Author: riste

Пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје овој викенд организира меѓународен пливачки натпревар кој ќе се одржи во базенот на СЦ„Борис Трајковски“. Нашиот поранешен пливач Томи Стефановски е тренер во овој пливачки луб кој е организатор на овој натпревар кој има за цел да ја покаже формата и квалитетот на нашите млади пливачи во однос на нивните врсници од околните земји. „Овој викенд во базенот на СЦ „Борис Трајковски“ ќе одржиме натпревар каде ќе можеме да видиме до каде сме со напредокот на нашите пливачи, едно дружење под маски но натпревар со кој ќе им дадем шанса на пливачите не само да…

Read More

Милан одигра 2.2 против Црвена Ѕвезда во Белград и покрај тоа што имаше водство до пред самиот крај на натпреварот, а тренерот на Милан, Стефано Пиоли е задоволен што неговиот тим со позитивен резултат ќе го чека реваншот во Милано. „Одиме дома без победа што ќе ја заслужевме, но не успеавме да ја обезбедиме. Моравме да сториме повеќе против десет играчи на противникот и да не дозволиме толку многу простор за Црвена звезда. Нашиот пристап беше точен и направивме доволно за да заминеме со успех, но не го извлековме максимумот од ситуацијата. Можевме да постигнеме и трет гол, но најмногу…

Read More

Синоќа на посебна свеченост Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) ги прогласи најдобрите спортисти за изминатата 2020 година, а целата церемонија беше организирана според сите протоколи во СЦ „Борис Трајковски“ каде беа поделени признанијата за спортистките, спортистите и спортските работници. Очекувано, доминираа оние од фудбалот, затоа што Македонија за првпат ќе се најде на Европското првенство (ЕП) во фудбал. Горан Пандев и Вероника Костовска се спористи на годината, а награди добија Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), А-репрезентаацијата и предводникот на оваа селекција Игор Ангеловски. Најдобрите за 2020 година според АМС: СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Горан Пандев (фудбал) СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Вероника Костовска (карате)…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан може да ја продолжи професионалната кариера во Италија, објавија медиумите во Шпанија. Истите тврдат  дека Јувентус е заинтересиран за услугите на 48-годишниот француски тренер. Се вели дека претставници на клубот од Торино веќе стапиле во контакт со Зинедин Зидан. Да потсетиме, главен тренер на Јувентус е Андреа Пирло. Минатата сезона, Реал Мадрид под водство на Зидан стана шампион на Шпанија. Оваа сезона, клубот од Мадрид има 49 поени на 23 средби и е на 2-то место на табелата во Ла Лига. Јувентус има 42 поени на 21 натпревар и е на 4-то место на…

Read More

Играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин се врати на тренинзите со останатиот дел од екипата. Да потсетиме, белгискиот фудбалер се повреди на 20 јануари на мечот од англиската Премиер лига со Астон Вила (2:0). Де Бруин не можеше да го продолжи дуелот и беше заменет во 59. минута од средбата. Беше објавено дека поради повреда на тетивата, белгискиот интернационалец може да ги пропушти натпреварите до шест недели. Оваа сезона, играчот за врска учествуваше на 17 натпревари во Премиерлигата, постигна три гола и 10 асистенции. Манчестер Сити има 53 бода на 23 натпревари и е лидер во Англискиот…

Read More

Играчот на Евертон, Хамес Родригез сака да го напушти тимот и да се врати во Мадрид, објавија неколку медиуми на Островот. Според истите, колумбискиот фудбалер е незадоволен од временските услови во Англија и сака да се пресели во Атлетико Мадрид. Оваа сезона, 29-годишниот Родригез одигра 16 натпревари во Премиер лигата, на кои постигна пет гола и направи три асистенции. Поранешниот играч на Реал Мадрид се пресели во Евертон пред почетокот на тековната сезона. Неговиот договор со англискиот клуб трае до летото 2022 година. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 35 милиони евра. Претходно, Хамес играше за Баерн Минхен, Реал Мадрид,…

Read More

Последниот натпревар од Купот на Италија, финалето меѓу Аталанта и Јувентус може да се одигра на стадионот „Олимпико“ во Рим, а не на „Сан Сиро“ во Милано, како што првично беше планирано, пренесува „Фудбал Италија“. Финалето на Купот на Италија традиционално се одржува на Олимпискиот стадион во Рим, но оваа година УЕФА побара натпреварот да се игра на друг стадион, поради подготовките на стадионот „Олимпико“ за ЕП 2020. Сега УЕФА може да дозволи натпреварот да се одржи во главниот град на земјата, но наверојатно ќе биде одлучено да се игра оваа средба без гледачи на трибините. Италијанската фудбалска федерација ќе…

Read More

Играчот за врска на Јувентус, Адриен Рабио може да се пресели во Евертон, пренесува весникот „Сан“. Според изворот, Евертон ќе се обиде да го ангажира 25-годишниот француски играч во летниот преоден рок. Во тековната сезона, Рабио одигра 28 натпревари за Јувентус, на кои постигна гол, а заработи и седум жолти картони и еден црвен картон. Летото 2020 година, Евертон веќе се обиде да го купи овој играч, но играчот остана во Јувентус. Во исто време, интерес за играчот покажа и тренерот на Евертон Карло Анчелоти. Исто така, меѓу претендентите за Рабио беа Арсенал, Њукасл и Манчестер Јунајтед. Во јануари беше…

Read More

Килијан Мбапе беше sвездата на вечерта во пресметката помеѓу Барселона и ПСЖ. Неговата екипа во 1/8 финалето од Лигата на шампионите славеше убедливо, а тој постигна три гола. По натпреварот, Мбапе рече дека му е драго што неговиот тим победи со стил на „Камп Ноу“. „Ние сме многу среќни, тоа беше важна победа за нас. Сакавме да дојдеме тука и да победиме и го сторивме тоа со стил. Вечерва беше неверојатно, но сè уште не освоивме ништо”, рече Мбапе. „Јас секогаш сакам да го дадам најдоброто од себе за ПСЖ. Овој дрес многу ми значи. Не се победува секогаш и…

Read More

Тренерот на Барселона, Роналд Куман по поразот од ПСЖ со 1:4 во првиот 1/8 финален натпревар меѓу двата тима на „Камп Ноу“ секако дека не можеше да биде задоволен од ништо во неговиот тим. „Резултатот не покажува колку беше подобар ПСЖ. Тие беа многу поефикасни од нас. Првото полувреме беше порамноправно и при 1:0 Дембеле пропушти голема шанса да зголеми на 2:0. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми во одбраната. ПСЖ покажа дека тие се физички супериорни од нас. Мора да признаеме дека тие беа подобриот тим во второто полувреме. Беше очигледно дека имаат покомплетен состав и мора да…

Read More