Левиот бек на Барселона, Жорди Алба, го коментираше претстојното 1/8 финале со ПСЖ во Лигата на шампионите, но иста така зборуваше и за иднината на суперѕвездата Лионел Меси. „Расположението во тимот е добро, но морам да кажам дека нема фаворит во оваа фаза на ЛШ. Ова ќе биде тежок дуел. На двата натпревари ќе мора да играме со голем интензитет. Ќе се види на теренот кој е подобар. Ништо не мора да значат претходните средби кои сме ги одиграле. Тоа што нема да играат Нејмар и Ди Марија не мора ништо да значи, тие имаат одличен тим и нијанси ќе…
Author: riste
УЕФА ја промовираше новата топка за Лигата на шампиони со која ќе се играат натпреварите од 1/8 финалето од ова натпреварување. Топката ја направи компанијата Адидас која години наназад соработува со УЕФА. „Новата топка во Лигата на шампионите слави 20-годишнина од иконскиот дизајн на ѕвездената топка. Оваа топка ќе дебитира во осминафиналето во вторник навечер“, се вели во соопштението на УЕФА. https://twitter.com/UEFA/status/1361257738660163586?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1361257738660163586%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.championat.com%2Ffootball%2Fnews-4269437-uefa-pokazal-foto-novogo-myacha-ligi-chempionov.html Утре, 16 февруари, ќе се одиграат првите натпревари два натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите на УЕФА за сезоната 2020/21. Во оваа фаза ќе се одиграат средбите: РБ Лајпциг – Ливерпул, Барселона – ПСЖ, Севиља -…
Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо најверојатно ќе продолжи да работи со тимот, и покрај поразите на неговата екипа на последните натпревари. Според одредени медиуми на Островот, лондонскиот клуб нема намера да му врачи отказ на португалскиот тренер. Покрај тоа, во договорот на Жозе Мурињо нема клаузула за раскин, што предвидува услови за разделба. Тотенхем претрпе четири порази на последните пет натпревари од англиската Премиер лига. По 23 натпревари, лондончани со 36 бода се наоѓаат на деветтото место на табелата и заостануваат со 3 бода од зоната за настап во европските натпреварувања. Исто така, Тотенхем неодамна испадна од ФА купот, загуби…
Играчот за врска на ПСЖ, Марко Верати се опорави од повредата на бутот и е подготвен да настапи на мечот со Барселона во Лигата на шампионите. Напаѓачот Нејмар и играчот за врска Анхел Ди Марија не беа вклучени во составот, како што се очекуваше. На Бразилецот му беше дијагностицирана повреда на мускулот, а на Аргентинецот повреда на бицепс феморис. Првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите на УЕФА Барселона – ПСЖ ќе се одигра утре, 16 февруари на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Средбата започнува во 21 часот, а реваншот ќе се одржи на 10 март во Париз.
Познат е приближниот тајмингот за закрепнување на дефанзивецот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал по уште една повреда добиена на мечот од 23-то коло од Шпанскиот шампионат против Валенсија (2:0). Според „Мундо Депортиво“, фудбалерот може да се врати на теренот за реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите на УЕФА со Аталанта, што ќе се одигра на 16 март. Карвахал се појави на теренот на вчерашниот натпревар, првпат од почетокот на јануари. Фудбалерот на Реал Мадрид оваа сезона веќе пропушти 19 натпревари поради повреда. Во сезоната 2020/2021, Даниел Карвахал влезе на теренот на 11 натпревари за Реал Мадрид во сите…
Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луис може да остане во тимот барем уште една сезона. Според „Индипендент“, „топџиите“ имаат намера да го обноват договорот со 33-годишниот фудбалер. Менаџерот на тимот, Микел Артета го цени влијанието на Бразилецот врз младите играчи. Луис дојде во Арсенал летото 2019 година од Челзи, а пред тоа играше за ПСЖ и Бенфика. Минатото лето, клубот го обнови неговиот договор со него до 2021 година. Оваа сезона дефанзивецот учествуваше на 14 натпревари од англиската Премиер лига, доби 1 жолт и 1 црвен картон. Арсенал со вчерашната победа над Лидс Јунајтед има 34 бода по 24 кола и…
Македонската кошаркарска репрезентација утрово замина за Перм, каде ќе има цел да обезбеди ново учество на Европското кошаркарско првенство. Добра вест за селекторот Александар Тодоров е тоа што за Русија патува во полн состав, затоа што во тимот се приклучија Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски. Нашата експедиција со специјален чартер-авион полета за Русија, поточно за Перм. Нашите најдобри кошаркари ги чека долг лет до крајната дестинација. Според планот кошаркарите би требало да пристигнат во 16.40 часот, односно во 20.40 часот по локално време. Македонија своите настапи во перм ги започнува со натпреварот на 18 февруари против Италија, а потоа следат дуели…
Голманот на РБ Лајпциг, Питер Гулачи проговори за претстојната пресметка со неговиот поранешен клуб Ливерпул во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. „Би било глупаво од нас да мислиме дека ќе биде лесно со Ливерпул. Тие загубија неколку натпревари, но немаа среќа. Не можете да давате заклучот за неколку недели, треба да донесете заклучоци од последните сезони. Ливерпул можеби изгуби малку самодоверба и форма, но играчите не губат квалитет преку ноќ. Земете го Алисон – тој направи две грешки против Манчестер Сити, но тоа нема да влијае на тоа што луѓето чувствуваат за него. Тој сè уште е меѓу најдобрите…
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го пофали тимот по победата над Лидс Јунајтед со 4:2. „Топџиите“ одиграа еден од своите најдобри натпревари во сезоната и поведоа со 4:0, но гостите потоа постигнаа два гола. Сепак, шпанскиот тренер беше задоволен од она што го виде на теренот. „Јас сум многу задоволен од победата и нашата игра против силен тим кој е во состојба да создаде проблеми на секого. Одигравме одлично. На паузата им реков на играчите дека Лидс нема да се предаде и ќе вложи максимални напори да го отежни натпреваро за нас. Требаше да одиграме добро и во вторите 45…
Францускиот дефанзивец од екипата на Манчестер Сити, Емерик Лапорт може да се пресели во Реал Мадрид, објави „Дејли Стар“. Според изворот, Реал Мадрид на 26-годишниот дефанзивец гледаат како потенцијална замена за Серхио Рамос, со кого клубот сè уште не договорил продолжување на договорот. Договорот на Рамос со Реал Мадрид ќе заврши во летото 2021 година. Лапорт оваа сезона одигра 14 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна гол и заработи три жолти картони. Неговата вредност во моментов се проценува на 60 милиони евра. Претходно стана познато дека Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед се зиантересирани за францускиот дефанзивец на Севиља…
