Author: riste

Машката ракометна репрезентација на Македонија забележа победа и на вториот контролен натпревар против Чиле откако денеска го совлада ривалот со 28:24. И денеска Македонија одигра натпревар без капитенот Кире Лазаров, кој не беше во составот, но успеаја да одиграат добро и да дојдат до уште една победа. Само во првите 15 минути од натпреварот се играше изедначено, а потоа Македонија направи предност која ја задржа до крајот на првиот дел и на одмор замина со водство од 16:12. Во вториот дел нашите репрезентативци одиграа исто така добро иако Чиле се закани на момент кога дојде на само еден гол разлика. Малку…

Read More

Швајцарката Лара Гут Бехрами победи на денешната супервелеслаломска трка која се одржуваше во австрискиот скијачки центар Сент Антон. 29-годишната швајцарска скијачка успеа да ја помине патеката за 1.17,82 што беше за 16 стотинки побрзо време од второпласираната Марта Басино од Италија. На подиумот имаше место и за уште една Швајцарка, Корин Сутер. Со денешната победа Лара Гут Бехрами успеа да ја презеде лидерската позиција во конкуренција на супервелеслалом. Што се однесува до генералниот пласман во Светскиот куп Петра Влхова е лидер пред Мишел Гисин.

Read More

Марко Шварц од Австрија успеа зад себе да ги остави сите фаворити и да победи на слаломот одржан во Аделбоден (Швајцарија). За 25-годишниот Шварц ова е прва победа во Светскиот Куп, кога е во прашање настапот во слаолом. Претходно во кариерата има два триумфа во Осло и еден во Венген, но во комбинација. Второто место денес во Аделбоден му пропадна на Линус Штрасер од Германија кој заостана за 14 стотинки, а третопласиран беше Дејв Рајдинг од Велика Британија со заостанување од 15 стотинки.

Read More

Фудбалскиот клуб Работнички го засили тимот со пет нови фудбалери во пресрет на стартот на зимските подготовки. Марио Станковски и Андреј Лазаров повторно се вратија во Работнички од Борец, односно Тиквеш, а нови играчи на Работнички се и Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа кои исто така доаѓаат од Борец од Велес, додека Андреј Кировски од Силекс се сели кај „романтичарите“. Мустафа треба да ја засили конкуренцијата на голманската позиција, додека Андреј Лазаров и Марјан Ристовски ќе бидат засиување за средниот ред, Андреј Кировски е дефанзивец, додека Марио Станковски ќе биде опција за нападот на тимот кој ќе биде предводен од…

Read More

Милан продолжува да преговара за нов договор со играчот од средниот ред Хакан Чалханоглу. Тековниот договор на играчот истекува на крајот на летото оваа година. Според „Скај Спорт Италија“, „росонерите“ на 26-годишниот турски фудбалер му нудат договор, според кој ќе добива 3,5 милиони евра годишно. Од друга страна Хакан не е задоволен од ова, тој сака да заработуваи двојно повеќе – 7 милиони евра. Следната недела агентот на играчот за врска ќе пристигне во Италија на дополнителни преговори. Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид и Јувентус се заинтересирани за услугите на Чалханоглу. Играчот го носи дресот на Милан…

Read More

Ракометарите на Вардар својот прв натпревар од вториот дел од сезоната сепак ќе го одигра некој ден порано од планираното. И покрај тоа што беше планирано првата средба да ја имаат на 1.февруари, сепак сега Вардар својот прв напревар ќе го игра на 28.јануари на домашен терен против Војводина во рамките на СЕХА лигата. Според планот Вардар со подготовки за вториот дел од сезоната треба да започне 11 јануари, но во некомплетен состав. Вардар во период од 1 месец ќе треба да одигра 10 натпревари, 3 во СЕХА лигата и 7 во Лигата на шампионите. Ќе почнат со Војводина, ќе…

Read More

Францускиот ПСЖ ќе го стави на трансфер листа играчот од средниот ред Јулијан Дракслер, објавија медиумите во Париз. Германецот сè уште не сака да го напушти клубот и покрај тоа што му остануваат само шест месеци од договорот. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и новиот тренер Маурисио Покетино ќе се состанат следната недела за да разговараат за ситуацијата на Дракслер. Беше објавено дека ПСЖ се соочува со финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирусот и бара извори на дополнителни приходи пред претстојните преговори за продолжување на договорот со суперѕвездата Килијан Мбапе. Во оваа ситуација, клубот има намера да се ослободи од…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде меѓу првите кои ќе има можност да го почувствува новиот стадион на Стеауа Букурешт, каде што ќе се подготвува за натпреварите од ЕП 2021 година. Се работи за супермодерен стадион кој што е во завршна фаза со својата изградба и треба да биде пуштен во употреба во текот на месец април. Иако нема потврда од ФФМ за оваа вест, сепак информацијата ја открил романската легенда Георге Попеску, кој воедно е координатор на ЕВРО 2021, а тој изјавил дека веќе бил потпишан договор со министерството за спорт и млади на Романија за да се тренира на…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик зборуваше за плановите на клубот за јануарскиот преоден рок. „Сегашната финансиска состојба влијае на сите клубови во светот. Ова е тешка состојба со пандемијата на коронавирусот. Во моментов не сакам да барам нови фудбалери од раководството. Ја познавам ситуацијата во Баерн и разбирам дека сега на сите им е многу тешко. Играчите што ги имаме на располагање сега ќе бидат играчи на Баерн за остатокот од сезоната. Секако дека постои можност 1-2 играчи да го напуштат клубот. Во моментов имаме многу добар ростер и мислам дека не се загрозени нашите цели за сезоната. Челниците…

Read More

Новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино ја постави главната трансфер цел на клубот следното лето. Аргентинскиот тренер, кој го замени германецот Томас Тухел, кој беше ослободен на крајот на декември, сака да го види својот сонародник Серхио Агуеро во својот тим. Напаѓачот е еден од лидерите на англискиот Манчестер Сити, а Покетино добро ги знае неговите квалитети. Сепак, неговиот договор со „граѓаните“ истекува на лето и тој може да заврши на „Паркот на принцовите“ како слободен играч. Информацијата за најавениот трансфер ја пренесе фудбалскиот агент Бруно Сатин во изјава за „Канал +“. Вчера стана јасно дека Покетино сака во ПСЖ…

Read More