Предводникот на Јувентус, Андреа Пирло го коментираше испаѓањето на неговата екипа во 1/8 финалето од Лигата на шампионите по победата над Порто, но завршувањето на нивниот настап во оваа фаза. „Ова е игра – и се случува. За мене ова е прв пат, тоа е лошо, но мора да ги засукаме ракавите знаејќи дека е само март и имаме млади играчи кои растат со секој натпревар и даваат се од себе. Повеќе би сакал да останевме во Лигата на шампионите. Сепак, сега кога сме во таква ситуација, можеме да работиме на различни аспекти на тренинг, за кои сè уште немавме…
Author: riste
Крилото на Јувентус, Федерико Киеза, доста тешко го поднесе поразот на својот тим од Порто во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Овој играч постигна два гола за победа на неговата екипа со 3:2 против Порто, но ова не беше доволно и неговиот тим испадна поради повеќе примени голови на домашен терен. „Не гледам ништо позитивно по оваа средба. Сакав да продолжиме понатаму и разочарувањето е огромно, бидејќи направивме многу за да се квалификуваме во следната фаза. Почнувајќи од многуте ситуации што ги создадовме и пречката на Хуан Куадрадо. Мора да анализиратме што се случи во првиот дел, но мислам…
Тренерот на Порто, Сержо Консеисао беше воодушевен откако неговиот тим се пласираше во четврт-финалето од Лигата на шампионите. „Змејовите“ успеаа да го елиминираат Јувентус со играч помалку во целото второ полувреме и продолженијата, откако загубија со 2:3 по продолженијата на реваншот во Торино, но со гол повеќе постигнат на гостински терен се пласираа во следната фаза. Тој смета дека ваквите натпревари остануваат во историјата. „Ваквите натпревари остануваат во историјата на клубот. Играчите ги воодушевија навивачите со страста што ја покажаа. Имам група храбри играчи кои на најдобар начин го исполнија она што го барав од нив. Покрај тоа, тоа се…
Легендата на шпанската кошарка Пау Гасол беше подложен на задолжителни лекарски прегледи пред да се реализира трансферот во родната Барселона. Како што е познато, 40-годишното крило ќе го засили тимот на Шарунас Јасикевичиус со договор до крајот на сезоната. Гасол се врати во Барселона по пауза од 20 години, откако последен пат играше за Барса во 2001 година, пред да го направи големиот чекор во НБА лигата. Двократниот шампион во НБА лигата со тимот на ЛА Лејкерс се сретна со новоизбраниот претседател на Барселона Жоан Лапорта, како и со неговиот стар познаник Хуан Карлос Наваро, кој е одговорен за школата…
Европската ракометна федерација ги одреди термините и за натпреварите од елиминациската фаза во второто по ранг натпреварување, Европската лига. Единствен македонски претставник во оваа фаза од натпреварувањето ќе биде Еурофарм Пелистер, кој ќе се соочи со некогашниот европски шампион Магдебург. Првиот натпревар ќе се игра во Битола, во спортската сала „Боро Чурлевски“ на 23 март со почеток во 20:45 часот. Реваншот ќе биде одигран една недела подоцна , односно на 30 март со почеток во 18:45 часот во „Гетек Арена“ во Магдебург.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) во координација со клубовите и со ТВ куќите што ги пренесуваат натпреварите, ги определи датумите и термините за натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите. Нашиот единствен преставник во Лигата на шампионите, Вардар во оваа фаза од натпреварувањето ќе се сретне со унгарскиот Веспрем. Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје, на 1 април со почеток во 18:45 часот, додека реваншот ќе биде во Веспрем на 8 април со почеток во 18:45 часот. Вардар беше на седмата позиција во групата А, но поради одлуката на ЕХФ, сите екипи да играат во елиминациите ќе игра пртив Веспрем…
Глазгов Ренџерс ја слави својата прва титула во Шкотска по една деценија, но менаџерот Стивен Жерард веќе размислува за следните предизвици на тимот. Ренџерс ја освои својата 55. титула вчера по нерешениот резултат на Селтик со против Данди Јунајтед. „Емоциите се силни, но нашето патување не е завршено. Сакам да го потврдам овој успех и за мене, но и јграчите секогаш да одат на победа на средбите кои се пред нас. Оваа титула е заслуга на тимот, големо достигнување и јас сум горд што сум тренер на овие момци“, рече Жерард. Поранешниот капитен на Ливерпул изјави дека Ренџерс ќе се…
Навивачите на Ливерпул го сакаат напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе во составот на својата екипа. Двајца навивачи на англискиот клуб започнале акција за собирање средства за трансфер на францускиот фудбалер. Собраната сума е 250 милиони фунти (290,5 милиони евра) планираат да биде наменета за куување на овој фудбалер. „Бидејќи Ливерпул нема доволно пари за ваков трансфер, мислевме дека можеме да направиме акција и да собереме средства од сите навивачи ширум светот. Да го шокираме фудбалскиот свет. Во светот има приближно 100 милиони навивачи на Ливерпул. Ако учествуваат сите, тоа ќе чини само 2,5 фунти по навивач, а потоа можеме да…
Играчот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин го коментираше поразот на „граѓаните“ во дербито од 27. коло на Премиер лигата против Манчестер Јунајтед (0:2). „Очигледно е дека натпреварот го започнавме многу лошо. Знаевме дека ќе биде тешко. Промашивме на самиот почеток, а тоа знаеше да го казни Манчестер Јунајтед и ни требаа околу 15 минути да се смириме малку. После тоа игравме прилично добро, но не постигнавме гол пред крајот на полувремето. И на самиот почеток на второто полувреме на средбата направивме грешка и го примивме вториот гол. Не е најдобриот почеток на натпреварот ако во рок од една минута…
Вест Хем стана првиот клуб во Премиер лигата кој веќе пушта во продажба сезонски влезници за следната сезона. Во моментов, навивачите сè уште не можат да присуствуваат на трибините, и се надеваат дека ова може да се промени до крајот на сезоната. Ситуацијата беше слична на крајот на минатата сезона, но многу луѓе тогаш сепак го поддржаа клубот со купување билети за претстојната сезона. Поради оваа причина, лондончани сега објавија дека ги замрзнуваат цените на билетите и им даваат предност на оние што ја имале можност да набават влезници за оваа сезона и да ги набават за следната. Дополнително, поддржувачите…
