Author: riste

ПСЖ ќе биде принуден да го продаде напаѓачот Килијан Мбапе за да го ангажира напаѓачот на Барселона, Лионел Меси следното лето. Оваа информација ја објави весникот „Л‘Екип“, а според нив, Аргентинецот ќе добие годишна плата поголема од 40 милиони евра. За да ги обезбеди потребните услови за Лео, ПСЖ треба да се раздели со еден од водечките играчи. Исто така, се забележува дека Нејмар често контактира со Меси за да го убеди да се приклучи во редовите на парискиот тим по завршувањето на договорот со Барселона. Покрај тоа, јасно е дека Манчестер Сити е главниот ривал на ПСЖ за напаѓачот,…

Read More

Баерн (Минхен) активно работи на селекција на нови играчи за следната сезона. Од весникот „Билд“ открија кои се играчоте кои се желба на Баерн Минхен, а меѓу нив се наоѓаат младата sвезда на Рен, Едуардо Камавинга, десниот бек на Норич, Макс Аронс, Флоријан Нојхаус од Борусија (Менхенгладбах) и Лусиен Агуме, кој е во сопственост на Интер, но игра на позајмица во Специја. Камавинга е еден од најбараните таленти во Европа. Последната година се шпекулираше дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид, но интересот на Баерн може да ги промени неговите планови. Макс Аронс го бара Манчестер Јунајтед, но според…

Read More

Австриецот Винсент Крихмајер стигна до второто злато на Светскиот шампиопнат во алпско скијање кој се одржува во Кортина Д’Ампецо, откако по триумфот во „супер-џи“, денес победи и во спуст трката. Крихмајер финишираше со време 1:37.79, оставајќи го зад себе Андреас Сандер од Германија со само една стотинка задоцнување. Место на подиумот имаше и за швајцарскиот скијач, Бит Фојц, кој доцнеше 18 стотинки зад Крихмајер, а во интервал од една секунда беа уште неколку натпреварувачи. Оваа победа на Крихмајер ќе биде запишана во историјата, како триумф со најмала разлика во однос на второпласираниот во ова натпреварување. Третата трка од Светскиот шампионат во…

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус, Хуан Куадрадо, може да го пропушти првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите со Порто, објави „Фудбал Италија“. Според изворот, 32-годишниот колумбиски фудбалер претрпел оштетување на мускулот на натпреварот од 22-то коло на италијанската Серија А против Наполи (0:1) и бил заменет од таа причина. Денес, Куадрадо ќе биде подложен на лекарски преглед, по што ќе биде донесена одлука за настап на натпреварот од Лигата на шампионите. Оваа сезона Куадрадо имаше 5 асистенции на 17 натпревари од италијанскиот шампионат. Јувентус досега има освоено 42 поени на 21 натпревар и е 4-то место…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Вардар ги продолжува своите настапи во Лигата на шампионите. Денес во Скопје гостува унгарскиот тим ПИК Сегед, а за двата тима ова ќе биде прва пресметка оваа сезона. Корона-кризата ги одложи планираните дуели на Вардар и ПИК Сегед на почетокот на Лигата на шампионите, па мораше да се чека на првиот двобој дури во месец февруари. Вардар посакува освојување на бодовите против незгодниот унгарски тим, а пред денешниот натпревар во Скопје, традицијата е на страната на нашиот тим. Вардар досега пет пати бил домаќин на ПИК Сегед, а унгарскиот тим ниту еднаш не победил. Македонскиот тим на…

Read More

Ракометарите на Металург без голем резултатски императив и со скоро цел младински тим отпатуваа во Полска и вечерва ќе го одигра првиот од двата натпревари во Европската лига против Висла Плок. Тренерот Оливер Димитриоски немаше доволно ракометари за да го пополни протоколот, па ќе мора да смета на млади ракометари. „Познато е дека за оваа средба сме некомплетни, знаете каква ни е целата ситуација. Во Плок дојдовме со три поискусни играчи и речиси со младинската екипа. Очекуваме да одиграат многу подобро отколку со Чеховски Медведи. Очекувам да видам борба, желба за топка, желба за надигрување. Резултатот како резултат воопшто не ни е…

Read More

Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги одложи натпреварите кои требаше да се играат денес за следниот викенд. За денес беа предвидените пет натпревари од првото пролетно коло на Првата фудбалска лига. По обилните врнежи на снег во цела држава од ФФМ одлучија сите натпревари да се префрлат за следниот викенд. „Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ преостанатите пет натпревари од 19. коло во ПМФЛ што требаше да се одиграат денеска ги одложува за следниот викенд“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија. Вчера во Струмица беше одигран…

Read More

Од екипата на Баерн Минхен денес информираа дека потпишале договор со Дајо Упамекано до 2026 година, се наведува на официјалната веб-страница на клубот од Минхен. Фудбалерот ќе започне да игра за германскиот шампион од 1 јули 2021 година. „Воодушевени сме што можевме да го купиме Дајо Упамекано во Баерн. Дајо Упамекано ќе стане многу важен играч во нашата одбрана во следните години, ние сме уверени во ова“, изјави спортскиот директор на клубот Хасан Салихамиџиќ. Беше објавено дека во преговорите учествувал и главниот тренер на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, кој го убедил играчот да го избере германскиот клуб. Да потсетиме, Упамекано…

Read More

Дефанзивецот на Интер и Холандија, Стефан де Врај ќе потпише нов договор со миланскиот клуб, пренесува „Калчомеркато“. Според изворот, двете страни се согласиле за условите на новиот договор. Објавено е дека холандскиот фудбалер се согласил да направи отстапки за клубот. Актуелниот договор на Де Врај со Интер до летото 2023 година. Де Врај се пресели во Интер од Лацио, а оваа сезона тој учествуваше на 19 натпревари од италијанската Серија А и постигна 1 гол. Минатата есен Барселона беше заинтересирана за овој дефанзивец. Инетр има освоено 47 поени на 21 средба и е на 2-то место на табелата со два…

Read More

На натпреварот против Лестер, на стадионот „Кинг Пауер“, играчот на Ливерпул , Садио Мане го одигра својот 200-ти официјален натпревар за тимот на Ливерпул, според официјалниот профил на „црвените“ на Твитер . 28-годишниот Сенегалец се пресели во Ливерпул од Саутемптон за 41,2 милиони евра на 1 јули 2016 година. За време на одигрувањето на овие 200 натпревари во дресот на Ливерпул, Садио Мане има постигнато 70 гола во Премиерлигата и 22 гола во останатите натпреварувања.

Read More