Author: riste

Управата и стручниот штаб на Манчестер Јунајтед најверојатно нема да ја активира опцијата за продолжување на договорот со напаѓачот Единсон Кавани. Според „Manchester Evening News“, главниот проблем за продолжување на договорот соработка со уругвајскиот фудбалер е што во Манчестер Јунајтед се сомневаат во врска со физичката форма на Уругваецот. Во Манчестер не се задоволни од фактот дека 34-годишниот фудбалер пропушти голем број на натпревари оваа сезона поради повреди на мускулот, вклучувајќи ги и последните средби во Премиер лигата и Лигата на Европа. Кавани се пресели во Манчестер Јунајтед во октомври 2020 година, потпишувајќи договор 1+1. Оваа сезона, 34-годишниот напаѓач има…

Read More

Водечките италијански дневни весници „Газета дело Спорт“ и „Тутоспорт“ на своите насловни страници денес даваат бесплатен совет до управата на Милан – „Милан, заклучете го Кесие!“ Медиумите се повикуваат на договорот играчот о Брегот на Слоновата Коска кој е до летото 2022 година, како и зголемениот интерес за него по серијата одлични настапи во средниот ред на „росонерите“. Прашањето за можни понуди до него стана особено актуелно по неговиот одличен натпревар против Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа, по што (очекувано) англиските изданија веќе се натпреваруваат да му препишат нов клуб кој е заинтересиран за него. Сепак, Милан има поитни…

Read More

Македонската ракометна репрезентација попладнево во 16 часот заминува за Алборг, Данска каде утре од 16 часот треба да го одигра вториот натпревар против селекцијата на Данска во рамките на квалификациите за ЕП 2022 година. Нашата репрезентација во четвртокот направи сензација и со одлична игра го совлада актуелниот светски и олимписки шампион со 33:29, а со тоа практично е пред вратите на ЕП кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија во јануари 2022 година. Селекторот и воедно капитен на нашата репрезентација Кире Лазаров за вториот дуел со Данска мора да направи измени во составот, поради повреда отпадна Стојанче Стоилов ,…

Read More

Дефанзивецот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација Серхио Рамос проговори за неговите професионални планови. „Во моментов уживам во она што досега го имам направено. Се чувствувам посилно. На 34 години, се чувствувам како на 28. Мислам дека повеќе сакам да ја завршам кариерата поради некои психолошки проблеми, а не поради физички проблеми. Јас ја гледам својата форма и се грижам за моето здравје. Можам да играм на Светското првенство што ќе се одржи во Мексико, Канада и САД во 2026 година. Тогаш ќе станам единствениот фудбалер кој успеа да се натпреварува на шест светски шампионати. Ова го велам врз основа…

Read More

Продолжуваат подготовките и преговорите меѓу Премиерлигата и британската влада за враќање на гледачите на стадионите во последните две кола од сезоната. Максимум 10.000 гледачи ќе можат да ги следат натпреварите на секоја домашна екипа од 18-20 мај и 23 мај. „Се надеваме дека во последните две кола ќе присуствуваат 10.000 луѓе по натпревар. Ние сме во постојани разговори со владата и се надеваме дека ќе обезбедиме фантастичен крај на сезоната”, рече извршниот директор на Премиерлигата Ричард Мастерс, за „Би-Би-Си“. „Кон крајот на сезоната ќе се приближиме на загуби од 2 милијарди фунти поради недостаток на навивачи на трибините оваа сезона…

Read More

Голгетерот на Интер, Ромелу Лукаку, ќе остане на „Џузепе Меаца“ и покрај интересот на Манчестер Сити. Ова беше објавено од страна на еден од водечките медиуми во Италија, „Газета дело Спорт“ откако претходно се појавија информации од Англија дека Манчестер Сити веќе најде замена за Серхио Агуеро и тоа во името на Ромелу Лукаку. Нормално, по одличниот настап на Ерлин Халанд во осминафиналето од Лигата на шампионите, британските медиуми го свртеа вниманието кон него и почнаа да го поврзуваат со преселба во тимот на Пеп Гвардиола. Лукаку, од друга страна, нема намера да го напушти местото каде што ја оживеа…

Read More

Играчот за врска на ПСЖ, Анхел Ди Марија го продолжи договорот со клубот, соопшти официјалната прес-служба на Парижаните. Двете страни потпишаа договор до јуни 2022 година. Претходниот договор на Ди Марија со ПСЖ беше до следното лето. Неговата вредност во моментов се проценува на 28 милиони евра. https://twitter.com/PSG_inside/status/1370421566668963840 Ди Марија игра во ПСЖ од 2015 година. Оваа сезона, 33-годишниот Аргентинец има одиграно 27 натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ, постигна 5 гола и 12 асистенции. Во текот на целата своја кариера, тој исто така играше за Бенфика Лисабон, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Розарио од Аргентина. Претходно, Ди Марија изјави…

Read More

Повратникот во нашата ракометна репрезентација Филип Миркуловски имаше значајна улога на вчерашниот историскиот натпревар на Македонија против Данска. Оваа победа не само што беше сензационална и оддекна во Европа тују им дава дополнителна самодоверба на нашите ракометари. Нема многу време за одмор , сега следува нов меч со Данска, но овојпат на гостински терен во Алборг. „Можеби не планиравме да се пласираме на ЕП после овој меч со Данска, но сепак се случи тоа чудо, го победивме светскиот и олимписки првак. За мене лично, одамна немам победено репрезентација од Топ 3 во светот, па затоа ми беше многу мило што…

Read More

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека Кристијан Пулишиќ е дел од неговите планови за во иднина. Причината за коментар на оваа тема беше фактот дека Американецот не бил во составот во последните неколку недели, што се должи на гласините дека може да замине на лето. Тухел и Пулишиќ работеа заедно во Борусија (Дортмунд) и добро се познаваат. „Кога потпишувате со Челзи, дел од вашата работа е да бидете трпеливи и нетрпеливи истовремено. Сите мои играчи сакаат да играат. Кога не сте во составот, треба да бидете трпеливи и да не ја изгубите довербата. Одговорноста на играчите е да бидат…

Read More

Барселона ќе се обиде да го продаде Антоан Гризман на лето, тврди „АС“. Французинот не ги оправдува очекувањата на „Камп Ноу“ и Каталонците сакаат да се разделат од него за да можат со парите да финансираат други трансфери. Иднината на Гризман ќе биде меѓу првите големи одлуки што ќе ги разгледа новото раководство на Барселона. Според весникот „АС“, голема цел на Каталонците за летото е Ерлинг Халанд. Сепак, разделбата со Гризман нема да биде лесна. Играчот се чувствува добро на „Камп Ноу“ и добро комуницира со своите соиграчи, без намера да си замине. Долго време го бараше Манчестер Јунајтед, а…

Read More