Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Махмуд Дахуд, може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Според „Дејли меил“, Манчестер Сити, Челзи, Тотенхем и Евертон го следат фудбалерот. Договорот на Махмуд со германскиот клуб истекува летото 2022 година и тој сè уште не се согласил за негово продолжување. Дахуд потекнува од Борусија Менхенгладбах, а во истоимениот клуб се пресели во 2017 година, потпиша договор на пет години. Од минатата година, играчот кој потекнува од Сирија е повикан во германската репрезентација. Оваа сезона, 25-годишниот играч за врска учествуваше на 12 натпревари од германската Бундес лига, на кои постигна 1 гол.…
Author: riste
Одреден е точниот датум и време на еден од највозбудливите дуели не само во шпанскиот, туку и во светскиот фудбал – „Ел Класико“. Бранителот на титулата од минатата година Реал Мадрид ќе биде домаќин на својот голем ривал Барселона на 10 април (сабота) од 21.00 часот во натпревар од 30. коло на шпанското првенство Меѓу другото, натпреварот може да биде клучен во битката за првото место во „Ла Лига“, бидејќи и Барселона и Реал Мадрид неодамна ја намалија разликата со лидерот на табелата Атлетико Мадрид. Тимот од „Ванда Метрополитано“ има 4 бода предност пред Каталонците и 6 пред Реал Мадрид.…
Кошмарот на Еден Азар со повреди продолжува откако пристигна во Реал Мадрид летото 2019 година. Тој доби уште една повреда на мускулот кратко време откако се врати во тренажен процес. Белгиецот ќе биде надвор од теренот од 4 до 6 недели, но се надева дека ќе биде подготвен за настап на Европското првенство. Причината за повредите на мускулите на Азар е проблем во левиот скочен зглоб, од кој страдаше подолго време. Тој размислувал за операција на зглобот за отстранување на метална плочка која била поставена за да обезбеди поголема стабилност. Играчот веруваше дека оваа плочка предизвикува непријатност и е причина…
По пауза од две недели клупскиот ракомет се враќа и тоа со настап на меѓународна сцена на нашите екипи. Тимот на Еурофарм Пелистер најнапред го очекува натпревар од СЕХА лигата против Металопластика кој треба да биде добра подготовка за двомечот со Магдебрург. За мечот со Металопластика, тренерот на битолжани Жељко Бабиќ вели: „Сами малку си го загорчивме распоредот, бидејќи продолжуваме да играме во Европа, па почна и СЕХА лигата и домашното првенство, па многу играме и многу патуваме. Веќе е малку поинаку за разлика од претходните години, па на тоа мора да гледаме како на предизвик. И јас како тренер…
Баерн (Минхен) ќе се обиде да го убеди тренерот на РБ Лајпциг Јулијан Нагелсман да го преземе тимот доколку Ханзи Флик замине од „Алијанц Арена“, тврди „Билд“. Баварците немаат желба да се разделат со нивниот сегашен тренер, но тој може да ја преземе репрезентацијата на Германија. Откако Јоаким Лев најави заминување по ЕП кое се одржува ова лето, тамошната федерација бара опции за негова замена и Флик е меѓу фаворитите. Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ веќе стапи во контакт со претставниците на Нагелсман за да ја испита можноста тој да го преземе тимот. Тенерот има договор со Лајпциг до…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема постигна гол во победата од 3:1 над Аталанта и така постигна гол во Лигата на шампионите во 17-та по ред календарска година. Така, тој се изтамни со ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, кој исто така го стори тоа помеѓу 2005 и 2021 година, како и со шпанската легенда Раул Гонзалес (1995-2011). https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1371934097191354372 Овој гол беше број 70 за Бензема во Лигата на шампионите. Така, тој стана само петтиот играч кој дошол до над 70 постигнати голови, а најблиску до него е Раул, бидејќи клупската икона на Реал Мадрид има 71. https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1371930288448749570 Следни на ова…
Челзи планира да го вклучи напаѓачот Тимо Вернер во својата понуда за голгетерот на Борусија (Дортмунд) Ерлинг Халанд. „Сините“ од Лондон се вклучија во редот на кандидати за норвешки талент и веруваат дека со ваков предлог можат да ја добијат битката за Халанд. Вчера имаше информација дека Борусија Дортмунд ќе сака најмалку 150 милиони евра за нивната голема sвезда ова лето. Во следната, Халанд би чинел само 70 милиони, затоа што тогаш се активира клаузулата во неговиот договор. Челзи минатото лето успеа да го земе Вернер за само 45 милиони, што беше исто така можно поради посебната клаузула во договорот…
Вечерва во 21:00 часот се игра реваншот помеѓу Манчестер Сити и Борусија (Менхенгладбах). Како и првиот натпревар, и денес мечот ќе се одигра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта поради мерките против КОВИД-19. На првиот натпревар, во кој Германците беа домаќини, „Граѓаните“ победија со 2:0 и ова е одличен резултат за Сити. Англискиот тим верува дека ќе го заврши тоа што го започна, но сепак мора да има предвид една работа, бидејќи играчите на Марко Роуз не се за потценување и се способни да им ги измешаат сметките. Сепак, Манчестер Сити останува голем фаворит. Постојат неколку причини за ова. Прво заради…
Реал Мадрид е домаќин на Аталанта на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а средбата ќе се одигра на стадионот „Алфредо ди Стефано“. Реал Мадрид го доби првиот натпревар во Италија со минимални 1:0, што е прилично добар резултат во ова натпреварување. Сепак, екипата од Бергамо не се откажува од изненадување и веќе покажаа дека се тежок противник кој нема лесно да се предаде. Нивната задача не е лесна, бидејќи ќе мора да бараат задолжителен успех, но во фудбалот видовме поголеми изненадувања. Реал Мадрид сè уште не може да го покаже целиот свој квалитет во своите настапи. Сепак,…
Десниот бек на шпанската репрезентација и член на француски Нант, Едуардо Гурбиндо (33) е нов играч на Вардар1961. Двојниот европски првак и повеќекратен македонски шампион договори засилување што ќе му се приклучи на тимот од летово и треба да остане во Скопје во следните три сезони. Гурбиндо доаѓа од екипата на Нант, Франција со која настапува во Лигата на шампионите. Шпанскиот бек зад себе има богата спортска кариера и ја има освоено и Лигата на шампионите, со тимот на Барселона во сезоната 2014/2015. Тоа беше последен пат кога Шпанците беа победници во ова натпреварување. Како играч на Нант настапи и…
