Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија втората победа во оваа сезона од СЕХА лигата откако вечерва го „демолираа“ тимот на Татран прешов со убедливи 12 голови разлика, 28:16. Резултатот од првото полувреме не најавуваше вака убедлива победа на Еурофарм Пелистер затоа што го добија со 11:7, но сепак одличната игра во одбрана во вториот дел и само 9 примени голови, за разлика од дури 17 постигнати беа доволни Еурофарм Пелистер да ми нанесе тежок пораз на тимот од Прешов. Во редовите на домашната и победничка екипа најрасположен беше Елмир Граџан со седум гола додека Периќ постигна шест, а на голот…
Author: riste
ПСЖ сака да го засили својот тим во летниот преоден рок главно преку ангажирање на слободни агенти. Во текот на летото 2021 година, напаѓачот на Барселона – Лионел Меси, дефанзивецот на Баерн – Давид Алаба, кој веќе најави своето заминување од клубот по крајот на договорот со тимот од Минхен, напаѓачот на Лион – Мемфис Депај, играчот за врска на Ливерпул – Жоржоњо Вајналдум и дефанзивецот на Наполи – Хисај се на спосокот на желби на ПСЖ и според „ЕСПН“ тоа планираат да ги купат како слободни играчи. Сепак, приоритет е да се задржат клучните играчи. Според одредени извори, спортскиот…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп одби да зборува на деликатната тема за голманот на тимот Алисон Бекер, кој вчера го загуби таткото во несреќа. Германецот рече дека не е време воопшто да се размислува дали да смета на својот стартен голман на неделниот натпревар со Шефилд Јунајтед. Сепак, Диого Жота има шанса да се врати во игра за прв пат од декември, додека Џејмс Милнер и Фабињо најверојатно ќе продолжат со тренинзите утре, па за нив натпреварот во недела би бил прерано. Последниот повреден играч е капитенот Џејмс Милнер, за кого Клоп изјави дека има шанса да одигра уште неколку…
Селекторот на женската ракометна сениорска репрезентација, Симе Симовски денес го објави поширокиот список на 35 ракометарки за претстојниот квалификациски турнир за бараж за Светско првенство. Женската репрезентација на Македонија ќе игра во група 2 против репрезентациите на Исланд, Литванија и Грција. Ракометната федерација на Македонија ја доби можноста да биде оранизатор на турнирот, откако Грција се откажа од организација. Од оваа група првите две пласирани селекции ќе обезбедат место во баражот за СП во Шпанија кон крајот на декември. Турнирот ќе се одигра од 19 до 21 март во СЦ „Борис Трајковски“.
ЕХФ денес ги регистрираше сите одложени натпревари, а нашите екипи добија бодови од некои неодиграни средби. Двократниот европски првак Вардар доби бодови од натпреварите кои не ги одигра во предвидениот термин, еден против Флензбург и два против ПСЖ. „Црвено-црните“ дојдоа до победа над Флензбург за неодгираниот натпревар во Германија, а добија еден бод и од натпреварот против ПСЖ во Париз кој двапати се одложуваше. Од третиот меч против ПСЖ, Вардар не доби ништо, односно победата му беше доделена на францускиот тим. Останатите наши екипи Еурофарм Пелистер и Металург добија бодови од одложените средби. ЕХА му додели победа на Еурофарм Пелистер за мечот со Рајн…
Португалскиот ракометен клуб Порто официјално потврди дека голманот на оваа екипа и португалската репрезентација Алфредо Кинтана починал денеска во претпладневните часови во клиниката Сао Жоао. Неговиот клуб денес објави дека докторите и покрај сите напори не успеале да го спасат Кинтана, кој во понеделникот на тренинг имаше срцев удар и од тогаш беше во кома. Кинтана почина на 32-годишна возраст, а оваа сеозна го чуваше голот на Порто заедно со нашиот репрезентативен голман Никола Митревски. Тој е роден во Куба, а за португалската репрезентација настапуваше од 2014 година, имаше одиграно 56 натпревари и постигна 7 погодоци. Кинтана беше еден од…
Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ, од денеска е нов тренер на грчкиот клуб ПАОК каде настапува репрезентативен техничар, Филип Деспотовски. Од клубот ја потврдија соработката со 67-годишниот српски стратег кој поголемиот дел од својата тренерска кариера ја мина водејќи екипи од Франција, а работеше и во Тунис и Летонија. Матијашевиќ е на клупата на Македонија од 2018 година и под негово водство обезбедивме историско прво учество на Европскиот шампионат во 2019 година, а меѓу најдобрите на стариот континент ќе бидеме и на претстојно ЕП.
Италијанскиот тим Интер на својата официјална веб-страница објави дека клубот го зафатила епидемија на коронавирусот. Според резултатите од тестирањето, инфекцијата е откриена кај генералниот директор на „нероазурите“, Џузепе Марота , неговиот помошник Алесандро Антонело, спортски директор Пјеро Аусилио, адвокатот Анџело Капелини и еден член од стручниот штаб на тимот, чие име не беше прецизирано. https://twitter.com/Inter/status/1364881975811715077 Од клубот најавија дека сите ќе ги следат процедурите утврдени со здравственот протокол.Интер во моментов е лидер на табелата со 53 бода, пред најблискиот ривал, Милан кој има 4 бода помалку. На 28 февруари Интер треба да игра против Џенова како дел од 24 коло…
Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората го пропушти тренингот на тимот од Торино, што се одржал вчера, се наведува на официјалната веб-страница на Јувентус. Причината за пропуштање на тимскиот тренинг е вирусна инфекција. Претходно, тренерот на Јувентус, Андреа Пирло изјави дека на Мората му се слошило во соблекувалната по 1/8 финалниот натпревар од Лигата на шампионите со Порто (1:2). Мората се пресели во Јувентус од Атлетико Мадрид на позајмица во септември 2020 година. Оваа сезона, 28-годишниот играч учествуваше на 18 натпревари од италијанската Серија А, постигна 4 гола и 7 асистенции. Јувентус има 45 поени од 22 натпревари и е на…
Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала одлета за Барселона на консултација со познат хирург. Фудбалерот е придружуван од еден од членовите на медицинскиот персонал на Јувентус. Според „Фудбал Италија“, Аргентинецот не гледа подобрување во процесот на опоравување по повредата на коленото. Ситуацијата го загрижува и тренерот на Јувентус, Андреа Пирло. Хирургот Кугат ќе го советува Дибала за можна операција на коленото, што може да биде потребна доколку повредата е посериозна отколку првично се мислеше. Дибала се повреди на 10 јануари на натпреварот од 17-то коло на италијанската Серија А против Сасуоло. 27-годишниот Аргентинец го напушти теренот во првото полувреме, а оваа…
