Беат Фојц уште еднаш покажа дека е во одлична форма и по вторпат триумфираше на спустот во Кицбил за само два дена. 33-годишниот Швајцарец досега четири пати беше второпласиран во Кицбил, каде што се вози најдобриот и најопасниот спуст, а сега два дена по првата победа во петокот да стигне до нова. За разлика од петокот, кога беше идеално времето за спист во Кицбил, организаторите имаа проблеми со облачното време и густата магла на стартот на патеката. Ова беше 12 -та. победа во спуст за Фојц во Светскиот куп, со што се израмни рекордот со сонародникот Дидие Куш и Италијанецот…
Author: riste
Олимпик Марсеј го раскина договорот со 32-годишниот напаѓач Константинос Митроглу, објавија медиумите во Франција. Според истиот извор, раскинувањето на договорот се случило со заеднички договор на клубот и играчот. Договорот истекуваше во летото 2021 година. Оваа сезона грчкиот напаѓач немаше настап за екипата од „Велодром“. Во текот на кариерата Митроглу играше за Борусија Менхенгладбах, Олимпијакос, Фулам, Бенфика, Галатасарај и ПСВ. Тој е дел од грчката репрезентација од 2009 година. Постигна 17 гола на 64 настапи за националниот тим. Митроглу стана шампион на Грција пет пати. Марсеј неодамна потпиша договор со напаѓачот Аркадиуш Милик и тоа е главната причина што лесно…
Играчот за врска на Реал Мадрид, Лукас Васкез, повторно ја одби понудата на клубот за нов договор, пренесува „Касена Сер“. Според изворот, Реал Мадрид му понудил на Шпанецот да го продолжи договорот на три сезони со иста плата. Васкез одбил, затоа што сака да добие повеќе. Лукас Васкез не е сигурен за својата кариера во Реал Мадрид. Тој е загрижен затоа што Реал Мадрид се обиде да го продаде во катарски клуб летото 2020 година. Васкез по натпреварот од 17-то коло на шпанскиот шампиона со Селта Виго најави дека процесот на обновување не оди во добар правец. „Ќе видите дека…
Главниот тренер на Аталанта, Џан Пиеро Гасперини одговори на прашањето за можен трансфер на напаѓачот на тимот Алехандро Гомез во Севиља. „Сè уште не знам дали ќе оди во Севиља. Во секој случај, каде и да оди, му посакувам се најдобро”, рече Гасперини. Гомез реши да ја напушти Аталанта по конфликт со тренерот. Фудбалерот нема влезено на терен од 16 декември, кога се појави како резерва на мечот од 12-то коло во Серија А против Јувентус (1:1). Веднаш потоа се појавија информации дека има несогласувања на реалција Гасперини – Гомез кои беа потврдени токму со тоа што Гомез веќе не…
Со натпреварот против Белорусија, нашата ракометна репрезентација ќе го заврши настапот на 27-то СП во ракомет кое се одржува во Египет. Убедливите порази од Шведска, Египет, Словенија и Русија не се забораваат така лесно, но Македонија денес ја има последната шанса за со победа да го заврши својот настап на ова СП. Влеговме како резерва за да пополниме место кое беше испразнето по откажувањето на Чешка, но сигурно нашите ракометари по бледите настапи посакуваат да завшат со еден добар натпревар и втора победа на ова СП по онаа против Чиле. Целата ракометна јавност во Македонија е свесна дека нашата ракометна делегација…
Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт се опорави од коронавирусот, пренесува официјалната веб-страница на клубот од Торино. „Во согласност со протоколот, Матијас де Лихт помина два контролни теста COVID-19 со негативни резултати. Така, играчот се опорави и повеќе не е во изолација. Тој ќе се приклучи на тимот вечерва и ќе биде вклучен во списокот за утрешниот натпревар“, соопшти прес-службата на клубот. Утре Јувентус е домаќин на Болоња во натпреварот од 19-то коло на италијанската Серија А. Почетокот на натпреварот е од 12:30 часот, а Јувентус има шанса со победа да се доближи на водечката тројка на табелата каде лдер…
Селекторот на хрватскиот национален тим, Лино Червар ја изненади јавноста и по натпреварот кој го загуби Хрватска од Аргентина со 23:19 и најави оставка по завршувањето шампионатот. „Ја превземам одговорноста, разочаран сум и многу изненаден. Изненаден сум од начинот на кој мојата екипа го одигра решавачкиот натпревар на СП, но одговорен сум јас како селектор. Разочаран сум од пристапот кон играта во најважниот натпревар. Јас не можам да продолжам вака, се гордеам со се она што досега направив, но време е некој друг да ја превземе работата. Не сум навикнат да губам вакви натпревари. Сепак на Хрватскиот ракометен сојуз е…
Килијан Мбапе, кој беше привлечен за 180 милиони евра во ПСЖ, призна дека засега нема да брза со евентуално обновување на договорот со својата екипа. Тој има договор со клубот до 30 јуни 2022 година, а за него е заинтересиран Реал Мадрид. „Разговараме со луѓето од клубот за да се обидеме да го најдеме вистинскиот план. Многу сум среќен тука и отсекогаш сум бил таков. Навивачите и клубот секогаш ми помагаа и секогаш ќе бидам благодарен за тоа. Но, сакам да размислувам за тоа што сакам да направам во следните години и каде сакам да бидам. Ова е она што…
Тренерот на Болоња, Синиша Михаиловиќ изјави дека неговиот тим ќе игра за да победи на гостувањето кај Јувентус. „Ги пофалив момците, тие тренираа добро пред натпреварот со Јувентус. Торино е прекрасен град, но ние не дојдовме овде да разгледуваме градот, имаме поважни работи. Јас секогаш играм за да победувам. Пирло? Драго ми е што тој е на чело на Јувентус“ изјави Михајловиќ за „Газета дело Спорт“ пред гостувањето кај Јувентус. Јувентус ќе се сретне со Болоња утре, 24 јануари. Болоња има 20 поени на 18 натпревари и е на 12-то место на табелата во италијанскиот шампионат, додека актуелниот шампион Јувентус…
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо му помогна на тимот да го освои Суперкупот на Италија. Во овој натпревар Јувентус го совлада Наполи (2:0), а Португалецот постигна еден од головите. За Кристијано Роналдо, овој трофеј беше 33-ти во кариерата. Според овој индикатор, тој се израмни со поранешниот играч за врска на Барселона, Чави Хернандез. Тие се изедначија на деветтото место. Напаѓачот на каталонскиот клуб Лионел Меси е на четвртото место, а најтрофеен убедливо е Дани Алвеш кој има 42 освоени трофеи со клубовите каде што настапувал. Топ 10 најтрофејни фудбалери: 1. Дани Алвеш – 42 трофеи 2-3. Андрес Иниеста, Максвел -…
