Можеме да очекуваме наскоро да биде реализиран трансферот на нашиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски. Според пишувањето на шпанскиот „Мундо Депортиво“, Миовски е пред трансфер во Џиорна. Елитниот шпански медиум пишува дека деветката на Македонија наскоро треба да стане нов член на каталонскиот клуб Џирона, кој во новата сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите. По заминувањето на Артем Довбик, токму Миовски ќе биде фудбалерот кој што ќе ја заземе позицијата центарфор во Џирона, ексклузивно открива „Мундо Депортиво“. Македонскиот играч беше на списокот на желби кај Еспањол и Џенова, сепак се реши за трансфер во клубот кој што лани беше…
Author: riste
Македонската таеквондо натпреварувачка Милјана Рељиќ приреди големо изненадување на своето деби на Летните олимписки игри во Париз. Таа во категоријата до 57 килограми денеска се сретна со една од најдобрите во овој спорт, Џејд Џонс од Велика Британија. Рељиќ одлично се бореше против далеку поискусната противничка. Во првата рунда беше дури и подобриот ривал и со 7:6 и поведе со 1:0. Втората рунда ѝ припадна на Британката, додека третатат беше израмнета, но нашата натпреварувачка имаше повеќе удари и затоа нејзе ѝ припадна победата. Попладнево Рељиќ во четвртфиналето ќе се бори си Летитиа Аун од Либан.
Фудбалската асоцијација на Англија е принудена да го смени судијата кој ќе ја суди саботната пресметка во Комјунити Шилд помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Причината за ова е што Џон Брукс, кој првично беше одреден за главен судија, се здоби со полесна повреда. Така неговото место ќе го заземе Џаред Жилет, кој инаку требаше да биде четврти судија. Саботната пресметка ќе биде прва средба меѓу градските ривали по финалето на ФА Купот минатата сезона, кое Манчестер Јунајтед го доби со 2:1. Овој успех им обезбеди учество на „црвените ѓаволи“ во Лигата на Европа и во голема мера беше пресуден…
Според информацијата која ја објави „Телеграф“, Вест Хем Јунајтед се обидува да ја засили својата десна бековска позиција и размислува да го ангажира англискиот репрезентативец Кирен Трипиер. Лондончани беа заинтересирани и за Арон Ван-Бисака (Манчестер Јунајтед) и Кајл Вокер-Петерс од Саутемптон , но не беше можно да се договорат за нивниот трансфер, иако и двајцата играчи се уште се високо оценети. Вест Хем сега гледа на Трипиер и би можел да се обиде да го ангажира доколку стане достапен. Минатата сезона дефанзивецот одигра 28 натпревари во Премиер лигата и забележа 10 асистенции.
Конор Галагер денес ќе ги помине медицинските прегледи во Атлетико Мадрид по што се очекува да стави потпис на договор со оваа екипа. Фудбалерот од средниот ред на Челзи синоќа пристигна во Мадрид, според инсајдерот Фабрицио Романо. Претходно се дозна дека Атлетико Мадрид ќе го купи Конор Галагер за 42 милиони евра и ќе потпише 5-годишен договор со него.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, даде приоритет на потпишувањето на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и лично ќе ги води преговорите со играчот по неуспехот на спортскиот директор Деко, објави шпанското издание „Sport.es“. Според изворот, Лапорта ќе започне преговори со претставниците на Вилијамс по враќањето од САД, каде што каталонскиот тим беше на претсезонски подготовки. Исто така се истакнува дела претседателот на Барселона веќе се обратил до компанија која ќе им обезбеди 80 милиони евра за да го ангажираат Нико Вилијамс. Претходно беше објавено дека преговорите меѓу Атлетик и Барселона влегле во ќорсокак. Баскискиот клуб е убеден дека Нико Вилијамс ќе одлучи да остане во…
Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед – Лени Јоро е опериран и ќе биде надвор од терените три месеци, соопштија од клубот. 18-годишниот фудбалер ја заработи тешката повреда на контрола со Арсенал минатиот месец. На истиот натпревар одигран во САД, центарфорот Расмус Хејлунд исто така се здоби со повреда на бутот и ќе биде надвор од терените шест недели. Лени Јоро летово беше привлечен во Манчестер Јунајтед од францускиот Лил. Талентот потпиша со „црвените ѓаволи“ договор на 5 години.
Португалскиот играч за врска Ренато Санчес се пресели во Бенфика од Пари Сен Жермен на позајмица, објави прес-службата на тимот од Лисабон на својата официјална веб-страница. Договорот е на една година и вклучува опција за откуп. 26-годишниот Санчес потекнува од школата на Бенфика. Играчот од средниот ред одигра 35 натпревари за главниот тим на клубот, на кои постигна два гола и даде една асистенција. Во летото 2016 година, Ренато беше купен од Баерн за 35 милиони евра Фудбалерот ја помина сезоната 2017/2018 на позајмица во Свонси Сити. Во 2019 година, Португалецот се пресели во француски Лил, каде ги помина следните три години.…
Ривер Плата повторно ќе се обиде да го освои Копа Либертадорес бидејќи „тоа е сон на сите“, изјави во понеделникот тренерот Марсело Гаљардо по враќањето во јужноамериканскиот гигант. Ова е втор период на Гаљардо во тимот на Ривер Плата, а неговиот прв престој беше од 2014 до 2022 година, или осум и пол години. Во овој период, тој освои 14 титули, вклучувајќи го и Копа Либертадорес двапати – во 2015 и 2018 година. „Главната цел што си ја поставив е да се борам за се што е пред нас и пред се да се фокусираме на најпрестижниот турнир, Копа Либертадорес“,…
Шестмина од главните играчи на Ливерпул почнаа да тренираат со „црвените“. Тие се вратија во клубот по продолжениот одмор кој го добија поради учеството на Копа Америка и Евро 2024 година. Трент Александар-Арнолд, Дарвин Нунес, Коди Гакпо, Вирџил ван Дајк, Луис Дијаз и Џо Гомез ја пропуштија турнејата на тимот низ САД, но сега се вратија во тренинг базата на Ливерпул и веќе тренираат. Во исто време, основната група на тимот, исто така, се врати во Англија по прекуокеанскиот камп. За тимот на Арне Слот претстојат уште две контроли пред почетокот на сезоната во Премиер лигата. „Црвените“ ќе се соочат…
