Димитриос Грамоцис официјално е новиот тренер на Шалке 04. Екипата од Гелзенкирхен го објави назначувањето на 42-годишниот грчки тренер на нивната клупска веб-страница. Поранешниот дефанзивец и дефанзивен играч за врска роден во Вупертал има договор со германски тим до 30 јуни 2022 година. Грамоцис ќе го направи својот прв тренинг денес на кормилото на Шалке, а Свен Пијпенброк и Мајк Бускенс ќе му се придружат на неговиот тим како асистенти. Во досегашната кратка тренерска кариера, Грамоцис го водеше вториот тим на Бохум, а помеѓу 2019 и 2020 година беше на чело на Дуизбург. Шалке во моментов се наоѓа на последното 18-то…
Author: riste
Откако заврши групната фаза на Европската ракометна лига, организаторот на натпреварувањето го одреди костурот за нокаут фазата. Единствен македонски претставник е Еурофарм Пелистер кој веќе знае кои клубови му стојат на патот до историски „фајнал-фор“ во месец мај. Дуелот со Магдебург во осминафиналето е секако голем предизвик за битолчани, но доколку ја поминат оваа пречка, тогаш би можеле да се сретнат со победникот од двомечот меѓу Кристијанштад – Адемар Леон. На спротивната страна од костурот се други фаворити за завршниот турнир како францускиот Монпелје и германскиот Фуксе Берлин. Натпреварите од осминафиналето се играат на 23 и 30 март, додека четвртфиналето…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, даде многу интересна изјава во врска со тврдењата дека „граѓаните“ во моментов се најсилниот тим во Европа. Шпанецот истакна дека значајни трофеи не се освојуваат во март, па неговиот тим се уште нема постигнато ништо оваа сезона. Во овој контекст, Пеп рече дека во моментов најдобар тим во Европа е Баерн (Минхен), а во Премиер лигата – Ливерпул, кој и понатаму е актуелен шампион. „Најдобар тим во Европа е Баерн затоа што освоија се што е можно. Во Англија шампион е Ливерпул, тие се најдобри. Ако сакате да земете нечија круна, мора да ја…
Тренерот на францускиот тим Рен, Жулиан Стефан поднесе оставка, објави клубот на својата официјална веб-страница. Рен моментално е деветти на табелата во Лига 1, а нема победа во последните 6 натпревари и е во серија од три последователни порази. Минатиот викенд, Рен загуби на домашен терен со 1:2 од Ница. Последната победа на тимот беше во јануари – 2:1 како гостин против Брест. Под водство на Жужиан Стефан, Рен се пласираше во Лигата на шампионите минатата сезона, а во 2019 година триумфираше во Купот на Франција. Стефан го презеде тимот во декември 2018 година.
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти двата натпревари од 1/8-финалето во Лига Европа со Манчестер Јунајтед поради повреда на мускулот, објавија денес медиумите во Италија. Првиот натпревар на Милан против Манчестер Јунајтед ќе се одигра на 11 март, реваншот ќе се одржи на 18 март. Да потсетиме, шведскиот напаѓач се повреди на мечот од 24. коло на италијанскиот шампионат со Рома (2:1) и беше заменет во 56. минута од средбата. На негоо место во игра влезе напаѓачот Рафаел Леао. За Ибрахимовиќ се вели дека има мускулни проблеми на левиот бут. Во тековната сезона од Лига Европа, Златан Ибрахимовиќ…
Дефанзивецот на Баер Леверкузен, Тимоти Фосу-Менса е сериозно повреден, објави „Л’Екип“. 23-годишни фудбалер заработи повреда на последниот натпревар одигран вчера. Според резултатите од лекарскиот преглед, му била дијагностицирана руптура на предниот вкрстен лигамент на десното колено. Закрепнувањето треба да трае од шест до девет месеци. Така, Фосу Менса нема да и помогне на репрезентацијата на Холандија на претстојното Европско првенство, што ќе се одржи ова лето. Во групната фаза од натпреварувањето, репрезентацијата на Холандија ќе игра со Австрија, Украина и Македонија. Фосу-Менсах се приклучи на Баер Леверкузен кон средината на јануари од Манчестер Јунајтед. Останаа шест месеци до истекот на…
Државна видеолотарија денес ја објави најновата соработка со еден од најголемите спортисти во историјата на Македонија. Ново заштитно лице на Државна видеолотарија е најдобриот ракометен десен бек на светот, Кирил Лазаров. „Привилегија е да се стане партнер со спортист чии подвизи ги видела цела Европа и ги слушнал целиот свет. Ликот на Кире Лазаров и неговиот професионален пристап кон спортот е симбол на тоа каков однос и ние сакаме да негуваме кон спортот и каква посвета и сериозност треба да има секој во она што го работи“ велат од Државна видеолотарија. „Задоволство ми е што можам да кажам дека сум…
Во екипата на Еурофарм Пелистер најавуваат натпревар без калкулации, сакаат со победа да го завршат групниот дел од Европската лига, тоа го најавува и Мирко Радовиќ. „Нема калкулации од наша страна. Патуваме во Швајцарија да дадеме максимум. На првиот натпревар ремизиравме и имаме нешто да им вратиме. Во одлична форма сме, имаме пет победи во серија и сакаме хемијата да остане на ова ниво. Имаме одличен колективен дух, одиме да се бориме до последниот атом од силите, па ќе видиме дали тоа ќе биде доволно. На првиот натпревар покажаа дека не се предаваат, играат до последната секунда. Независно колку е…
Ракометарот на Еурофарм Пелистер Ненад Костески пред мечот со Кадетен Шафхаузен го кажасвоето очекување од оваа средба. „Остваривме пет победи во низа и натпреварот против Татран ни беше многу важен, за да ја задржиме хемијата како досега. Верувам дека ќе издвојуваме добар резултат во Шафхаузен. Се подготвуваме добро, ги анализираме и знаеме дека не смееме да ги потцениме. Кадетен Шафхаузен е одлична екипа. Како што знаете, тука во Битола одигравме нерешено, а тие на домашен терен знааат да одиграат добро. Затоа мора да бидеме сите заедно, цел тим како едно и да се бориме за подобар пласман понатаму во Лига…
Ракометарите на Вардар го одиграа можеби најлошиот натпревар во СЕХА лигата и заслужено загубија од Мотор Запорожје на гостувањето во Украина. Конечниот резултат од 30:23 ја покажува целата слика на овој натпревар во кој Вардар влезе лошо со тоа што губеше со 6:0 во 11 минута кога го постигнаа првиот гол, а тоа беше знак дека не може да се очекува добар резултат на ова гостување. Така продолжија и во останатиот дел од првото полувреме кое го загубија со 16:9, за во вториот дел да продолжат со иста игра и да му дозволат на противникот да има највисока предност од…
