Author: riste

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема стана четвртиот најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, објави „Дијарио АС“. Да потсетиме, во натпреварот од второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите (1:2) Бензема реализираше пенал и го постигна единствениот гол за Реал Мадрид. Бензема сега го надмина Раул по бројот на голови во Лигата на шампионите, Бензема сега има 72, а Раул постигна 71 гол. Најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо (136). На второто место е напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси (121), а најдобрата тројка ја затвора напаѓачот на…

Read More

Главниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино ја коментираше победата на тимот во натпреварот од второто коло во групната фаза од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. „Тимот одигра добро. Поминавме низ голем број тешки моменти и моравме да се браниме пред нашиот гол, бидејќи Манчестер Сити исто така беше многу добар. Но, прикажавме и одличен фудбал, нападнавме кога беше потребно. Тимот се гради со тек на време, чекор по чекор. Ваквите натпревари помагаат во тоа. Моите играчи имаа брилијантен натпревар и треба да им честитам за ова“, изјави Покетино за официјалната веб-страница на УЕФА. ПСЖ има четири бода од два…

Read More

34-годишната суперѕвезда на францускиот ПСЖ, Лионел Меси, кој постигна гол на натпреварот од второто коло од групната фаза во Лига на шампиони на УЕФА, со англискиот Манчестер Сити (2:0), го запиша неговото име во историјата на ова натпреварување. Според прес -службата на УЕФА, Меси е вториот играч во историјата кој постигнал гол во 17 последователни сезони во Лигата на шампионите на УЕФА. Првиот што го постигна ова достигнување беше напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Да потсетиме, на натпреварот против Манчестер Сити, Меси го постигна својот дебитантски гол во дресот на ПСЖ. Изминатото лето, Аргентинецот ја смени средината, се пресели…

Read More

Играчот за врска на Челзи, Н’Голо Канте ќе ги пропушти следните два натпревари на тимот против Јувентус во Лигата на шампионите и Саутемптон во Премиер лигата, пренесуваат медиумите во Англија. Французинот се уште не се чувствува добро поради болест, па не може да работи со полна сила. Челзи утре гостува кај Јувентус во натпревар од Лигата на шампионите од 21 часот. Оваа сезона во Премиер лигата Н’Голо Канте одигра 4 натпревари и постигна 1 гол, но има проблеми со повредите и не му беше на располагање на Томас Тухел за некои од натпреварите на лондончани.

Read More

Компанијата од Дубаи, чие име не е објавено, е подготвена да го откупи долгот на каталонскиот гигант Барселона во износ од 1,5 милијарди евра, информира „Sport.es“. Според истиот извор, компанијата со седиште во Дубаи е подготвена да и понуди на Барселона мораториум најмалку две години. Така, долгот на фудбалскиот клуб сега ќе го платат бизнисмени од Дубаи, а Барселона ќе остане должна на оваа компанија, но во исто време ќе добие одложено плаќање. Оваа опција ќе му овозможи на клубот да се врати на нормалното работење и да се фокусира на спортските цели. Оваа понуда е многу корисна за Барселона,…

Read More

Ракометарите на Вардар утре, среда од 18.45 го пречекуваат тимот на Алборг во рамките на 3.коло од ЕХФ Лигата на шампиони. По нерешениот резултат со Елверум и триумфот над Мешков Брест, вардарци ќе се обидат да ја продолжат серијата на добри резултати против Алборг. Тренерот Веселин Вујовиќ смета дека со помош на публиката, секоја екипа може да биде совладана во Скопје. „Јас морам да кажам дека ние сите во клубот сме оптимисти. За кратко време одигравме шест натпревар и тоа во само две недели. Во домашно првенство не можеме да сметаме на сите играчи и не можеме да држиме ритам.…

Read More

Атлетико Мадрид ќе се соочи со Милан во вторник навечер во вториот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, а тренерот на тимот Диего Симеоне доби добра вест пред натпреварот. Двата тима не се снајдоа добро во првите натпревари, откако Атлетико Мадрид одигра нерешено со Порто, а италијанскиот тим загуби на гостувањето кај Ливерпул. Тренерот на Атлетико Мадрид ќе може да смета на Том Лемар, кој ги пропушти последните три средб, Жоао Феликс ќе се врати во групата по одработениот црвени картон, а Коке веќе се опорави од повредата на мускулот. Ова значи дека Симеоне ќе биде со погоплем…

Read More

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини го сподели своето мислење за ПСЖ. Пред стартот на оваа сезона, на ПСЖ му се приклучија Џанлуиџи Донарума, дефанзивците Серхио Рамос и Ашраф Хакими, играчот од средниот ред Жоржињо Вајналдум и напаѓачот Лионел Меси. Киелини призна дека парискиот клуб може да биде многу застрашувачки на теренот. „ПСЖ наликува на тим од игра на Плејстејшн. Непобедлив тим. Ако можат да ја создадат потребната хемија, на и надвор од теренот, доколку ги стават интересите на тимот над личните, невозможно е да се победат“, изјави Киелини за „Л’Екип“. ПСЖ ја започна новата сезона со осум последователни победи во…

Read More

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње ја коментираше победата на својот тим во натпреварот од 6.коло на Серија А против Каљари. Средбата заврши со резултат 2:0. Наполи има шест победи во серија од почетокот на сезоната и се лидери на табелата во Серија А. „Ја започнавме сезоната добро, но не можете да се оддалечите од реалноста и да бидете во облаци. Пред нас е многу долг пат. Тренерот сака да уживаме во нашата работа. Како капитен, сакам да кажам дека треба да останеме на земја, да застанеме на нозе. Минатата сезона ни недостигаше еден бод за да ја завршиме сезоната со…

Read More

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе го пропушти натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, пренесува „Газета дело Спорт“. Да потсетиме, Ибрахимовиќ се врати на теренот по повредата на коленото на натпреварот со Лацио во Серија А (2:0), што се одигра на 12 септември. Шведскиот фудбалер постигна гол на оваа средба. Подоцна, Ибрахимовиќ имаше нов проблем. Во моментов, напаѓачот се опоравува и тренира одделно од главната група на фудбалери на Милан. Се очекува Ибрахимовиќ да не може да учествува на натпреварот против Атлетико и да се врати во составот по паузата за репрезентативни натпревари. Натпреварот од…

Read More