Евертон има намера да ја засили својата одбранбена линија во летниот преоден рок. Според тренерот Карло Анчелоти, главната цел на клубот ќе биде да добие централен дефанзивец од врвна класа. Според „Фудбал инсајдер“, изборот на Евертон ќе биде дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, кој доста добро се познава со Анчелоти, кој претходно го водеше италијанскиот тим. Претходно беше објавено дека главни претенденти за потписот на 29-годишниот Сенегалец се Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Изминатата зима за Калиду Кулибали се интересираа и Манчестер Сити и Ливерпул. Фудбалерот игра за Наполи од 2014 година. Пред тоа играше за белгиски Генк и француски…
Author: riste
Тренерот на Еурофарм Пелистер , Жељко Бабиќ е оптимист дека неговата екипа може да одигра добро и да извлече поволен резултат од првиот натпревар против Магдебург во рамките на 1/8 финалето од Европската ракометна лига. „Мислам дека остваривме многу добар резултат, сите сме горди на пласманот во осминафиналето. Среќни сме што ни доаѓа моќна германска екипа како Магдебург, екипа која е во врвот на првенството на Германија. Но, во спортот не се живее од минатото, па ние ќе направиме сè добро да се презентираме и да најдеме што е лоша страна на Магдебург. Тие играат многу брзо, брза транзиција и…
И покај тоа што имаше информација дека Влатко Стојановски нема да може да настапи за Македонија во првите натпревари од квалификациите за СП, тој сепак му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски и денес допатува во Скопје на стартот на подготовките на нашата репрезентација. Тој дадде свое видување за Романија која е нашиот прв противник во овие квалификации. „Многупати докажавме дека можеме да се надигруваме со сите селекции, без разлика на нивниот квалитет и ранкинг. Во нашата селекција владее одлична атмосфера, по успешните квалификации за Европското првенство, и затоа мислам дека сме подготвени за претстојните три натпревари од…
Манчестер Јунајтед продолжува да ги разгледува опциите за летната селекција на играчи и еден од оние кои привлекуваат интерес е крилото на Вулверхемптон, Педро Нето, објави „Сан“. Португалското крило има добра сезона и во оваа сезона постигна пет гола и пет асистенции во Премиерлигата. Ова не помина незабележано од луѓето на „Олд Трафорд“, кои сметаат дека тоа е алтернатива на далеку поскапиот Џејдон Санчо, за кого минатата година од Борусија (Дортмунд) побараа околу 120 милиони евра. Иако постои голема веројатност дека тие ќе ги намалат нивните финансиски барања за играчот, особено по сериозната можност да претрпат сериозни загуби во случај…
Една од големите sвезди на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро, зборуваше за она што се случува во Торино оваа година, не многу успешниот настап и само третото место во шампионатот и на -10 од лидерот Интер. Сепак, поранешниот напаѓач го поддржа својот поранешен соиграч Андреа Пирло, кој во моментов е тренер на „старата дама“ и рече дека му треба повеќе време. „Јуве беше успешен девет години по ред и успеа да го одржи ова ниво на концентрација и енергија, што е многу тешко. Но, сега има нов предизвик на клупата. Гледате што се случи во последните три години. Прво беше Макс…
Репрезентацијата на Германија со нетрпение го чека стартот на квалификациите за Светското првенство и да обезбеди пласман на завршниот турнир следната година во Катар, и покрај тешкотиите предизвикани од пандемијата на коронавирусот, изјави директорот на Германскиот фудбалски сојуз (ГФС) Оливер Бирхоф. „Ние сме возбудени и многу мотивирани за овие натпревари. Сакаме да покажеме дека сме фаворити во групата”, изјави Бирхоф пред новинарите пред домашниот натпревар против Исланд во четврток. Германија потоа ќе отпатува за Романија во недела, пред да биде домаќин на Македонија во Дуизбург, каде ќе ја пречекаата нашата репрезентација на 31 март. Тренерот Јоаким Лев треба да почека…
Женската репрезентација на Македонија ја доби Романија како противник во баражот за Светското првенсто во Шпанија што ќе се игра во декември оваа година. Последна пречка за настап на нашите ракометарки на Мундијалот ќе биде селекцијата на Романија. Првиот натпревар ќе се игра во Романија на 16/17 април, додека реваншот е во Македонија на 20/21 април. Победниците од десетте бараж средби ќе обезбедат место на Светското првенство во Шпанија, каде освен домаќинот, место имаат обезбедено шампионот Холандија, како и најдобрите четири селекции од последното ЕП – Норвешка, Данска, Франција и Хрватска. Бараж двојки: Турција – Русија Чешка – Швајцарија Словенија…
Фановите од странство нема да можат да присуствуваат на Олимписките игри во Токио, изјавија претставниците на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и Јапонија. Одлуката беше објавена по состанокот преку Интернет на претставниците на Меѓународниот олимписки комитет, јапонската влада, раководството на Токио, Меѓународниот параолимписки комитет и локалните организатори. За овој очекуван потег се зборува веќе неколку месеци. Официјални лица изјавија дека има премногу ризик за примање на сопственици на билети од странство за време на пандемијата, на што остро се спротивставуваше јапонската јавност. Јапонија забележа околу 8.800 смртни случаи позитивни на коронавирус и го контролираше вирусот подобро од повеќето земји. „Со цел…
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе го пропушти натпреварот од 28. коло на шпанскиот шампионат против Селта Виго, објави „Марка“. Според изворот, стручниот штаб на мадридскиот тим одлучил да не го ризикува здравјето на Рамос, кој се повреди на реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите со Аталанта (3:1). Шпанскиот дефанзивец можеше да учествува само во првиот дел од тренингот на Реал Мадрид кој бил одржан вчера. Натпреварот од 28. коло на шпанската лига меѓу Селта и Реал Мадрид се игра денес од 16.15 часот во Виго. Реал Мадрид досега има освоено 57 поени на 27 натпревари и…
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ изјави дека клубот нема да дозволи напаѓачот Роберт Левандовски да настапи на средбата од квалификациите за СП 2022 против Англија поради ограничувањата наметнати од пандемијата КОВИД-19. „Нема да можеме да го ослободиме Левандовски ако има задолжителен карантин за повратниците од Англија и тој остане на сила“, изјави Салихамиџиќ. Натпреварот Англија – Полска ќе се одигра на 31 март во Лондон. Роберт Левандовски ќе може да игра на другите два натпревари против Унгарија (25 март) и Андора (27 март).
