Author: riste

Манчестер Јунајтед понуди договор за играчот од средниот ред на ПСЖ Адриен Рабио, објави „Мундо Депортиво“. 24-годишниот Французин ќе стане слободен агент следниот месец и може да преговара со секој кандидат за неговиот потпис. „Црвените Ѓаволи” се обидуваат да ја победат конкуренцијата и веќе почнаа преговори за да го привлечат на „Олд Трафорд“. Рабио е во очите на уште неколку клубови, меѓу кои и Јувентус, Барселона, Реал Мадрид и Бетис. Во моментов, сепак, се верува дека тој е најблиску до Јунајтед, бидејќи англичаните се најистакнати и се подготвени да ги задоволат неговите барања. Интересен е фактот што во еден период…

Read More

Раководството на Манчестер Сити ја отфрли понудата со вредност од  70,7 милиони фунти од Баерн Минхен за крилниот играч Лерој Сане, тврди „Дејли Меил”. Баварците веќе долго време го сакаат поранешниот играч на Шалке 04 и се надеваат дека ќе можат да го реализираат договорот до крајот на трансфер периодот. Најголемиот проблем е што Сане е еден од најважните играчи на „граѓаните” и Пеп Гвардиола не сака под никакви околности да се раздели со него. 23-годишниот фудбалер е баран од баерн Минхен затоа што е сметан за наследник на ветераните Франк Рибери и Ариен Робен, кои веќе нема да бидат…

Read More

Голманот на Интер Самир Хандановиќ ќе добие нов договор од клубот. Тековниот договор на словенечки голман е до 2021 година, добивајќи 3,2 милиони  евра по сезона. Од „Џузепе Меаца“, сепак се многу задоволен од одличната сезона на 34-годишниот голман и сакаат да го обврзат да остане уште една година, односно до 2022 година. Хандановиќ беше одличен во дресот на Интер во Серија А, каде што прими 33 гола на 38 натпревари. Тој имаше дури 17 „сува” мрежи во шампионатот за време на оваа сезона, но со своите одбрани во последното коло против Емполи директно му помогна на својот тим да…

Read More

Кошаркарките на Вардар со 3:0 во финалната серија од Плејофот во домашното првентсво во женска сениорска конкуренција триумфираа над противничките од Бадел 1862. „Вардарки“ предводени од Жаклина Стојановска трипати за една недела славеа над противничкиот тим и сосема заслужено ја освојуваат титулата. Вардар го победи Бадел 1862 со 75:44, 63:83 и синоќа 79:65. За кошаркарките на Вардар ова е премиерна титула во оваа конкуренција. Токму Славица Наков од Вардар ја доби наградата најкорисен играч (MVP) на финалната серија.

Read More

Антонио Конте и официјално е новиот тренер на Интер, објави официјалниот сајт на клубот. Конте претходно работел во Јувентус и Челзи, но беше и селектор на Италија. Според извештаите на медиумите, договорот со 49-годишен тренер ќе биде до 2022 година. Конте го предводеше Јувентус од 2011 до 2014 година, по што почна да работи во италијанската репрезентација. По две години со националниот тим, тренерот се пресели во Челзи, од каде што беше отпуштен минатото лето и од тогаш тој е без клуб. Екипата на Интер под раководство на Лучијано Спалети го освои четвртото место во Серија А и се пласираше во Лигата на шампионите. Во…

Read More

Водечките пет европски фудбалски првенства регистрираа рекордни приходи за сезоната 2017/18 како резултат главно на новиот договор за телевизиските права во Германија и зголемените средства од УЕФА за учеството на англиските клубови во Лигата на шампиони, се вели во извештајот на сметководствената куќа „Делоит”. Вкупните приходи од петте топ првенства – Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција, изнесуваат 15,6 милијарди евра, што е за 6 % повеќе во споредба со претходниот сезона. Премиерлигата лигата го задржува првото место според приходи на клубовите во износ од 4,8 милијарди фунти, а зголемувањето доаѓа од фондовите на УЕФА за учеството за првпат на…

Read More

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос официјално останува во клубот. Ова беше објавено на прес-конференција денес. Шпанскиот дефанзивец добил многу поволна понуда од еден кинески клуб, но Рамос не би можел да биде ослободен без пари. Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Претседателот Перез беше решен дека капитенот треба да остане на „Сантијаго Бернабеу“. „Сакам да одговорам на сите гласини. Подобро место да се направи тоа на официјална прес-конференција и нема. Сакам да бидам јасен за мојата иднина и да ги објаснам сите шпекулации. Јас сум „Мадридиста“ и сакам да ја завршам мојата кариера овде. Ако бев претседател на клубот, би…

Read More

По историскиот успех на екипата на Аталанта и пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите сосема очекувано дојде до договор меѓу клубот и тренерот за продолжување на соработката. Тренерот на Аталанта Џан Пиеро Гасперини ќе продолжи да го води тимот од Бергамо, објави претседателот на клубот, Антонио Перкаси, на официјалната веб-страница на клубот. Под водство на 61-годишниот тренер, Аталанта оваа сезона премиерно обезбеди пласман во Лигата на шампионите освојувајќи го 3-то место во Серија А. Гасперини беше една од опциите за тренер во Рома, бидејќи Клаудио Раниери, кој е привремен тренер на екипата, нема да остане на „Олимпико“ за…

Read More

Агенцијата за млади и спорт денеска ги додели ваучерите за Националните спортски федерации, мерка која беше одамна најавена, а е во насока на подобрување на работата на спортските федерации, преку изнаоѓање партнери за соработка кои ќе ги искористат поволностите од законот за ослободување од законот за добивка. Беа доделени ваучери на 40 спортски федерации, а во наредните денови ќе им бидат доделени исто такви ваучери на клубовите и спортските поединци. Со оваа мерка од страна на Владата очекуваат да бидат доделени ваучери во вредност од 6 милиони евра. Доделувањето на ваучерите на федерациите го извршија директорот на АМС, Дарко Каевски,…

Read More

Голманот на Јувентус Војчех Шчесни започнува со рехабилитација, откако имаше операција на коленото, потврдија од италијанскиот шампион. 29-годишниот полски репрезентативец се подложи на лекарска интервенција на коленото на десната нога во клиника во Барселона. Шчесни се приклучи на Јувентус од Рома во 2017 година, но го пропушти крајот на последната сезона во Италија. Голманот одигра 27 натпревари во дресот на „бјанконерите”, кои триумфираа и оваа година и ја освоија рекордната осма последователна титула во Серија А. Војчех Шчесни, кој е висок 195 сантиметри, е поранешен голман на Арсенал и Брентфорд. Во репрезентацијата на Полска има 42 одиграни натпревари, но поради…

Read More