Author: riste

Барселона има потешкотии за регистрирање на Дани Олмо, објави „Кадена СЕР“ синоќа. Пријавувањето на играчот од средниот ред за новата сезона се уште останува под знак прашање. Шпанскиот репрезентативец се приклучи на Барселона од РБ Лајпциг за 55 милиони евра, со дополнителни 7 милиони евра кои треба да се платат во зависност од перформансите на 26-годишниот напаѓач. Раководството на каталонскиот клуб склучи договор со американската компанија Арамарк од која ќе добие 40 милиони евра како дел од соработката во угостителската област. Се очекува Барселона многу брзо да продаде некој од Рафиња, Роналд Араухо или Френки де Јонг за да го…

Read More

Синоќа на натпреварот за Купот Жоан Гампер, Барселона играше со Монако на стадионот „Олимпик Луис Компани“ во Барселона. Натпреварот заврши со победа на Монако со резултат 3:0. Фудбалерите на Барселона, Роберт Левандовски и Илкај Гундоган се здобија со повреди за време на натпреварот, пренесува „Диарио спорт“. Полскиот интернационалец во првото полувреме падна на неговата рака. Тој го продолжи натпреварот, но беше заменет во вториот дел. Германскиот играч за врска влезе на теренот по паузата и во 64. минута додека се бореше за топката падна на тревникот и беше удрен со колено од противнички играч во главата. Фудбалерот се здобил со расекотина. Поради тоа…

Read More

Престон го отпушти својот менаџер Рајан Лоу по првото коло од сезоната 2024/25 Чемпионшип. Оваа екипа загуби со 2:0 од Шефилд Јунајтед во натпревар на домашен терен во кој беа целосно надиграни. Престон минатата сезона ја заврши со пет последователни порази во кои не успеа да постигне гол и на крајот заврши на десеттото место на табелата. Рајан Лоу (45 години), беше на работ да биде отпуштен на крајот на 2023 година по уште една серија на лоши резултати. Тогаш клупското раководство му изрази доверба на тренерот и во периодот јануари-март забележано е значително подобрување на перформансите на тимот. Рајан…

Read More

Новото засилување на Реал Мадрид, Килијан Мбапе би можел да дебитира за европскиот шампион веќе во среда во финалето на Суперкупот на Европа. Капитенот на француската репрезентација се најде во групата за натпреварот против италијанска Аталанта, која ја избра селекторот Карло Анчелоти. Нејасно е дали Мбапе ќе биде како стартер на Реал Мадрид. Тој веднаш по Европското првенство се пресели во Реал Мадрид, но досега нема настап на ниту еден претсезонски тест натпревар на тимот. Мбапе дури на 7 август започна интензивно да тренира со шпанскиот гигант. Повеќе е веројатно дека напаѓачот ќе остане резерва и ќе влезе на теренот…

Read More

Атлетико Мадрид го комплетираше големиот трансфер за потпишување со 24-годишниот аргентински напаѓач Хулијан Алварез, објави новинарот Фабрицио Романо. Трансферот на Алварез во Мадрид ќе достигне потенцијална вредност од 95 милиони евра (75 милиони фиксни плус 20 во вид на бонуси), а се знаеше дека ќе се оствари во моментот кога Манчестер Сити ја прифати понудата. На крајот на играчот му остана само да ги помине лекарските прегледи кои се направени предпладнево. Тој стави потпис на верност кон Атлетико Мадрид.  Интересно е тоа што Алварез се одлучи сам да побара трансфер бидејќи бараше да игра во клуб каде што ќе биде прва опција во нападот, а тоа во…

Read More

Во натпреварот за Суперкупот на Европа ќе се сретнат Реал Мадрид и Аталанта. Реал Мадрид како освојувач на Лигата на шампионите, додека Аталанта како победник во Лига Европа на УЕФА. Интересно е тоа што клубот од Мадрид ги доби сите 14 финалиња на меѓународни турнири против нешпански клубови во 21 век. Букмејкерите секако му даваат поголеми шанси за победа на Реал Мадрид, а  коефициент за победа на Реал Мадрид е 1,60 . Са попбеда на Аталанта коефициентот е 5.75, додека за нерешено 4.00. Реал Мадрид и Аталанта играа меѓусебни натпревари во Лигата на шампионите во сезоната 2020/21 и тоа во…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор летово доби многу профитабилна понуда од Саудиска Арабија. На тој начин, од Саудиска Арабија сакаа да го направат Винисиус главното фудбалско лице на земјата во пресрет на Светското првенство во 2034 година, пишува „Атлетик“. Според изворот, Винисиус брзо ја одбил понудата од Саудиска Арабија бидејќи е среќен во Мадрид. Сепак, се очекува дека ова не беше последен обид на арапските клубови да ја ангажираат бразилската ѕвезда од Реал Мадрид. Во исто време, нивниот главен аргумент во преговорите со Винисиус е профитабилната финансиска понуда. Да потсетиме дека минатата сезона Реал го освои шпанското првенство, шпанскиот…

Read More

Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентативец Бојан Миовски очигледно го прави трансферот на кариерата и ќе игра во најдобрата шпанска лига. Денес на последниот меч за Абердин тој се прости од навивачите и заминува во Џирона. По заминувањето на Артем Довбик, токму Миовски ќе биде фудбалерот кој што ќе ја заземе позицијата центарфор во Џирона. Македонскиот играч, за кого имаше интерес и од Еспањол и Џенова, се реши за трансфер во клубот кој минатата година беше вистински хит во Шпанија и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Двете страни веќе постигнаа договор и Миовски поради условите и амбициите воопшто не размислував да се приклучи на новиот проект на Џирона, предводен од Мичел. Миовски…

Read More

Евертон најверојатно ќе ја започне новата сезона со негативено бодовно салдо, тврдат голем број медиуми на Островот. Премиер лигата тврди дека Евертон го прекршил правилото за финансиски фер-плеј за сезоната 2022/23 за 6,5 милиони фунти, што може да доведе до одземање на 3 поени на стартот на сезоната. Евертон веќе отслужи една казна за прекршување на финансискиот фер-плеј, а на тимот му беа одземени осум бода минатата сезона, во која оваа екипа заврши на 15. место со 40 бодови. Сепак, Премиер лигата тврди дека прекршувањето на финансискиот фер-плеј за сезоната 2022/23 сега е поголемо од 6,5 милиони фунти, бидејќи оваа…

Read More

Наполи, Монца и Фиорентина покажуваат интерес за 34-годишниот голман на Јувентус, Војчех Шчесни, објавика дел медиумите во Полска повикувајќо се на италијанските портали. Според изворот, италијанскиот гигант Јувентус сака да го продаде полскиот голман, бидејќи, новиот тренер на тимот Тиаго Мота не смета на него, а второ, има исклучително висока плата. Старата дама ја разгледува опцијата за раскин на договорот со Шчесни, кој завршува летото 2025 година. Сепак, во овој случај Јувентус сепак ќе мора да му плати обештетување на голманот. Полскиот голман за италијанскиот гигант настапува од 2017 година. Во овој период учествуваше на 252 натпревари на сите турнири, од…

Read More