Author: riste

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп полека ги открива имињата на играчите на кои нема да смета во наредниот период и ќе им даде зелено светло за заминување следното лето со што ќе ја започне летната чистка на „Енфилд“. Неколку различни медиуми се согласуваат дека првите три имиња на оние што заминуваат се јасни и дека тие ќе бидат Дивок Ориги, Џердан Шакири и Алекс Окслејд-Чембрлен. Тројцата имаат многу подобри очекувања, а последните двајца ги прогонуваат чести повреди кои ги спречуваат да го откријат потенцијалот за кој биле ангажирани. Токму поради оваа причина тие најчесто се подложени на сериозни критики од…

Read More

Македонската женска ракометна репрезентација денес ќе го одигра вториот квалификациски натпревар од квалификациите за Светското првенство, а противник ќе биде Литванија. Селекторот Симе Симовски може да биде задоволен од првиот натпревар и победата над Исланд, но со денешниот дуел и победа против Литванија може да се обезбеди пласман во баражот за СП, што е главна цел на нашата селекција во овие квалификации. Литванија не би требало да биде проблем за нашите ракометарки, но сепак на вчерашниот натпревар покажаа квалитет и ја изненадија Грција со 27:26 и сега има ист број на бодови како и Македонија. Македонија вчера ги имаше расположените Сара Ристовска и…

Read More

Една од двете големи sвезди на ПСЖ – Нејмар постигнал договор со клубот за нов договор, пренесуваат дел од медиумите во Франција. Истите тврдат дека двете страни се договориле за договор до јуни 2026 година. Бразилецот е дел од ПСЖ од летото 2017 година, кога им се придружи за рекорден износ од 222 милиони евра. Последователно, тој направи неколку обиди да се врати кај Каталонците, кои на крајот никогаш не се реализираа. Во сезоната 2020/21, тој веќе одигра 18 натпревари, и на нив постигна 13 погодоци и 6 асистенции. Тековниот договор на играчот е до крајот на јуни 2022 година.…

Read More

Екипата на Вардар забележа победа на натпревар од СЕХА-лигата откако на домашен терен беше подобар протвник од Мотор Запорожје со 32:27. За разлика од претходните неколку средби, на денешниот натпревар Вардар одигра подобро во одбраната и не прими повеќе од 30 гола, а со тоа успеа да го совлада својот противник. Средбата почна изедначено, но вардар дојде до предност која константно ја зголемуваше за на одмор д азамине со предност од 18:13. Во вториот дел Вардар беше тимот кој ја имаше контролата над играта и резултатот, а гостите на двапати беа во негатива од три гола разлика, за во финишот…

Read More

Женската ракометната репрезентација на Македонија со победа ги започна квалификациите за Светското првенство (СП). Во Скопје Македонија беше подобра од Исланд со 24:17 и со тоа го отвори патот кон баражот за светскиот ракометен шампионат во Шпанија на кој ќе играат двете најдобри селекции од групата. Нашите ракометари одиграа натпревар со многу осцилации, најнапред дозволија противникот да направи предност од 2:7, а потоа со убава серија да дојдат до предност од 11:8 по првото полувреме. На стартот на вториот дел повторно криза во нападот на Македонија, па Исланд испеа да изедначи на 12:12. Сапак Македонија ја консолидираше играта и дојде до…

Read More

Во таборот на ПСЖ дадоа свое мислење за ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите, која реши да се повтори ланското финале, кога Парижаните загубија од Баерн Минхен. Ждребката сакаше ПСЖ да игра против актуелниот шампион Баерн Минхен, а во ПСЖ не се многу среќни поради тоа. „Среќни сме што стигнавме до оваа фаза од натпреварувањето. Ние сме меѓу осумте најдобри тимови во Европа кои започнаа да се борат меѓусебно. Лигата на шампионите е многу тешко да се освои. Мора да играме против најдобрите и ќе се соочиме со актуелниот шампион. Секако, ждрепката е тешка, но има изненадувања. Ќе играме…

Read More

Хрватскиот играч за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите. На реваншот од 1/8 финалето против Аталанта, Хрватот му асистираше на францускиот напаѓач Карим Бензема. Модриќ ја заврши средбата со 94% точност на додавањата. За оваа награда конкурираа и играчите од средниот ред Кевин Де Бруин (Манчестер Сити), Нголо Канте (Челзи) и Џошуа Кимих (Баерн). Да потсетиме дека во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, Реал Мадрид ја победи Аталанта на стадинот „Алфредо Ди Стефано“, а головите беа дело на Карим Бензема, Серхио Рамос и Марко Асенсио, додека Муриел…

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета даде коментар за следниот противник на натпреварот во англиската Премиер лига, Вест Хем Јунајтед. Фудбалерите на Дејвид Мојс се петти на табелата, додека Арсенал е 10-ти. „Не сум изненаден од напредокот на Вест Хем. Тие имаат многу силен тим, одличен тренер и стручен штаб. На почетокот на сезоната тие имаа свои сомнежи, но знам за што е способен Дејвид. Тој го собира тимот заедно, играчите работат напорно. Гледаме што постигна овој тим. Секако, тие имаат повеќе време да тренираат и да се подготвуваат за натпреварите. Тие се во одлична форма и се многу опасна екипа.…

Read More

Манчестер Јунајтед го потпиша најголемиот договор за рекламирање на тимовите во историјата на Премиер лигата. Клубот потпиша 5-годишен договор со германската компанија за софтвер „TeamViewer“. Договорот, кој стапува на сила од почетокот на сезоната 2021/22, вреди 235 милиони фунти, или околу 47 милиони фунти по сезона. Компанијата ќе го замени Шевролет на предниот дел од дресот на „Црвените ѓаволи“, а логото на оваа компанија стои на дресот на Манчестер од 2014 година. Ова е најголемиот договор за рекламирање на спортски клуб од почетокот на пандемијата и рекорд за договор за рекламирање за спонзорство само на официјалниот дрес. Дополнително, клубот е…

Read More

Новоизбраниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта има намера по секоја цена да го задржи напаѓачот Лионел Меси во клубот. Според одредени информации објавени во Барселона, претседателот на каталонскиот клуб има намера да му понуди доживотен договор на 33-годишниот Аргентинец, кој ќе вклучува и соработка по завршувањето на кариерата на Меси. Лапорта може да му понуди договор на Меси со намалување на платата заради финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Доколку капитенот на Барселона се согласи да го продолжи договорот со помала плата, тогаш ова може да ги мотивира другите играчи на оваа екипа да се согласат на намалување на…

Read More