Дел од стручниот штаб на Манчестер Јунајтед беше позитивен на КОВИД-19 на последното тестирање во Премиер лигата, пренесува „Мирор“. Весникот не ги споменува имињата, туку само прецизира дека бројот на оние кои дале позитивни тестови е три. Изданието додава дека ова се случи непосредно пред да замине екипата за Торино на 1/16-финалето против Реал Сосиедад и тие не беа дел од групата за натпреварот. Ситуацијата нема да влијае на денешниот домашен натпревар од 25. коло во Премиерлигата со Њукасл кој се игра од 20:00 часот. Манчестер Јунајтед ја потврди веста пред неколку минути со официјално соопштение во кое се вели…
Author: riste
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неколку играчи ќе го напуштат тимот ова лето. „Мислам дека сите наши играчи заслужуваат да останат тука многу години. Тие имаат исклучителни квалитети, без сомнение во тоа. Но, ситуацијата се менува од година во година, бидејќи има играчи кои се прилагодуваат на новите улоги, а има и такви кои не можат. Не станува збор за квалитет, туку за тоа дали можете да се вклопите во системот кој го играме на теренот и дали може играчот да ја добие посакуваната минутажа. Во таков момент, на играчот е подобро да си замине“, рече Гвардиола.…
Играчот за врска на Реал Мадрид, Каземиро, кој го постигна единствениот гол на натпреварот од 24-то коло во шпанската Ла Лига против Ваљадолид кој го доби Реал со 1:0, изјави дека е убеден во тоа дека тимот ќе бори за титулата во Примера. „Веруваме дека ќе се бориме за титулата до крај и знаеме дека секој натпревар е важен. Треба да се бориме за 42 поени, што е многу. Екипата знае дека е тешко, но ние веруваме дека сме во трка за шампионската титула“, изјави Каземиро по вчерашниот натпревар. Реал Мадрид има освоено 52 поени по 24 кола од Ла…
Маурисио Покетино веќе знае кој играч би сакал да го замени Килијан Мбапе во случај Французинот да го напушти ПСЖ. Името воопшто не изненадува, бидејќи според „Мирор“ станува збор за голгетерот на поранешниот тим на Аргентинецот – Хари Кејн. Само пред неколку дена се појави информација дека Тотенхем поставиле цена од 150 милиони фунти (173 милиони евра) за нивната голема везда. Сепак, парите нема да бидат проблем за парижаните, особено ако Мбапе биде продаден на Реал Мадрид, како што се пишува сè почесто во последно време. Според „Ле Паризиен“, од ПСЖ ќе побараат 200 милиони евра за Французинот во случај…
Ракометарите на Вардар не се во добра форма, а шанса за поправање на истата имаат денес против екипата на Елверум. За жал тренерот Стевче Алушовски во битката за нови бодови во Лигата на шампионите нема да може д асмета на најсилниот состав бидејќи ќе му недостасуваат голманот Борко Ристовски и средниот бек Ловро Јотиќ. „Црвено-црните“ долго време не знаат за победа во ова натпреварување и во моментов се на последната позиција, а шанса да го избегнат последното место треба да им биде Елверум со кого ќе одиграат два натпревари во Скопје. Првиот се игра денес од 16 часот во СЦ…
Можеби се очекуваше неизвесно и возбудливо финале, но Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека тој е главниот во Мелбурн и трета година по ред успеа да го освои трофејот на Австралија Опен. Првиот рекет на светот покажа моќ, доминација и квалитет и едноставно не му дозволи на Данил Медведев да се надева на било каков позитивен резултат, едноставно го збриша со 3:0 во сетови. Ѓоковиќ го доби првиот сет со 7:5, додека веќе во вториот сет покажа дека нема да дозволи никакво изненадување и поведе со 2:0 благодарение на подобрата игра со 6:2. Во истиот стил продолжи и во треттиот…
Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик ги пофали своите играчи, и покрај тоа што загубија со 1:2 од Ајнтрахт Франкфурт на натпревар од Бундеслигата. Во понеделникот шампионот едвај стигнаа до 3:3 со Арминија (Билефелд) на домашен терен, што му дава шанса на РБ (Лајпциг) да се доближи на само 2 поени. „Последните неколку недели беа доста бурни за нас, и ние сме луѓе. Сепак, горд сум на момчињата“, рече Флик. „Денес не влеговме добро во натпреварот, а Ајнтрахт е во сензационална форма и игра многу брзо. Ако бевме на ниво на второто полувреме во текот на целиот натпревар, победникот ќе…
Фудбалерот на Ливерпул, Роберто Фирмино го одигра својот љубилеен 200-ти натпревар во дресот на Ливерпул во шампионатот на Англија. Роберто Фирмино е само петти Бразилец што го постигнал тоа. Претходно, играчите од средниот ред Вилијан (252), Лукас Леива (247), Фернандињо (235) и дефанзивецот Давид Луис (207) одиграа 200 или повеќе натпревари во Премиерлигата. Фирмино го постигна ова на големото дерби меѓу големите градски ривали Ливерпул и Евертон.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одложи натпреварот од деветтото коло на групата Д во Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен. Причината е неможноста германскиот клуб да допатува во Битола, а целосно да ги испочитува мерките за заштита во ковид-криза донесени од германската влада. Рајн Некар Левен мора во рок од 48 часа да пристигне во Македонија со негативен ковид-тест, да го одигра натпреварот и да се врати дома. Клубот од Бундеслигата не пронајде таква опција и побара од ЕХФ одложување. РК Еурофарм Пелистер ја прифаќа одлуката на Европската ракометна централа…
Французинот Метју Февр ја освои титулата во велеслалом на трката од Светскиот шампионат во Кортина Д’Ампецо. Французинот иако не беше меѓу фаворитите сепак стигна до златен медал, а до тоа дојде откако го искористи киксот на фаворитите. Зад Февр, заврши Де Алипрандини од Италија, кој исто така не беше фаворит за подиумот. Бронзениот медал од оваа трка му припадна на Марк Шварц од Австрија, додека зад него заврши Филип Зубчиќ од Хрватска. Разочарувачки настап имаше Кристоферсен кој заврши деветти, додека водечкиот од првата трка Алексис Пинтро не ја заврши втората трката.
