Од РК Вардар денес и официјално го потврдија трансферот на Анте Кудуз. Од следната сезона на позицијата лев бек во тимот на Вардар 1961 ќе игра хрватскиот интернационалец Анте Кудуз (25). Македонскиот првак потпиша двегодишен договор со Кудуз и тој во Скопје би требало да остане до летото 2023 година. Кудуз (202 см.) доаѓа од екипата на Динамо Букурешт каде настапува и лани беше прогласен за најдобар играч во првенството на Романија. Лани настапуваше со Динамо Букурешт во групната фаза од ЛШ, во група Д. Со екипата избори пласман во осминафиналето на ЛШ, но беа откажани натпреварите и административно беа…
Author: riste
Вториот супервелеслалом од Светскиот куп во алпско скијање, кој требаше да се одржи денес во Гармиш-Партенкирхен (Германија), е одложен за утре. Причината за ваквата одлука на организаторите е густата магла што се спушти по целата должина на патеката „Кандахар 1“ и невозможноста за безбедно одржување на трката. Првично, стартот беше одложен за 2,5 часа, но и тоа не беше доволно за подигнување на маглата и така трката ќе се одржи утре (1 февруари) во 10:50 часот. Победничка на вчерашниот прв супервелеслалом во на „Кандахар 1“ беше Лара Гут-Бехрами (Швајцарија), која ја забележа третата последователна победа во оваа дисциплина за време…
Милан сака да го откупи дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Диого Далот. Според „Скај Спорт“, управата на „росонерите“ е задоволна од играта на 21-годишниот Португалец, кој игра за италијанскиот тим на позајмица и има намера целосно да ги откупи правата на младиот дефанзивец летото 2021 година. Во сезоната 2020/2021, Далот одигра 8 натпревари во Серија А, како и 6 натпревари во Лигата на Европа. Успеа да постигне 1 гол и 2 асистенции. Милан е лидер во Серија А со 46 поени од 20 одиграни натпревари. Диого Далот дојде на „Олд Трафорд“ летото 2019 година. За неговиот трансфер, Манчестер Јунајтед му плати…
Барселона на својата официјална веб-страница објави соопштение за ситуацијата со истекувањето на податоците за договорот на напаѓачот и капитенот на тимот Лионел Меси. „Имајќи ги предвид информациите објавени денес во весникот „Ел Мундо“ во врска со договорот потпишан помеѓу ФК Барселона и играчот Лионел Меси, клубот жали што е објавен, бидејќи станува збор за исклучиво приватен документ регулиран со принципот на доверливост меѓу страните. ФК Барселона не е одговорен за објавувањето на овој документ и ќе преземе соодветни правни активности против „Ел Мундо“ во случај на штета што може да ја предизвика ова протекување на информациите. ФК Барселона ја изразува…
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов останува прв човек на ракометот во Македонија и во следните четири години. Мукаетов едногласно ја доби довербата од страна на сите делегати, а со оглед на тоа што немаше противкандидат за прв човек на ракометот беше избран со аплауз. „Сакам да се заблагодарувам на поддршката и соработката која ја имавме во сите овие години. Можам да ветам дека ќе продолжиме да работиме. Со давање на идеи, заеднички да направиме уште подобро за македонскиот ракомет. Свесни сме дека со младите треба да работиме многу повеќе, тука сме заеднички сите да го направиме тоа. Голема благодарност до…
Денес е последниот ден на СП во ракомет кое се одржува во Египет, а ќе го добиеме одговорот кој ќе биде освојувач на златниот, сребрениот, но и на бронзениот медал. Единствените непоразени екипи на турнирот ќе играат за светска титула, а тоа се скандинавските гиганти Данска и Шведска. Данците ќе го брани трофејот од пред две години освоен на домашен терен, а Шведска ривал ќе игра за прв успех на светските шампионати по 22 години, кога славеше токму на СП кое се одржа токму на истото место, Египет. Пред почетокот на СП можебисе очекуваше дека Данска ќе огра во завршницата, но…
33-годишниот аргентински напаѓач на Барселона, Лионел Меси проговори за важноста на фудбалот во неговиот живот. „Парите ми дозволуваат да живеам подобар живот, но тоа не е она што ме инспирира. Живеам за да играм фудбал, а не финансиски. Не играм за себе, туку за тимот“, изјави Меси за „Ел Мундо“. Договорот на Меси со Барселона важи до 30 јуни 2021 година. Минатото лето, аргентинскиот напаѓач се обиде да го напушти каталонскиот клуб, но сепак реши да остане. Главни претенденти за потписот на 33-годишниот играч се сметаат Манчестер Сити и ПСЖ. Оваа сезона, капитенот на Барселона учествуваше на 23 средби за…
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше задоволен од настапот на неговиот тим по нерешениот резултат на домашен терен против Манчестер Јунајтед и рече дека тимот се движи во вистинската насока. Топџиите не можеа да сметаат на некои од играчите со најдобри перформанси – Пјер-Емерик Обамејанг, Букајо Сака и Кирон Тирни, но тие сепак настапија на ниво и со малку повеќе среќа можеа да постигнат гол. Александар Лаказет, Емил Смит Роус и Николас Пепе промашија добри шанси во второто полувреме. „Мислам дека овој резултат е реален. Тоа беше битка помеѓу два тима кои сакаа да победат, тие имаа неколку шанси во…
Бразилските клубови Палмеирас и Сантош го одиграа последниот натпревар во Купот Либертадорес. Средбата беше одиграа синоќа на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро и заврши со победа на Палмеирас од 1:0. Во текот на целиот натпревар, екипите се обидуваа да постигнат гол, но сепак единствениот гол беше постигнат на самиот крај на средбата. Главниот судија на натпреварот Аргентинецот Патрисио Лоустау додаде осум минути дополнително да се игра на оваа средба, а голот беше постигнат на истекот на овие минути кога напаѓачот Брено Енрике, кој се појави на теренот во 85-та минута го постигна победничкиот гол. Неколку минути пред голот, судијата…
Напаѓачот на Ватфорд, Жерар Деулофеу, потпиша договор со Удинезе, соопшти прес-службата на италијанскиот клуб. Договорот важи до 30 јуни 2024 година. Претходно, напаѓачот играше за тимот на позајмица. Деулофеу потекнува од школата на Барселона, во која се приклучи во 2003 година. Од каталонскиот клуб замина на позајмица во Евертон и Севиља, а во 2015 година се врати во тимот од Ливерпул, но со постојан договор. Откако мина дел од сезоната 2016/2017 на позајмица во Милан, се врати во Барселона, но шест месеци подоцна замина во Вотфорд на позајмица. Летото 2018 година, англискиот клуб ги откупи правата на играчот. Оваа сезона,…
