Author: riste

Арсенал е подготвен да ги слушне понудите за напаѓачот Александре Лаказет во текот на летото, пишува „Фудбал Лондон“. Договорот на Французинот истекува за една година, па од „Емирати“ се подготвени да го продадат доколку добијат задоволителна понуда за него. Во оваа фаза се чини дека Арсенал нема намера да му понуди нов договор на Лаказет, што дополнително најавува претстојна разделба на лето. Нешто слично се забележа од зборовите на менаџерот Микел Артета на оваа тема пред некое време. „На лето ќе разговараме за тоа што ќе правиме. Во моментов не разговаравме на темата за новиот договор со Лаказет. Јас сум…

Read More

Крилниот играч на Челзи, Хаким Зиеш, може да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, тврда медиумите во Шпанија. Според истите, 27-годишниот Мароканец има проблеми со адаптацијата во Лондон и не е дел од идните планови на новиот менаџер Томас Тухел. Атлетико може да го купи Зиеш доколку ги продадат непотребните играчи во клубот за време на летниот преоден рок. Мароканецот се пресели во Челзи од Ајакс летото 2020 година за 40 милиони евра. Во сезоната 2020/21, играчот има 22 натпревари за „сините“, со 2 гола и 4 асистенции во сите натпреварувања, а неговата вредност во моментов се проценува на 45…

Read More

Ракометарот на РК Вардар, Мартин Карапалевски пред натпреварот со Мешков Брест истакна дека многу е важно да го неутрализираат Скубе за да дојдат до победа на оваа средба. „Мораме добро да одиграме. Треба добро да се внимава на Скубе, тој е нивниот мотор. Се оди преку него. Ако него го сопреме ќе биде полесно. Тој не знае нас, ние го знаеме него. Секој меч сезонава во Лигата на шампионите е различен, но подеднакво тежок. Ние играме добро, барем на последните натпревари во ЛШ, иако немавме многу среќата на некои од последните, или пак во последните моменти грешевме. Секако проблем е…

Read More

Предводникот на Вардар, Стевче Алушовски пред последниот натпревар од групбата фаза на ЛШ против Мешков Брест вели дека никако не смее да се повтори играта од Украина и дека мора да одиграат многу квалитетно доколку сакаат победа на оваа средба. „За нас е последен во групната фаза од Лигата на шампионите сезонава. Важен натпревар за нас, и ако се биде според најавите би требало да бидеме на 6. место на табелата и би играле веројатно со Кил. За нас е најважно што треба да ја подигаме формата, да се докажуваме на секој натпревар. Она последното гостување во Украина не бевме…

Read More

Олимпик Марсеј го раскина договорот со поранешниот тренер Андре Вилаш-Боаш. На 2 февруари, португалскиот тренер доби отказ откако сакаше да даде оставка поради несогласување со политиката на клубот. Управата објави дека договорот е раскинат со заедничка согласност и му се заблагодари на Вилаш-Боаш за неговиот придонес во развојот на деветкратниот шампион на Франција. 43-годишниот Португалец го наследи 60-годишниот Хорхе Сампаоли, кој веќе пристигна во Франција. Аргентинецот сега ќе има 7-дневен карантин поради пандемијата на коронавирусот, а потоа ќе почне со работните обврски во Олимпик Марсеј.

Read More

Раководството на КФСМ денес одржа прес-конференција на која даде свое мислење за завршените квалификации за ЕП и настапота на нашата кошаркарска репрезентација во овие квалификации. Првиот човек на федерацијата Перо Антиќ изјави дека тој и неговите соработници не размислуваат да поднесат оставка по неуспехот на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП 2022 година. Антиќ одговори дека биле зоздадени сите услови, но не зависи од нив резултатот, туку од играчите, тие како федерација ги обезбедиле сите услови за да кошаркарите почнат да бележат успеси. „Не размислувам за оставка. Резултатот останува на играчите, не може да влеземе на терен…

Read More

Напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо постигна гол на мечот со Специја за победа на неговата екипа од 3:0 во 25. коло од италијанскиот шампионат, а со тоа дојде до историско достигнување. Според информациите кои беа објавени веднаш по натпреварот, Кристијано Роналдо е првиот играч кој постигнал над 20 гола во секоја од последните 12 сезони во најдобрите 5 европски лиги. Во тековната сезона на италијанскиот шампионат, 36-годишниот Португалец има точно 20 постигнати голови и 2 асистенции на 21 средба. Вкупно, тој помина 30 натпревари оваа сезона, на кои постигна 27 гола и даде 3 асистенции. Да потсетиме, неговиот договор со…

Read More

Трикратниот светски шампион со репрезентацијата на Бразил, легендарниот  Пеле беше вакциниран против коронавирус. Кралот на фудбалот го објави ова на својот Инстаграм профил. „Денес е незаборавен ден. Бев вакциниран”, напиша 80-годишниот Пеле под фотографијата, на која се гледа дека се вакцината во десното рамо. Легендарниот фудбалер ги повика своите обожаватели да не забораваат дека пандемијата продолжува и потсети на потребата да се следат хигиенските правила, ако е можно да останете дома и кога сте во јавност да носите маска и да одржувате социјална дистанца. „Ќе помине ако мислиме на нашиот сосед и си помагаме едни на други“, рече единствениот трикратен…

Read More

Челзи и ПСЖ веќе стапиле во контакт со голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, за да започнат разговори за неговото ангажирање, тврдат одредени новинари во Италија. Договорот на 22-годишниот талентиран голман истекува на лето и тој сè уште не може да се договори со „росонерите“ за неговото продолжување. Во исто време, тој може лесно да преговара со други клубови и да потпише прелиминарен договор со еден од нив, доколку смета дека е добро за него. Челзи и ПСЖ веќе подолго време се обидуваат да дојдат до Донарума, а шансата да го искористат тоа без плаѓање обештетување дополнително ги мотивира. Затоа, тие…

Read More

Синоќа Манчестер Сити на стадионот „Етихад“ го одигра воведниот натпревар од 29. коло од англиската Премиер лига против Вулверхемптон. Средбата заврши со победа на избраниците на Пеп Гвардиола со резултат 4:1. Како што беше објавено на Твитер, Манчестер Сити не бил поразен од ниту еден тим во Премиерлигата на последните 19 натпревари, што одговара на рекордот на Арсенал поставен од декември 1998 година до мај 1999 година … Манчестер Сити има освоено 65 поени на 27 натпревари и е на 1-то место на табелата во англиската Премиер лига. Во следното коло, Манчестер Сити ќе бидат домаќини на Манчестер Јунајтед на…

Read More