Низ улиците во Париз денес се одржа и женската трка на 20 километри во брзо одење, а златниот медал ѝ припадна на Јанг Џиају од Кина.
Кинеската атлетичарка уште од стартот ја поведе трката, се одлепи од конкуренцијата и водеше до самиот крај. Долго време од трката таа имаше предност повеќе од половина минута, за на крајот да заврши со предност од 25 секунди. Џиају не беше загрозена во ниту еден момент од трката и доминантно дојде со злато со време 1:25,54.
На второто место се пласира шпанската претставничка Мариа Перез со задоцнување од 25 секунди. Шест секунди зад сребрената Перез финишира Јемина Монтаг од Австралија која се закити со бронзен медал.

