Дефанзивецот на Сантош, Лукас Верисимо, кариерата ќе ја продолжи во португалскиот шампионат. 25-годишниот Бразилец потпиша договор со Бенфика, како што соопштија од прес-службата на клубот од Лисабон. Двете страни склучија договор до 2025 година, а финансиските детали за трансферот сè уште не се откриени. Вредноста на Верисимо се проценува на 6 милиони евра. Оваа сезона Лукас Верисимп одигра 17 натпревари за Сантош во сите натпреварувања, постигна 1 гол и 1 асистенција. Претходно, италијанските клубови покажаа интерес за него, но работата никогаш не дојде до официјални предлози. Во еден период од Бенфика беа заинтересирани за дефанзивецот на италијанскиот Наполи, Елсеид Хисај…
Author: riste
Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, ја одведе својата екипа до финалето на Купот на Италија во неговата прва сезона на кормилото на клубот. Ова се случи по нерешените 0:0 на реваншот со Интер и продолжи по успехот со 2:1 на првиот натпревар. Пирло призна дека ова е една од целите кои ги постави при преземањето на тимот, но додаде дека „бјанконерите“ сè уште не постигнале ништо и дека имаат уште работа. „Се надевав дека ќе стигнам овде. Како дебитант, се надевав дека ќе го освојам Суперкупот, ќе стигнам до финалето на Купот на Италија и 1/8 финалето од Лигата на…
Тренерот на Интер, Антонио Конте се помири со елиминацијата на својот тим во полуфиналето од Купот на Италија против Јувентус. Реваншот меѓу двата тима во Торино заврши 0:0, но „бјанконерите“ го добија првиот натпревар со 2:1 и тоа се покажа како решавачко. Токму тоа го рече Антони Конте по мечот. „Мислам дека моравме да ги материјализираме нашите шанси. Штета што испаднавме затоа што за 180 минути видовме два тима како се борат до крај. Ние плативме за поразот на првиот натпревар, за некои подароци што му ги дадовме на противникот. Сакавме да постигнеме гол затоа што можеше да го смени…
Борусија (Дортмунд) може да ги распродаде повеќето свои големи sвезди следното лето, објавуваат медиумите во Германија. Истите тврдат дека од „Сигнал Идуна Парк“ подготвиле список на играчи кои ќе бидат ослободени на пазарот по завршувањето на сезоната. Причината за оваа одлука се големите финансиски загуби што ги претрпе клубот по затворањето на стадионите во Германија поради пандемијата на коронавирусот. Само во последните 6 месеци загубите на оваа екипа достигнаа 27 милиони евра и тие би можеле да загубат нови 75 милиони евра доколку не успеат да се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона. Затоа во клубот се помирија со…
На денешната седница Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го закажа Редовното годишно изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија на 14. март 2021 година во Скопје. Актуелниот претседател Муамед Сејдини ќе се кандидира за нов мандат откако доби поддршка од Општинскиот фудбалски сојуз Кичево. Претходниот собир на највисокиот орган на ФФМ се одржа пред седум месеци, со строги протоколи поради пандемијата на коронавирусот. Исто така Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која ја измени регулативата што се однесува на антидопинг материјата. Сите чинители во фудбалската организација имаат обврска да ги почитуваат и спроведуваат антидопинг правилата…
Остануваат уште само неколку дена до почетокот на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ, а фудбалерите на Вардар во недела имаат прв натпревар и тоа против Пелистер на домашен терен. Благодарение на одличната акција „Куки билет за спас на Вардар“ организирана од навивачите на Вардар – Комити, фудбалерите ќе имаат можност да ја почуствуваат поддршката од навивачите пред продолжението од сезоната. Оваа акција кој сеуште трае, треба да биде само импулс за решавањето на проблемите во нашиот најтрофеен фудбалски колектив. Од она што го имамме како информација, по реализацијата на самата акција и извонредниот однос кој го имаат навивачите и…
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос им се обрати на своите фанови на Твитер со видео обраќање со образложение дека немал друг избор освен да се оперира. 34-годишниот централен дефанзивец страдаше од проблем со менискус на коленото од средината на јануари и беше опериран пред неколку дена и ќе биде надвор од терените најмалку уште 6 недели. https://twitter.com/SergioRamos/status/1358872606670225408?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1358872606670225408%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D886837 „Здраво, на сите! Сè оди според планот. Подготвен сум да работам и да се вратам на теренот што е можно поскоро. Ви благодарам за сите пораки и поддршка”, им рече фудбалерот на своите следбеници на социјалните мрежи, додавајќи дека го прифатил советот…
Иако до последен момент имаше најава дека германските власти ќе дозволат одигрување на натпреварот Флензбург – Вардар, истиот е ОДЛОЖЕН. Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар 1961 во Португалија. Бидејќи Португалија е во “црвена зона“ германските власти бараат тимот на Вардар 1961 да биде во карантин доколку пристигне во Германија и сакаат да го играат натпреварот. Беше планирано натпреварот со Флензбург да се одигра на 11 февруари во 18,45 часот во Германија. За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи.
Во мечот од 22-то коло на шпанскиот шампиона, Атлетико ограше против Селта, а мечот заврши со нерешени 2:2, а тоа значеше прекинување на серијата која ја имаше Атлетико Мадрид. Луис Суарез беше стрелец на двата гола за Атлетико, но гостите успеаа да израмнат во самиот финиш на средбата и да се изборат за бод од овој натпевар. Со ова Селта Виго ја прекина серијата од осум победи на Атлетико во Шпанското првенство. Атлетико Мадрид и понатаму е лидер на табалата во Ла Лига со освоени 51 поене од 20 натпревари, зад нив се Реал Мадрид и Барселона кои имаат по…
Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, ќе го пропушти реваншот од полуфиналето во Купот на Италија со Интер, пренесува „Газета дело Спорт“. Според изворот, дефанзивецот има проблеми со десниот колк. Повредата не е сериозна, но италијанскиот клуб не сака да ризикува во пресрет на продолжението на Лигата на шампионите. Реваншот од полуфиналето во Купот на Италија меѓу Јувентус и Интер ќе се одигра утре, 9 февруари, на стадионот „Алијанц“ во Торино. Средбата започнува во 20:45 часот. На првата средба, Јувентус победи со резултат 2:1. Во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, Јувентус ќе игра против Порто. Првиот натпревар ќе се одигра…
