 28,5 милиони евра. Тој минатата сезона веќе настапуваше за францускиот тим како позајмен играч. Нуама остави впечаток во данскиот Нордсјеланд, каде одигра 49 натпревари помеѓу јануари 2022 и август 2023 година, постигнувајќи 20 гола. Од почетокот на летниот преоден рок, клубот од Лион веќе потроши 158,5 милиони евра, а ги донесе Муса Ниакате од Нотингем Форест, Абнер Винисиус од Бетис Севиља и комплетирајќи ги трансферите на Орел Мангала и Саид Бенрама.

Read More

Баерн Минхен официјално го ангажираше крилото на Кристал Палас, Мајкл Олисе, се пофали германскиот клуб. Младинскиот репрезентативец на Франција стана второто ново засилување на Баварците ова лето, откако гигантот од Минхен ја плати неговата ослободителна клаузула од 60 милиони фунти (53 милиони евра). Тимот на Винсент Компани успеа да ја победи конкуренцијата од англиските Њукасл Јунајтед, Челзи и Манчестер Јунајтед за потписот на крилниот напаѓач. Самиот Олисе потпиша петгодишен договор со клубот од Алијанц Арена. Мајката на Олисе има француско-алжирско потекло, а неговиот татко е Нигериец. Офанзивниот играч за врска е роден во Лондон и дојде преку академиите на Арсенал,…

Read More

Реал Мадрид е блиску до купување на дефанзивецот на Лил, Лени Јоро, пренесува „Мундо Депортиво“. Според изворот, Лил сака да добие 40 милиони евра за трансферот на Јоро. Се очекува дека клубовите сепак ќе можат да се договорат во наредните недели. Претходно имаше информации дека ПСЖ се обидува да го ангажира дефанзивецот, но тој повеќе сака да игра во Реал Мадрид. Да потсетиме дека минатата сезона Јоро учествуваше на 44 натпревари на сите турнири, на кои постигна три гола. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2025 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е…

Read More

Грузискиот претседател Саломе Зурабишвили ги одликуваше репрезентативците, стручниот штаб на тимот и претставниците на фудбалската федерација со Орден на честа за пласман во 1/8-финалето на Европското првенство во 2024 година. Церемонијата на доделување се одржала на бина што била поставена на Плоштадот Слобода. На пат кон плоштадот, репрезентативците се возеа во отворен автобус, поздравувајќи ги илјадниците навивачи. Во групната фаза грузискиот тим го освои третото место (четири бода) во Групата Ф со Португалија (шест бода), Турција (шест бода) и Чешка (еден бод). Грузија во 1/8 финалето загуби од Шпанија со резултат 1:4, а ова беше прв пат во историјата да играат на Европско…

Read More

Откако ноќеска беа одиграни последните натпревари од групата Д на Купот на Америка, поснати сите четвртфинални двојки во ова натпреварување. Ноќеска Бразил одигра нерешено со Колумбија 1:1, додека Костарика го победи Парагвај со 2:1. По овие резултати Колумбија го освои првото место во оваа група, додека Бразил оди понатаму како второпласиран. Врз основа на резултатите од овие средби, одредени се сите четвртфинални парови на Купот на Америка 2024 година, кои изгледаат вака: Аргентина – Еквадор Венецуела – Канада Уругвај – Бразил Колумбија – Панама Во полуфиналето на турнирот меѓусебно ќе се сретнат победниците од првиот и вториот пар од 1/4…

Read More

Селекторот на Турција, Винченцо Монтела беше воодушевен од победата на неговата репрезентација со 2:1 над Австрија во осминафиналето на ЕУРО 2024. Турција сега ќе се соочи со Холандија во битка за пласман во полуфиналето. „Многу, многу важна победа. Тимскиот дух не водеше од првата до последната минута. Тоа за првпат го покажавме на гостувањето кај Хрватска во квалификациите“, изјави Монтела. „Точно е дека нè погоди заморот. Многу сум среќен за играчите. На претходните натпревари имавме некои проблеми околу разбирањето на теренот, но денеска се беше совршено“, продолжи италијанскиот специјалист. „Ова е историски резултат. Го повторивме подвигот од ЕП 2008 кога…

Read More

Репрезентацијата на Турција откако ја елиминираше Австрија во 1/8 финалето на ЕП 2024 со 2:1 во регуларното време се пласираше во четвртвиналето, но интересно е тоа што турската репрезентација за првпат во историјата победи во натпревар од елиминациската фаза во регуларното време. Турскиот тим пред овој натпревар победи во елиминациите против Хрватска во 1/8-финалето на ЕП во 2008 година. Тогаш турскиот тим го совлада противникот со резултат 1:1, (3:1 пенали).Турција во четвртфиналето ќе игра против селекцијата на Холандија.

Read More

Суперкомпјутерот „Опта“ го одреди главниот фаворит на ЕП 2024 по комплетирањето на 1/8 финалето на овој турнир. Опта смета дека главен кандидат за победа на ЕП 2024 е репрезентацијата на Германија (20 %). Во првите три фаворити се најдоа и репрезентациите на Шпанија (19,2%) и Англија (17,5%). Репрезентацијата на Франција е на четвртото место со показател од 15,2%. Најмалку шанси за освојување на титулата и е дадено на турската репрезентација која според овој суперкомпјутер има 3,1% за да го освои ЕП 2024 – помалку од кој било друг.

Read More

Атлетико Мадрид официјално го продолжи договорот со 34-годишниот десен бек Цезар Аспиликуета до 2025 година. Да потсетиме, Аспиликуета дојде во мадридскиот клуб во летото 2023 година, со статус на слободен играч. Во овој период, 34-годишниот фудбалер учествуваше на 34 натпревари од сите натпреварувања, на кои имаше две асистенции. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 2 милиони евра. Пред да дојде на „Ванда Метрополитано“, шпанскиот дефанзивец играше за Челзи (2012-2023).

Read More