Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо го коментираше отпуштањето на својот колега од Челзи, Френк Лампард . „Не мислам дека Френк би сакал да разговара со мене или со некој друг, освен неговиот близок круг на семејство и пријателите. Но, секогаш се чувствувам тажно кога некој колега ќе ја изгуби работата, а Френк не е само колега. Тој е важна личност во мојата кариера, па жал ми е што му се случи тоа. Таква е суровоста во фудбалот, особено модерниот фудбал, па кога ќе станете тренер, треба да знаете дека порано или подоцна тоа ќе ви се случи“, изјави Жозе Мурињо.…
Author: riste
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжува со своите одлични игри, а воедно и постигнување на рекорди во НБА лигата. И покрај тоа што неговата екипа загуби од Денвер со 113:117, Дончиќ повторно беше најдобар во својата екипа и го забележа петтиот „трипл-дабл“ во кариерата. Дончиќ натпреварот го заврши со 35 поени, 16 асистенции и 11 скока, израмнувајќи се со легендата Мајкл Џордан на 8-то место за најмногу „трипл-дабл“ со повеќе од 30 поени во историјата на НБА. Тој стана само шести играч во историјата на НБА кој забележал повеќе од 30 поени, 15 асистенции и 4 украдени топки од сезоната 1973-74…
Офанзивниот играч за врска на Аталанта, Алехандро Папу Гомез ќе стане играч на Севиљја. Во текот на денешниот ден Аргентинецот ќе замине во Шпанија на лекарски преглед пред трансферот. За ова информираше и новинарот Џанлука Ди Марцио на својот „Твитер“ . Објавено е дека Севиља ќе плати 5,5 милиони евра за играчот, уште 3 милиони евра ќе бидат распределени како бонуси. Фудбалерот ќе потпише договор до 30 јуни 2024 година. Вредноста на Гомез се проценува на 15 милиони евра Иницијатор за потписот на Гомез во Севиља е спортскиот директор на клубот Мончи, кој долго време го следеше Аргентинецот. Самиот Алехандро…
Светските агенции ја пренесоа информацијата околу годишниот финансиски извештај на каталонскиот гигант Барселона, кој забележа нагло влошување и ја покажува финансиската состојба на клубот. Стана познато дека Барселона прогласи долг од 1,2 милијарди евра, како и краткорочен долг за уште 730 милиони евра. Најголемиот дел од трошоците на клубот се во платниот список, што сочинува 74% од буџетот на клубот. Ситуацијата со договорите на играчите предизвикува сериозна загриженост во клубот, што доведе до преговори за одложување и намалување на платите уште од почетокот на пандемијата. Барселона, исто така, им должи на другите клубови вкупно 126 милиони евра како резултат на…
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли откри дека новото засилување на неговата екипа, Марио Манџукиќ е под збнак прашање за настап на вечерашниот меч со Интер во 1/4 финалето од Купот на Италија. Поранешниот напаѓач на Јувентус дебитираше во саботата за екипата на Милан во поразот од Аталанта со 0:3. „Во моментов нè интересира само натпреварот со Интер за Купот на Италија, ова е важен натпревар. Серија А е сосема друга приказна, следното дерби е за еден месец, а пред тоа има и други важни натпревари. Играме со опасен противник и мора да победиме по поразот од Аталанта во Серија А.…
Фудбалерот од средниот ред на Атлетик Билбао, Раул Гарсија постигна гол на мечот од Шпанското првенство против Хетафе (5:1). 34-годишниот Шпанец стана првиот играч за врска кој постигнал 100 гола во Ла Лига во 21-от век, пренесува „OptaSports“. Гарсија има 54 гола за Атлетик Билба, 26 за Атлетико Мадрид и 20 за Осасуна. Гарсија премина во Атлетик од Атлетико Мадрид летото 2015 година. Оваа сезона тој има 17 настапи, 3 гола и една асистенција во Ла Лига. Како дел од Атлетико, Гарсија стана шампион на Шпанија, победник на Купот и Суперкупот на земјата, победник на Лигата на Европа, освојувач на…
Австриецот Винсент Крихмајер е победник на супервелеслаломот од Светскиот куп во алпско скијање, што се одржа денес во Кицбил (Австрија). Претставникот на домаќините имаше скоро беспрекорно спуштање на скратената патека „Штрајф“ и ја помина патеката за 1:12,58 минути, што беше за 0,12 секунди пред Марко Одермат (Швајцарија). Трет денес беше Матијас Мајер (Австрија), кој заврши на 0,55 од својот сонародник. За Мајер, денешниот подиум е број три во Кицбил, оваа година, откако во петокот и во неделата заврши на второто и третото место во двата спуста. По денешниот четврти од вкупно седум супервелеслаломи за сезоната, лидер во рангирањето за малиот…
Македонската ракометна федерација веќе го закажа организирањето на Изборното Собрание за избор на претседател на РФМ. Актуелниот прв човек на РФМ, Живко Мукаетов повторно се кандидира за позицијата претседател, а сите клубови од Македонија му изразија поддршка. Со официјален документ, на кој се потпишаа и ставија клупски печати, сите македонски екипи застанаа зад сегашниот претседател, што е доказ дека Мукаетов одлично ја вршел својата работа досега. Со овој допис во кој клубовите ја изразуваат поддршката за Мукаетов станува јасно дека на 31 јануари нема да има многу дилеми кој ќе продолжи да ја води федерацијата. Бидејќи еден клуб не може да даде…
Челзи на својата официјална веб-страница ја објави разделбата со главниот тренер Френк Лампард . „Тоа беше многу тешка одлука што сопственикот и управата на клубот не ја направија лесно. Благодарни сме му на Френк за она што го постигна за време на неговиот мандат како главен тренер. Сепак, неодамнешните резултати и перформанси не ги исполнија очекувањата на клубот, оставајќи го тимот на средината на табелата без јасен пат за подобрување. Никогаш не може да има вистинско време да се разделиме со легендата на клубот како Френк, но по долго размислување беше донесена одлука да се направат измени за да се…
Еден од водечките играчи на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, синоќа одигра уште еден одличен натпревар оваа сезона и даде гол и асистенција за победа на неговиот тим од 3:2 над Ливерпул. Рашфорд асистираше на перфектен начин за голот на Мејсон Гринвуд за 1:1 во првото полувреме, а тој погоди за пресврт на мечот за 2:1 на почетокот на второто полувреме. На пет минути пред крајот на мечот, тој го напушти теренот жалејќи се на болка во коленотот. Ова го потврди Оле Гунар Солскјер, кој рече дека Рашфорд ќе го мора да оди на дополнителен преглед денес за да ја проценат…
