Предводникот на ПСЖ, Маурисио Покетино го прокоментира можниот трансфер на дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. „Стратегијата на ПСЖ постои веќе многу години. Ги разгледуваме можностите на пазарот и потпишуваме играчи кои можат да нè засилат. Сè ќе биде видливо во наредните месеци. Рамос сака да игра во клуб кој секогаш сака да победува. ПСЖ е еден од најголемите клубови во светот“, изјави Покетино за „Марка“. Претходно беше објавено дека Рамос ја одбил понудата на Реал Мадрид за нов договор. Главен претендент за Рамос е ПСЖ. Капитенот на Реал Мадрид има право да преговара и да потпишува прелиминарни договори со…
Author: riste
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо беше прилично разочаран по поразот од Ливерпул. Тој не беше задоволен од резултатот и играта на неговиот тим, а згора на сè, ѕвездата на тимот Хари Кејн се повреди и ќе отсуствува долго време од терените. „Тој беше повреден на двата зглоба. Прво по лошиот старт од Тиаго, а потоа уште еден тежок удар, не видов точно од кој. Но, ова се две повреди на двата зглоба, втората е полоша од првата. Тој ќе отсуствува барем неколку недели, не знам точно. Некои играчи не можат да бидат заменети, но кога ќе се случи такво нешто,…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше причина да биде задоволен од победата над Тотенхем со 3:1. Со ова заврши серија од 5 последователни натпревари без победа на Ливерпул во Премиерлигата. Германскиот тренер ги пофали своите играчи и рече дека ова е вистинското лице на неговиот тим. „Постигнавме голови во вистински моменти, одлични голови. Сè е одлично, освен повредата на Жоел Матип. Она што го видовте денес нема никаква врска со нашата форма, тоа сме ние. Денес, особено во второто полувреме го видовте нашето вистинско лице. Голема битка и одличен фудбал”, изјави Клоп. „Не ја погледнав статистиката, но мислам дека освен…
Васко Шеваљевиќ (32) во следните 18 месеци ќе биде член на тимот на Вардар 1961. Шеваљевиќ веќе утре ќе пристигне во Скопје и ќе се приклучи на тренинзите на тимот. Шеваљевиќ игра на левата бековска позиција и ќе биде засилување за „црвено-црните” во пролетниот дел на сезоната во која вардарци имаат многу згуснат календар. Црногорецот нема да биде во составот за средбата со Војводина што се игра утре попладне во 17,45 часот, но ќе конкурира кај тренерот Алушовски за следните дуели, па и оној со Нексе на 1 февруари во Скопје. Овој ракометар потекнува од Ловќен, Црна Гора, а во…
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на состанокот на раководството на УЕФА со претставници на 12 градови домаќини на Европското првенство во фудбал, ја потврди својата намера УЕФА да го организира ЕП според претходно одобрениот распоред. Рокот за донесување одлуки поврзани со присуството на гледачи на стадионите на Еуро 2020 се одложува од март за почетокот на април. „Јас сум оптимист дека ситуацијата со вирусот ќе се промени како што се приближуваме до ЕП. Затоа, важно е да им се даде што е можно повеќе време на градовите домаќини и на раководствата на земјите домаќини на ЕП за да формираат најточна…
Новиот тренер на Челзи, Томас Тухел објасни зошто решил да ги предводи „сините“. Назначувањето на тренерот беше објавено вчера, а тој доаѓа на местото на Френк Лампард. „Тешко е да се објасни. Мојот живот се сврте наопаку во последните три дена. Неверојатно е да се биде нов тренер на Челзи, јас сум многу среќен што сум тука. Јас и моите асистенти сметавме дека ова е многу добра можност. Ова е шанса што не можев да ја пропуштам. Не можевме да ја одбиеме можноста да бидеме дел од семејството Челзи. Ние сме многу среќни што работиме со овој тим и играме…
Ракометната Федерација на Македонијa претпладнево објави дека македонската куќа на ракометот и селекторот Данило Брестовац взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори. Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период од јуни 2019 до јануари 2021 година. Брестовац ја предводеше напата репрезентација на штотуку завршеното Светско првенство каде Македонија го освои 23-тото место со остварена една победа и пет порази на шест одиграни натпревари. Ракометната федерација на Македонија ќе мора бргу да рагира со избор на наследник на Данило Брестовац затоа што во март не очекуваат два натпревари со Данска во квалификациите за Европското првенство во Словачка и…
Милан планира да го ангажира играчот за врска на Порто,Отавио. Ова го објавува новинарот Николо Шира. Милан е во преговори со агентот на 25-годишниот Бразилец. Фудбалерот на крајот на сезоната може да стане слободен агент. Според изворот, Отавио очекува да склучи договор со Милан до 2025 година со плата од 3 милиони евра по сезона, додека италијанскиот клуб нуди 2 милиони евра. Оваа сезона од португалскиот шампионат, Отавио одигра 11 натпревари, постигна 2 гола и 4 асистенции. Во зимскиот преоден рок, Милан донесе три нови играчи, а меѓу нив е и Марио Манџукиќ, кој беше ангажиран како слободен агент. Милан…
Реал Мадрид се соочува со финансиски потешкотии во пресрет на потенцијалниот трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Како што објави „АС“, во Реал Мадрид не се во можност да ги исполнат барањата на 22-годишниот фудбалер. Според условите на тековниот договор со Парижаните, кој е со важност до летото 2022 година, Килијан добива 21 милион евра. Реал е подготвен да му плати исто, но нема да може да гарантира поголема плата. ПСЖ, од друга страна е подготвен да му обезбеди на Французинот иста плата како и неговиот партнер во нападот Нејмар, односно 36 милиони евра. Претходно беше објавено дека Реал…
Напаѓачот на Рома, Един Џеко може наскоро да ја напушти екипата, пренесува „Калчомеркато“ Според изворот, 34-годишниот фудбалер ја изразил својата желба за заминување од Рома по конфликтот со тренерот Пауло Фонсека. Проблем е што Босанецот досега доби само една понуда и тоа од Вест Хем Јунајтед. Сепак, Един Џеко не сака да се пресели во лондонскиот клуб. Да потсетиме, Џеко во моментов тренира одвоено од главниот состав на Рома по одлука на Фонсека. Покрај тоа, тренерот му ја одзеде капитенската лента на напаѓачот. Џеко ги брани боите на Рома од 2015 година. Оваа сезона тој учествуваше на 15 натпревари од…
