Author: riste

Напаѓачот на Ливерпул и репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах, зборуваше за својата иднина. „Сакам да останам во Ливерпул што е можно подолго, но сè е во рацете на клубот. Јас секогаш давам 100% кога играм за Ливерпул и сакам да освојам што е можно повеќе трофеи со овој клуб. Сакам да им вратам на истите луѓе кои покажуваат љубов кон мене“ изјави Мохамед Салах за „Ливерпул Ехо“. Напаѓачот игра за Ливерпул од 2017 година. Оваа сезона, Мохамед Салах забележа 17 настапи за Ливерпул во англиската Премиер лига, постигна 13 гола и 3 асистенции. Актуелниот договор на играчот со Ливерпул е…

Read More

Шпанскиот гигант Реал Мадрид не само што не се откажа од идејата да го привлече австрискиот дефанзивец на Баерн (Монхен) Давид Алаба, туку дури има и прелиминарен договор со него, тврди весникот „Марка“. Според изданието, централниот дефанзивец, кој е роден на 24 јуни 1992 година, ќе се приклучи на Реал Мадрид ова лето, кога истекува неговиот договор со Баварците. Алаба се согласи на 4-годишен договор, а неговата плата треба да биде 11 милиони евра по сезона. Тој е слободен да преговара со други клубови од 1 јануари, што го принуди Реал Мадрид да побрза да обезбеди согласност од еден од…

Read More

Во Реал Мадрид се појавија сомнежи околу потенцијалниот трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Како што објавија некои медиуми, раководството на Кралскиот клуб верува дека Парижаните ќе побараат 150 милиони евра за 22-годишниот француски фудбалер. Во сегашните услови, од Реал Мадрид не се подготвени да платат толкава сума. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид развива стратегија за привлекување на Мбапе, која вклучува продажба на неколку играчи одеднаш. Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ трае до летото 2022 година. Мбапе ги брани боите на ПСЖ од 2017 година, а пред тоа играше за Монако. Оваа сезона напаѓачот учествуваше на 16…

Read More

Италијанскиот тим Торино официјално го отпушти тренерот Марко Џампаоло по лошиот настап на тимот од почетокот на сезоната. Торино во моментов е на претпоследното 19-то место на табелата во Серија А, со само 2 победи. Причината која ја прели чашата на трпеливост на управата на Торино  е нерешениот резултат 0:0 против Специја.Торино играше со човек повеќе  во поголемиот дел од натпреварот, но не успеа да ја надмудри одбраната на Специја. „Торино го најавува ослободувањето на тренерот Марко Џампаоло и му се заблагодарува на него и на неговиот персонал за професионалноста и посветеноста за време на нивната работа“, се вели во…

Read More

Директорот на Милан, Паоло Малдини изјави дека клубот смета на напаѓачот Марио Манџукиќ . „Ние добро го познаваме Манџукиќ, разговаравме со него. Ние не се консултираме со нашите играчи, клубот одлучува за сè. Имаме директен контакт со тренерот. Во фудбалот, само да се биде добар човек не е доволно. Ние исто така ги привлекуваме оние кои се различни од другите. Не зборувам за Марио сега, но општо“, изјави Малдини за „Фудбал Италија“. Италијанските медиуми објавија дека вчера (18 јануари) Манџукиќ го завршил медицинскиот преглед во Милано. Во блиска иднина треба да следи официјалното соопштение за потпишување на договорот со Хрватот,…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов и официјално кариерата ќе ја продолжи во Италија, каде во наредниот период ќе настапува за екипата на Лече. 26-годишниот играч за врска, кој веќе неколку години, најнапред во младата, а сега и сениорската репрезентација е стандарден репрезентативец утрово пристигна во Лече и по успешно завршените лекарски прегледи стави потпис на договор со амбициозниот италијански второлигаш. Македонскиот репрезентативец во Лече доаѓа од редовите на унгарски МОЛ Види, а претходно настапуваше и за екипите на Виторул Констанца во Романија и Вардар. Николов очекува да добие добра минутажа во редовите на Лече со што ќе ја одржува формата за Европското првенство.…

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Полска, Јержи Брзечек поднесе оставка. Веста ја објави Полската фудбалска федерација. Полска е меѓу учесниците на Евро 2020. Претседателот на Полската фудбалска федерација Збигњев Боњек ја презеде одговорноста за одлуката да се раздели со 49-годишниот тренер, кој ја водеше репрезентацијата на Полска од јули 2018 година. „Го поканив Јержи Брзечек дома, пиевме кафе и му ја соопштивме веста. Ова е тажен ден за мене, но јас ја преземам одговорноста за оваа одлука. Размислував за тоа и морам да направам нешто што е добро за тимот”, изјави Боњек.

Read More

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, кариерата ќе ја продолжи во Олимпик Марсеј, објави на својата страница на „Твитер“ новинарот Николо Шира . Според изворот, 26-годишниот напаѓач ќе го продолжи договорот со Наполи  до 2022 година, а потоа ќе замине во Марсеј со позајмица. Договорот за позајмица на Милик предвидува опција за задолжителен откуп за 8 милиони евра. Други 5 милиони евра може да се исплатат на Наполи како бонуси. Милик ќе потпише договор со францускиот клуб до 2025 година. Платата на Милик во Марсеј ќе изнесува 4,5 милиони евра годишно. Полскиот напаѓач се пресели во Наполи летото 2016 година од…

Read More

Македонија го совлада Чиле со 32:29 во директниот дуел за пласман во втората рунда од СП во Египет. Оваа победа значи дека македонските репрезентативци ќе го продолжат настапот на СП во следната фаза, каде ќе разигруваат со најдобрите три селекции од групата Х. Чиле добро го започна натпреварот и постојано беше во водство, но Македонија успеа да се врати во ритам и да дојде до предност која се менуваше до крајот на првиот дел каде Чиле замина на одмор со предност од 17:16. Многу подобра игра на Макеоднија во вторто полувреме, пред се во одбраната и тоа резултираше со добро…

Read More

Одбојкаската репрезентација на Македнија ќе игра на ЕП 2021 година откако како второпласирана од групата Ц ќе се најде на завршницата на ЕП. Во решавачкот напревар одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ нашите одбојкари ја совладаа Турција со 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18) и со тоа обезбедија место на Европското првенство. Македонија одлично го зпаочна натпреварот и дојде до предност од 1:0 по првиот сет со 25:19. Во вториот сет Турција успеа да го освои сетот кој им гарантираше прво место во групата, додека во третиот и шетвртиот се одлична игра на Макеоднија која со 25:23 и 25:18 успеа да…

Read More