Голманот на Севиља, Боно, имаше уште еден натпревар во кој не прими гол, односно имаше рекордна „сува мрежа“ во победата од 2:0 како гостин над Осасуна во натпревар од 24-то коло во Ла Лига. Чуварот на мрежата на Севиља го одигра петтиот последователен натпревар без примен гол во шпанското првенство. 29-годишниот Мароканец не ја вадел топката од својата мрежа цели 517 минути, што е рекорд за клубот во Ла Лига. Тој сега е пред Бета (516 минути) и Андрес Палоп (511). Боно оваа сезона одигра 31 натпревар за Севиља, со 18 „суви мрежи“ и примени 19 голови.
Author: riste
Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак го пофали тренерот на својата екипа Диего Симеоне со комплименти пред 1/8 финалниот дуел од Лигата на шампионите против Челзи вечерва во Букурешт. „Тој е одличен тренер. Не е лесно да се биде во тим толку многу години. Има малку тренери во светот кои работеле долго време за некој клуб и секогаш го држеле на врвот. Такви беа Фергусон во Манчестер Јунајтед и Арсен Венгер во Арсенал. Диего е во Атлетико веќе девет години и не му е лесно секоја година да го мотивира тимот да прави што сака. Мора да бидете добар мотиватор,…
Тренерот на Атлетико (Мадрид), Диего Симеоне, со пофалби зборуваше за неговиот колега од Челзи, Томас Тухел, во пресрет на претстојното осминафинале меѓу двата тима од Лигата на шампионите. „Челзи многу се смени под водство на Томас Тухел. Тие имаат неколку одлични играчи во својот тим и генерално вложија многу пари во клубот. Имаат голмани на многу високо ниво и нивните напаѓачи можат да играат за која било екипа во Европа”, – рече Симеоне. „Но, ние го имаме Суарез. Тој е роден голгетер и неговото присуство му дава на тимот самодоверба. Сакаме да победиме на овој натпревар против силен противник кој…
Лидерот на табелата во шпанската Ла лига, Атлетико Мадрид го пречекува Челзи вечерва од 21.00 часот на „Арена Национал“ во Букурешт во првиот 1/8 финален дуел од Лигата на шампионите. Натпреварот требаше да се одигра на „Ванда Метрополитано“, но поради ограничувања поради пандемијата на коронавирусот за англиските тимови во европскиот клупски натпреварувања, домаќинот мораше да биде преместен во главниот град на Романија, Букурешт. Атлетико Мадрид е во лоша форма, има само 1 победа на последните 4 натпревари во Примера. Во последното коло Атлетико дури загуби на домашен терен од леванте со 0:2. Против себе, момчињата на тренерот Диего Симеоне ќе…
Екипите на Лацио и Баерн (Минхен) ќе се сретнат вечерва од 21.00 часот на „Олимпико“ во Рим во првиот 1/8 финален меч од Лигата на шампионите. Двете екипи никогаш не играле едни против други и ова го прави дуелот уште повозбудлив. Баварците се актуелен освојувач на трофејот, а во Катар ја додадоа и титулата на Светското клупско првенство, што беше шести можен клупски трофеј во сезоната. По триумфот, Баерн покажа слабост во Бундеслигата. Прво, едвај стигна до нерешен резултат 3:3 против Арминија (Билефелд), а во последното коло загубија со 1:2 од Ајнтрахт Франкфурт. Овие резултати секако ја разнишаа самодовербата кај…
ПСЖ планира да го обнови интересот за дефанзивецот на Арсенал, Ектор Белерин, соопшти „CBS Sports“. Според изворот, Белерин сака нов предизвик во друг клуб. Во врска со ова, некои европски клубови, вклучително и ПСЖ, размислуваат за потпишување договор со играчот во текот на летниот преоден рок. Ектор Белерин е потекнува од фудбалката школа на Барселона, но Арсенал го купи Шпанецот за 500 илјади евра летото 2011 година на 16-годишна возраст. Неговиот договор со „Топџиите“ е со важност до 30 јуни 2023 година. Во моментов неговата пазарна вредност се проценува на 28 милиони евра. Оваа сезона од англискиот шампионат, Белерин учествуваше…
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се опорави од коронавирусот, соопшти прес-службата на клубот. Во текот на изминатите два дена, првиот човек на Реал Мадрид поминал два теста на Ковид-19, и двата беа негативни. Перез нема да лета со тимот за Италија на првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите со Аталанта, но ќе се сретне со играчите денес пред да заминат за Италија. Инфекцијата на Перез со коронавирусот беше објавена на 2 февруари. Беше објавено дека претседателот на Кралскиот клуб е асимптоматски. Натпреварот Аталанта – Реал Мадрид ќе се одигра утре, 24 февруари, на стадионот „Атлети Азури“…
Мега ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо се доближи до рекордот на Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ. Португалецот погоди двапати во победата од 3:0 над Кротоне во натпревар од 23-то коло во Серија А. Така, екипата на Кротоне стана 78-от клуб во топ 5 шампионатите во Европа против кого Кристијано Роналдо постигнал гол. Златан Ибрахимовиќ е сега на само еден клуб повеќе од Роналдо затоа што од 2000 година, има постигнувано го на 79 различни тимови. Во Серија А, Роналдо веќе постигна гол против сите ривали на Јувентус – 18.
Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло изјави дека неговиот тим не се има отпишано од титулата во Серија А и ќе се бори до крајот со лидерот Интер за трофејот. Поранешниот играч за врска зборуваше по победата над Кротоне со 3:0, со што „бјанконерите“ се вратија во топ 3 на табелата. Два гола за успех постигна Кристијано Роналдо, а еден Меккени. „Почнавме нервозно заради најновите резултати, но потоа головите ни дадоа мир и игравме подобро. Најважно е што ги освоивме трите бода на домашен натпревар. Во сабота имаме натпревар со Верона и само после тоа можам да кажам на кои играчи…
Нашата кошаркарска репрезентација забележа голема победа во дуелот против Италија, славеше со 87:78 и со тоа ги задржа шансите за пласман на ЕП. Македонија одигра лошо во првото полувреме, односно во првите две четвртини во кои прими 52 поени, а имаше негатива од -16 (34:50), за во вториот дел одигра онака како што сите посакувавме и да дојде до резултатски пресврт. Третиот период Македонија го доби со 26:13 и дојде до преднност од 67:65, резултат со кој ја започна последната четвртина во која исто така одигра одлична одбрана и прими само 13 поени, наспроти 20 постигнати што беше доволно за…
