Author: riste

Борусија (Дортмунд) ќе се согласи да го продаде Џејдон Санчо по завршувањето на сезоната за сума од околу 100 милиони евра. Ова е за 20 милиони помалку од 120 милиони кои беа побарани изминатото лето, на кои од Борусија Дортмунд инсистираа и од кои не отстапија за време на преговорите со Манчестер Јунајтед. Според весникот „Билд“, новата финансиска состојба во услови на пандемија довела до одлука на Борусија да ја намали цената на еден од нивните двајца најдобри фудбалери. Загубите на германскиот клуб веќе изнесуваат околу 75 милиони евра и со продажбата на Санчо газдите на клубот сакаат да ги…

Read More

Ракометарите на Вардар досега одиграа само пет натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона. Затоа сега на избраниците на Стевче Алушовски им селдуваат серија на многу натпревари во Лигата на шампионите. До оденес од 5 одиграни натпревари Вардар има една победа, еден нерешен резултат и три порази, а овие резултати го однесоа тимот на последното место на табелата во групата А. Македонскиот тим посакува пласман во четвртфиналето во ЛШ, но за тоа мора да почне да победува и да го помине позитивно пеколениот февруарски распоред, во кој го чекаат седум меча во Лигата на шампионите. Се започнува вечерва (20:45 часот)…

Read More

Ајакс се најде во интересна ситуација при подготовката на апликацијата за пријавување на играчите од плејофот во тековната Лига Европа. Според „Би-Би-Си“, во вторникот, 2 февруари, учесниците во Лигата на Европа морале да испратат списоци со 25 играчи. Клубот од Амстердам, како и другите, поднеле апликација, но по грешка го немало новиот играч во тимот напаѓачот Себастијан Алер. „Во контакт сме со Фудбалската асоцијација на Холандија и УЕФА за да видиме каде е направена грешката“, објавија од Ајакс. Клубот од Амстердам го купи Алер ​​во овој зимски преоден рок од Вест Хем Јунајтед за 22,5 милиони евра. 26-годишниот напаѓач постигна…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити и Аргентина, Серхио Кун Агуеро може да продолжи кариера во Барселона, пренесува „Кадена Сер“. Според изворот, неколку кандидати за претседател на каталонскиот клуб веќе контактирале со менаџерите на аргентинскиот фудбалер. Забележано е дека Агуеро е подготвен да се пресели во Барселона. Актуелниот договор на Агуеро со Манчестер Сити важи до 30 јуни 2021 година, така што Каталонците можат да го добијат играчот бесплатно, што е важно со оглед на тешката економска состојба во клубот. Трансферот на Агуеро во Барселона исто така може да го натера напаѓачот Лионел Меси да одлучи да остане и да го обнови…

Read More

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито призна дека разговара со тренерот Симоне Инзаги за продолжување на договорот. Тековниот договор на тренерот истекува по завршувањето на оваа сезона. Сепак, Клаудио Лотито е многу задоволен од неговата работа на „Олимпико“ и ќе стори се што е можно за да го задржи. „Направивме предлог до Инзаги. Постои прекрасно разбирање меѓу нас на човечко и професионално ниво. Не гледам проблем во продолжување на нашето заедничко патување за да изградиме уште посилен Лацио. Ние немавме специфичен состанок и не ги користиме гулабите за курири. Зборувам со него секој ден, нема тајни меѓу нас и нема проблеми.…

Read More

Денес во Катар започнува Светското клупско првенство, што се одржува во организација на Светската фудбалска организација (ФИФА). На отворањето од 15:00 часот ќе се сретнат мексиканскиот Тигрес и претставникот на Јужна Кореја, Улсан Хјундау, додека во поплдневниот термин од 18:30 часот Ал-Духаил ќе игра шротив Ал-Ахли. Победникот на дуелот Тигрес – Улсан Хјундаи на седми февруари во полуфиналето ќе игра против освојувачот на јужноамериканскиот Копа Либертадорес, Палмеирас, а подобриот од дуелот Ал-Духаил – Ал Ахли ден подоцна во полуфиналето ќе му се спротистави на освојувачот на Лигата на шампионите на УЕФА, Баерн од Минхен. Натпреварот за трето место и финале ќе се играат на 11 февруари. Светското клупско првенство требаше да биде…

Read More

Сао Паоло има желба да го назначи Андре Виљаш-Боаш за нов тренер. Португалецот замина по скандалот кој се случи на „Велодром“, откако најпрво поднесе оставка поради несогласување со влезниот трансфер направен од управата, а подоцна сопствениците на клубот решија да го разрешат наместо да ја прифатат негова оставка. Во секој случај, Виљаш-Боаш во моментов е без работа и можеби е во потрага по нов клуб. Во исто време, Сао Паоло го отпушти својот тренер Пауло Динис по серијата од шест натпревари без победа, па клубот итно бара замена. Според информациите на медиумите во Бразил, Сао Паоло се насочил кон Виљаш-Боаш…

Read More

Во 1/4 финалето од Купот на Шпанија, Барселона успеа да се извлече во последните моменти од средбата со Гранада и да се избори за продолжение кое го доби во своја корист. Средбата се одигра синоќа на стадионот на Гранада и заврши со победа на гостите во продолженијата со резултат 5:3. На оваа средба играчот на Барселона, Лионел Меси имаше една систенција, а според она што беше објавено по средбата, тоа беше неговата 300-та асистенција во кариерата. Досега има 259 за клубот и 41 за националниот тим на Аргентина. Херој на вчерашниот натпревар беше Жорди Алба кој го постигна израмнувачкиот гол…

Read More

Тотенхем одлучи што ќе прави со крилниот напаѓач Герет Бејл. Како што е познато, Велшанецот во моментов е на позајмица кај лондончани од Реал Мадрид, а клубот има опција да ги откупи неговите права по крајот на сезоната. Сепак, се чини дека тоа нема да се случи, пренесуваат медиумите во Лондон. Менаџерот Жозе Мурињо и раководството на Тотенхем одлучиле да не ја искористат опцијата за купување на правата на Герет Бејл. Тие процениле дека 31-годишниот играч не покажа доволно за да ги убеди со своите настапи дека треба да остане трајно во нивните редови. Лондончани веќе контактирале со своите колеги…

Read More

Во натпреварот од 22-то коло во англиската Премиер лига, Ливерпул беше домаќи на стадионот „Енфилд“ на тимот на Брајтон, а срфедбата заврши со победа на гостите со 1:0. Како што беше објавено по натпреварот, Ливерпул не успеа да постигне гол на три домашни натпревари за прв пат од 1984 година. Ливерпул го загуби вториот натпревар по ред на домашен терен во Премиер лигата. Во мечот од 18-то коло, Ливерпул загуби од Барнли (0:1). Фудбалерите на Јирген Клоп имаат освоено 40 поени на 22 натпревари и се на 4-тото место на табелата во англиската Премиер лига.

Read More