Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку е избран за најдобар белгиски фудбалер кој игра во странство. Ова го објави тој на својот профил на „Твитер“. „Сакам да му благодарам на Бога што ме стави во ваква позиција. Благодарност до моите соиграчи во Интер и репрезентацијата на Белгија. Момци, вие секогаш ми помагате! Благодарност до тренерите на двата тима што ме направија подобар“, напиша Ромелу Лукаку. На гласањето Лукаку ги победи играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин и голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа . Вчера, Интер ја совлада Фиорентина во продолжението и се пласираше во четвртфиналето на Купот…
Author: riste
Прес-службата на француски тим Лориент објави дека има многу позитивни на коронавирус во тимот. „По извршените тестови утрово, стана познато дека уште четворица играчи на Лориент беа заразени со КОВИД-19. 11 играчи на тимот се во карантин“, – се вели во информацијата објавена на веб-страница на клубот. Пред една недела, во натпреварот од 18-то коло во француската Лига 1, Лориен беше домаќин на Монако. Средбата заврши со победа на гостите со резултат 5:2, веднаш потоа гостуваа кај Бордо и загубија со 2:1 на 9.јануари. Сега останува да видиме која ќе биде реакцијата на Лига 1, односно дали ќе го одложи…
Во натпреварот од Купот на Германија, Баерн одигра натпревар со Холштајн Кил. Екипата на Холштајн Кил се радуваше на сензационална победа по подобро изведување на пенали откако израмни на 2:2 во 95-та минута од натпреварот. Овој натпревар ќе биде во сеќавање на голманот на Баерн, Мануел Нојер не само по елиминацијата туку и по тоа што го одигра својот 410-ти официјален натпревар за клубот од Минхен. Така, според овој индикатор, Нојер се израмни со поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус. Поранешниот голман Сеп Мејер го држи рекордот по бројот на настапи за Баерн, тој учествувал на 700 натпревари. Напаѓачот…
Французинот Антоан Гризман навистина не може да се пофали со реализација на ударите од белата точка. Гризман беше еден од изведувачите на пенали во првото полуфинале од Суперкупот на Шпанија. Гризман можеше да стави крај на сите дилеми, но не можеше да го издржи притисокот и ја испрати топката над голот. Пред тоа, двата тима одиграа 1:1 во регуларното време и по продолженијата, но по изведувањето на пенали, Барселона победи и се пласираше во финалето. Сепак ова беше петти пат по ред Гризман да не погоди удар од белата точка. Претходно имаше три промашувања со репрезентацијата на Франција и еднаш…
Играчот од средниот ред на ПСВ, Марко ван Гинкел, за прв пат по подолго време учествуваше во официјален натпревар. 28-годишниот холандски играч за врска, кој не играше од мај 2018 година, влезе како замена на крајот од натпреварот од 16 коло на Ередивизие со АЗ Алкмар (1:3). Марко ван Гинкел се опоравуваше од повредата на коленото повеќе од година и пол. Правата на фудбалерот сè уште му припаѓаат на Челзи. Марко ван Гинкел се пресели во Челзи летото 2013 година од Витезе за 9,4 милиони евра. За тоа време, 28-годишниот Холанѓанец одигра само два натпревари во Премиерлигата. Додека беше на…
Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Турција со 1:3, по сетови (16:25, 25:18,18:25,12:25) во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство и сега ќе мора да ја бара шансата за настап на ЕП како второпласирана во нашата група. Откако победија против Босна и Херцеговина, нашите одбојкари не успеаа да направат изненадување против фаворитот Турција и со тоа се ставија во ситуација да барата задолжителна победа на следниот натпревар со БиХ. Турција одлично го отвори првиот сет, направија убедлиива предност која Македонија константно ја бркаше, но не успеа да ја достигне и загуби со 16:25. Во вториот сет, нашиот национален тим…
РК Еурофарм Пелистер официјално го претстави првото засилување во 2021 година. Нов член на овој клуб е репрезентативецот на Египет, Карим Хандави. Најдобриот египетски голман доаѓа во Битола како големо засилување за голманската позиција. Хандави потпиша договор и официјално ќе биде претставен штом ќе му завршат репрезентативните обрвски на Светското првенство. Хандави има 32 години, долго време е најдобар египетски голман и стандарден репрезентативец, а има и акумулирано искуство од настапи во Европа. По искуството во Замалек, во шампионатот на Египет, Хандави мина две сезони во првакот на Турција, Бешикташ, а последен клуб за кој настапуваше е романската екипа Доброгеа…
Напаѓачот на Олимпик Лион, Муса Дембеле се сели во Атлетико Мадрид, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на својата страница на Твитер. Францускиот напаѓач веќе ги помина медицинскиот преглед. Документите за трансфер се потпишани и се очекува официјално соопштение за трансферот. Беше објавено дека францускиот напаѓач ќе биде дојде на местото на Диего Коста. Дембеле ќе дојде во таборот на Атлетико Мадрид на позајмица со опција за купување. Откупот ќе изнесува 33 милиони евра. Дембеле ги бранеше боите на Лион од 2018 година, а пред тоа играше за Селтик и Фулам. Оваа сезона, тој постигна 1 гол на 16 натпревари од…
Организаторите на одложената Олимпијада во Токио мора да одлучат во февруари или март дали ризикот од коронавирусое е доволно мал за да им се овозможи на гледачите да присуствуваат на натпреварите во јули, изјави раководителот на организацискиот комитет Јоширо Мори. Јапонската влада и Меѓународниот олимписки комитет во март минатата година одлучија да ги одложат Олимписките игри за јули 2021 година, поради глобалната пандемија. Досега не е донесена одлука дали ќе се пуштаат гледачи во објектите за време на игрите. Сопствениците на билетите кои не сакаат да присуствуваат веќе аплицирале за враќање на средствата. „Мислам дека ќе треба да донесеме многу…
Календарот во Формула 1 веќе почнува да се менува, а сезоната 2021 сè уште не е започната. Ова стана потребно откако две од првите три трки најверојатно ќе бидат одложени или откажани поради пандемијата Ковид-19. Така, некои од патеките што служеа како резерви во 2020 година ќе имаат шанса повторно да бидат домаќини на натпревари во новата година. Според прелиминарниот календар објавен во ноември, првото натпреварување требаше да се одржи на 21 март во Австралија, а оној во Бахреин – само една недела подоцна. По нив следува Кина на 11 април и сè уште неодреден домаќин на 25 април, каде…
