Author: riste

Катарскиот тим Ал-Сад, чиј тренер е легенда на Барселона и шпанскиот фудбал, Чави Ернандез, стана шампион на Катар. Ал Сад го победи Ум-Салал со 3:0 како гостин во натпревар од 18-тото коло на шампионатот на Катар. Така, Ал-Сад е недостижен на врвот на табелата со 16 победи и 2 нерешени натпревари, а оваа екипа има импресивна гол разлика 69:12. Ова е шести трофеј за Чави во неговата тренерска кариера. Поранешниот играч за врска на Барселона го презеде Ал-Сад во мај 2019 година.

Read More

Предводникот на Реал Мадрид Зинедин Зидан го коментираше резултатот од натпреварот од 26. коло на шпанскиот пример со Атлетико (1:1). „Нема да се мешам во работата на судиите. Знаеме дека ова е напорна работа. Мора да ги почитувате нивните одлуки, тоа е сè. Критериумите за дефинирање на игра со рака се комплексни, не треба да навлегуваме во детали. Ова е одговорност на судијата. Атлетико одигра одлично во првото полувреме, а ние во вториот дел. Нашата цел е да продолжиме да работиме. Знаеме дека остануваат уште многу натпревари и ќе се бориме за титулата до крај. Секогаш може да се промени“,…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го коментираше исходот од натпреварот од 26. коло на шпанското првенство со Реал Мадрид (1:1). „Го контролиравме натпреварот во поголемиот дел, игравме одлично во дефанзива и имавме добри шанси, но не ги реализиравме, за што плативме на крај. Во фудбалот мора да дадете сè од себе и да ризикувате. Ако не го сторите тоа, вашите противници ќе го израмнат резултатот. 1:0 е минимална предност што исчезнува кога противникот ќе постигне гол. Што се однесува до тоа што сме лидери на табелата, не сакам да донесувам заклучоци, гледам доволно позитивно во играта на мојот тим,…

Read More

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ официјално од денес стана историски број еден, односно тенисер со најголем број на недели на врвот на АТП-листата. Новак Ѓоковиќ денес ја започнува 311 седмица на врвот на АТП листата, а второто место му припаѓа на Роџер Федерер кој останува на 310 седмици. Зад нив се Пит Сампрас со 286, Иван Лендл со 270 и Џими Конорс со 268 седмици. Првпат Ѓоковиќ се искачи на првата позиција на АТП листата во 2011 година, а од тогаш до сега вкупно 311 недели бил видечки тенисер во светот. Следната цел на Ѓоковиќ во кареирата треба да биде бројот…

Read More
NBA

Тимот на Леброн Џејмс ја совлада екипата на Кевин Дурент со 170:150 (40:39, 60:41, 46:45, 24:25) во 70-то издание на Ол-стар натпреварот во НБА лигата, што се одржа синоќа во Атланта. Крилото на Милвоки, Јанис Антетокумпо од тимот на Леброн Џејмс беше најдобар стрелец на натпреварот со 35 поени. Тој беше избран и за најкорисен играч на натпреварот. „Јас едноставно се забавувам. Понекогаш кога се забавувате и не размислувате за исходот, само дозволувате вашите инстинкти да надвладеат”, рече Антетокумпо. Стеф Кари додаде 28 поени, а Демиен Лилард од Портланд постигна 32 поени. За тимот на Дурент, Кајри Ирвинг од…

Read More

Вчера беше еден од најважните денови на Барселона и нејзината иднина, беа одржани изборите за нов претседател кој во овие тешки моменти на клубот треба да ја врати екипата во вистинскиот колосек. Иако во ковид-услови, шпанскиот гигант по овие избори доби нов претседател. Од денес, со клубот ќе раководи Жоан Лапорта, тој е повратникот на позицијата прв човек на Барселона. 58-годишниот адвокат, веќе беше претседател на Барселона во периодот од 2003 до 2010 година. Лапорта во овој свој мандат го водеше клубот со многу успех, а беше на чело кога Барса освои најмногу титули (шест) во една сезона во 2009.…

Read More

Швајцарецот Марко Одермат победи на денешната трка во супервелеслалом која се одржа во Залбах. Ова беше негова прва овосезонска победа во супервелеслалом и со тоа ја задржа шансата да го престигне Алексис Пинтуро во борбата за кристалниот глoбус. Одермат ја помина патеката со време од 1:23.59 минути и беше најбрз на патеката во Залбах и не дозволи да биде достигнат од Винсент Крихмајер, кој славеше на две трки на Светското првенство минатиот месец, додека вчера беше најдобар на трката во спуст. Во борбата за кристалниот глобус во супер-џи, Крихмајер има 83 поени повеќе од Одермат пред завршницата на сезоната во Ленцерхајд,…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за стабилноста на резултатите на англискиот клуб во последната деценија. „Што е најважно, по освојувањето на трофејот, Манчестер Сити остана повторно да се бори за него и следната сезона. По шампионската титула во Премиер лигата, не паднавме под второто место на табелата. Гледате како други шампиони се обидуваат да влезат во топ 4, што значи дека имаме стабилност да се бориме постојано за титулата. Вака станувате почитуван клуб. Може да се освои еден трофеј, но ние сме на врвот подолго време. И ова е она на што сум најмногу горд. Манчестер Сити учествува…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, може да го напушти англискиот клуб на лето, објави весникот „АС“. Според изворот, причина за заминувањето на Салах може да биде неговиот конфликт со тренерот на Ливерпул Јирген Клоп, кој трае неколку месеци. Ситуацијата се влоши откако Клоп го замени Салах во 62-та минута од натпреварот од 29-то коло на англиската Премиер лига со Челзи (0:1), што предизвика незадоволство на египетскиот фудбалер. Актуелниот договор на Салах со Ливерпул е до летото 2023 година. Салах се пресели во Ливерпул од Рома во 2017 година. Оваа сезона, 28-годишниот египетски фудбалер настапи на 26 натпревари во Премиер лигата,…

Read More

Шпанскиот гигант Барселона забележа интересно достигнување во шпанскиот шампионат по синоќешната победа над Осасуна со 2:0 со головите на Жорди Алба и Илаиш Мориба. Барселона стана првиот тим во историјата на шпанскиот шампионат во кој постигнале гол три играчи на возраст под 19 години во една сезона. За време на оваа сезона во листата на стрелци кај Барселона се запишаа 17-годишниот Ансу Фати и 18-годишните Педри и Мориба.

Read More