Македонската футсал репрезентација одигра нерешено, 2:2 против фаворизираната селекција на Романија во рамките на второто коло од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2022 година. Во С.Ц „Јане Сандански”, избраниците на селекторот Васко Скендеровски одиграа одличен натпревар и заслужено го освоија првиот бод во овие квалификации. Нашата селекција поведе во првото полувреме со голот на Даниел Дандан, но романската селекција израмни веќе во следната минута кога изведоа корнер, а топката го закачи Мицевски, го смени правецот и го имзами голманот Петровски. Во 33. минута, Марлос им донесе водство на гостите по корнерот на Фелипе, а бодот за Македонија го…
Author: riste
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс се заразил со коронавирус, објави на Твитер прес-службата на клубот од Мадрид. Тој е изолиран од тимот и е дома. Напаѓачот сепак се пресели во Атлетико од Бенфика во 2019 година за 127,2 милиони евра. Актуелниот договор на напаѓачот со клубот важи до 2026 година. Оваа сезона, 21-годишникот одигра 25 натпревари, постигна девет гола и пет асистенции. Феликс е дел од репрезентацијата на Португалија каде одигра 13 натпревари, постигна три гола и една асистенција. Во моментов неговата вредност се проценува на 100 милиони евра. Атлетико Мадрид во моментов е лидер во шампионатот на Шпанија…
Спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто изјави дека напаѓачот Един Џеко повеќе не е капитен на римскиот тим. „Един Џеко е силен фудбалер, одличен професионалец со долгогодишно искуство, а Фонсека е лидер на нашиот проект. Тој заврши одлична работа. Одржавме неколку состаноци за да изградиме заемна доверба. По состаноците, излеговме среќни и задоволни. Сега е важно да се фокусираме на постигнување на заеднички цели, што е поважно од интересите на поединците. Убеден сум дека клубот треба да се заснова на правила, па Един повеќе не е капитен. Но, сите ќе работиме заедно за доброто на клубот“, изјави Пинто за „Фудбал…
Селекторот на Алжир, Џамел Белмади ги разбранува духовите со изјавата дека Ријад Марез не е среќен во Манчестер Сити, што го загрижува тренерот. Крилниот напаѓач е дел од „граѓаните“ од 2018 година, кога пристигна за 60 милиони фунти од Лестер. Досега има одиграно 119 натпревари, постигнато 31 гол и 31 асистенција во сите натпреварувања за тимот, освојувајќи ја Премиер лигата, ФА купот, како и Лига купот двапати, но не можеше да се етаблира во почетнот состав на Пеп Гвардиола. „Марез не е среќен во Манчестер затоа што не игра доволно, тој е борец кој сака да биде на теренот на…
УЕФА одреди рок до 2 април за да бидат одиграни сите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите. Барањето се должи на ограничувањата наметнати од Германија на патниците од Англија поради новиот вид на КОВИД-19. Ливерпул ќе гостува кај РБ Лајпциг на 16 февруари за првиот натпревар од осминафиналето. Во оваа фаза не е прецизирано дали ќе има исклучок за патување за професионални спортисти. УЕФА ги повикува клубовите да соработуваат со националните фудбалски федерации за да ги разјаснат правилата за патување, што може да биде попречено од затворените граници и барањата за карантин. Четвртфиналето во Лигата на шампионите треба да заврши…
Главниот тренер на Олимпик Марсеј, Андре Виљаш-Боаш објави дека поднел оставка утрово на 2 февруари, откако клубот го ангажираше играчот за врска Оливие Нчам, а тренерот воопшто не сакал да го ангажираат овој играч. „Тоа не беше моја одлука. Ова беше токму играчот кој го одбив. Дознав за потпишувањето кога се разбудив и отидов на страницата на клубот. Оставка дадов, затоа што не се согласувам со стратегијата на клубот. Управниот одбор сè уште не ми дал одговор. Не ми требаат пари, само сакам да заминам. Овој клуб работи на пазарот две или три години по случаен избор и не можам…
Стана познато барањето на раководството на Реал Мадрид, за тренерот на тимот Зинедин Зидан да продолжи да работи на крајот на сезоната. Според весникот „АС“, францускиот тренер ќе може да ја задржи својата позиција доколку Реал Мадрид бидат победници во тековната сезона од Лига на шампиони. Претходно, Реал Мадрид беше елиминиран од Купот на Шпанија и Суперкупот, а во шампионатот на Шпанија е на третото место, зад Барселона, со ист број на бодови, но послаба гол разлика и 10 бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид. Покрај тоа, Атлетико има и натпревар помалку од Реал Мадрид. Во 1/8 финалето од Лигата…
Тренерот на Барселона, Роналд Куман ја коментираше одлуката на клубот да се раздели со уругвајската sвезда Луис Суарез, кој постигна многу клучни погодоци за Атлетико Мадрид од почетокот на сезоната и неговата екипа е со голем апредност на табелата пред конкурентите, Барселона и Реал Мадрид. Холандскиот тренер и легенда на Барселона исто така изјави дека никој на „Камп Ноу“ не му рекол дека е должен да освои трофеј оваа сезона. „Ние се менуваме и се разбира, ќе беше подобро Луис Суарез да потпишаше со Јувентус наместо со Атлетико Мадрид, бидејќи така тој немаше да биде во шпанската лига. Но, тоа…
Откриена е вкупната сума потрошена од фудбалските клубови во Англија за време на зимскиот преоден рок 2021 година. Забележано е дека поради пандемијата на коронавирусот, бројките значително опаднаа. Според Би-Би-Си, во овој период, англиските клубови купувале играчи за скоро 80 милиони евра. Во истиот период во 2020 година, износот е 260 милиони евра. За прв пат од 2012 година, англиските клубови потрошија помалку од 100 милиони фунти во зимскиот преоден рок. За ова време, имаше 24 трансфери во Премиер лигата, наспроти просекот на 46 во јануари во претходните три години. Големите шест клубови од Премиер лигата (Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер…
73-годишниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез се зарази со коронавиру, објавија од Реал Мадрид на официјалната веб-страница. „Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објавува дека нашиот претседател, Флорентино Перез е позитивен на КОВИД-19. Тој нема никакви симптоми“, соопшти прес-службата на клубот. Перез за првпат ја презеде функцијата претседател на клубот од Мадрид во јули 2000 година. Во февруари 2006 година, по двата порази од Реал Мадрид во 1/8 финалето од Лигата на шампионите против Арсенал (0:1) и во националниот шампионат со Мајорка (1:2), Перез поднесе оставка. Втор пат Флорентино Перез беше избран на чело на Реал Мадрид во 2009 година и…
