Напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза се повреди на вчерашниот натпревар во Суперкупот на Италија против Наполи. 23-годишниот играч беше вклучен во почетниот состав на „бјанконерите“, но беше заменет за време на паузата, кога резултатот беше 0:0. Наместонего во игра влезе Федерико Бернардески. Во втората половина на средбата, неговиот тим дојде до победа со головите на Кристијано Роналдо и Алваро Мората. Според „Фудбал Италија“, на Киеза му била дијагностицирана повреда на скочниот зглоб. Ова е втора ваква повреда на играчот овој месец. Минатиот пат пропушти една недела, но сега не е позната сериозноста на повредата и колку време ќе мора да…
Author: riste
Додека Реал Мадрид размислува како да излезе од шокот по неочекуваниот пораз од Алкојано во Купот на кралот во Шпанија, чуварот на голот на третолигашот Хозе Хуан Фигуерас има сосема други грижи во главата. Синоќа тој со своите одбрани го елиминираше Реал Мадрид, ветеранот направи 10 одбрани по ударите на суперsвездите на Реал Мадеид и му помогна на својот тим да дојде до победа од 2:1. Сепак, тој немаше време за прослава затоа што утрово мораше да ја отвори својата пекара во градот. Токму од тоа живее Фигуерас, а фудбалот е негово хоби. За неколку дена, голманот ќе наполни 42…
Резултатите на Челзи мора веднаш да се подобрат доколку Френк Лампард сака да ја задржи работата како менаџер на лондончани. Според медиумите на Островот, следните три натпревари на „сините“ ќе бидат решавачки за иднината на младиот тренер. Доколку резултатите и перформансите во нив не бидат задоволителни, тој може да добие отказ пред дербито со Тотенхем, кое треба да се одигра на 4 февруари. Трите меча за кои станува збор се против Лутон во четвртото коло од ФА купот, Вулверхемптон и Барнли. Челзи е домаќин на сите три натпревари, па сопственикот на клубот Роман Абрамович сака да забележи победи и убедлива…
Се поизвесно е дека десното крило на Вардар Иван Чупиќ, најверојатно, по пет сезони ќе го напушти Вардар и ќе се врати во Хрватска. Дел од медиумите во оваа земја ја објавија веста дека Чупиќ веќе потпишал договор на три години. Тоа значи дека за Вардар сега приоритет ќе биде ангажман на нов играч на таа позиција, а хрватскиот веп портал „Индекс“ тврди дека тоа би можело да биде Јосип Божиќ Павлетиќ кој во моментов настапува за ППД Загреб. Се работи за хрватски репрезентативец, кој минатата година играше на ЕП 2020 година, но во ППД Загреб немаше голема минутажа затоа…
Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски му помогна на тимот да го совлада Аугсбург во германската Бундеслига. Полскиот фудбалер реализираше пенал во 13. минута. Нешто подоцна, тимот од Минхен можеше да ја загуби предноста, но противникот не го реализираше неговиот удар од белата точка. Како што беше објавено уште во текот на натпреварот, Левандовски го постави рекордот за најмногу голови во првиот дел од сезоната во германскиот шампионат. Голот против Аугсбург беше 22-ри за него оваа сезона во Бундеслигата. Претходен рекордер беше Герд Милер (дваесет), неколку играчи успеаја да постигнат 19 гола за половина сезона. Покрај Милер, кој тоа го стори…
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер сега може да се пофали со уште едно значајно достигнување. На натпреварот против Аугсбург (1:0), тој го израмни рекордот на Оливер Кан за најмногу „суви мрежи“ во Бундеслигата. Двајцата не примија гол на 196 натпревари во елитната германска лига. На синоќешниот меч, домаќините од Аугсбург промашија пенал и тоа му помогна на Нојер да го повтори достигнувањето на Кан. Ова беше само трет натпревар оваа сезона на кој Нојер не прими гол. „Имаме 39 бода и се наоѓаме на првото место. Беше важно да се вратиме на победите по неколку слаби игри. Сигурно ќе…
Во Манчестер, на стадионот „Етихад“ синоќа се одигра одложениот натпревар од 1. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити ја совлада екипат ана Астон Вила со 2:0. Како што објави „ЕСПН“ на својата страница на Твитер, избраниците на Пеп Гвардиола се деветтиот тим кој се нашол на врвот на табелата во Премиер лигата оваа сезона. Лестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Евертон, Тотенхем, Челзи, Саутемптон и Арсенал веќе беа лидери на табелата во Премиерлигата оваа сезона. https://twitter.com/ESPNFC/status/1351981521092145153?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1351981521092145153%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.championat.com%2Ffootball%2Fnews-4247609-manchester-siti-devyataya-komanda-vozglavivshaya-apl-v-etom-sezone.html За Манчестер Сити кратко траеше престојот на врвот затоа што по неколку часа манчестер Јунајтед победи на гостувањето кај Фулам и се врати на…
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан мирно го прифати поразот и елиминацијата од третолигашот Алкојано во Купот на кралот. Реал загуби по продолженијата со 1:2, а решавачкиот погодок за домаќините беше постигнат во 115-та минута, кога веќе беа со играч помалку. „Сакавме да победиме, играчите се обидоа. Кога имате шанси и не ги користите, може да се случи она што се случи денес. Ситуацијата е непријатна, испаднавме, но не можам да ги обвинувам играчите што не се залагаа. Јас ја преземам одговорноста, да постигневме втор гол, сè ќе беше поинаку. Ова е фудбал. Голманот на противникот направи 2-3 важни одбрани.…
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо го постигна својот 760-ти гол во кариерата во финалето на Суперкупот на Италија против Наполи. Португалскиот напаѓач со ова го собори апсолутниот рекорд по бројот на голови што го држеше чехословачкиот напаѓач Јозеф Бичан. Во 64-тата минута од натпреварот, Роналдо го отвори резултатот со тоа што погоди од непосредна близина по изведениот корнер. Кристијано одигра 1.036 натпревари за Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус, како и за селекцијата на Португалија. Апсолутниот рекорд по бројот на голови му припаѓаше на чехословачкиот напаѓач Јозеф Бичан, кој постигна 759 погодоци помеѓу 1931 и 1955 година. Претходно, Роналдо…
Македонија со пораз го започна настапот во главната рунда на СП во Египет, нашата селекција загуби убедиво од Словенија со 21:31 (9:13). Македонија добро го започна натпреварот и во првите минути имаше предност од два гола разлика (4:2, 5:3 и 6:4) , но потоа Словенија направи пресврт и поведе со 7:6, а на тоа добро одговорија нашите репрезентативци и три пати го израмнуваа резултатот (7:7, 8:8 и 9:9). Потоа следуваше вистинска криз аво нападот на нашата ракометна селекција и цели девет минути до крајот на првиот дел не успеа да постигне гол, а тоа го искористи Словенија која успеа да…
