Author: riste

Фудбалската репрезентација на Македонија е поразена на првиот натпрева од квалификациите за СП во Катар 2022 година. Романија ги искористи своите шанси и славеше со 3:2 против нашата репрезентација на мечот одигран во Букурешт. Македонија добро го започна натпреварот, а првата шанса ја имаше Несторовски во 8.минута кога на двапати не успеа да упати удар кон противничкиот гол од солидна позиција по додавањата на Алиоски и Пандев. Романија успеа да дојде до предност со голот на Танасе во 28.минута откако беше добро проигран во нашиот шеснаесетник од Кирикеш. По примениот гол Македонија имаше де шанси преку Елмас и Пандев, но…

Read More

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала најверојатно ќе го напушти тимот во летниот преоден рок. Според „Кориере дело Спорт“, управата на клубот од Торино, претставена од потпретседателот Павел Недвед, одлучила да го продаде 27-годишниот фудбалер. Пауло ќе биде ставен на трансфер листа во летниот преоден рок. Дибала ги брани боите на Јувентус од 2015 година, а претходно играше за Палермо и во Аргентина. Оваа сезона напаѓачот учествуваше на 11 натпревари од италијанската Серија А (на 8 беше во почетниот состав), на кои постигна 2 гола и даде 2 асистенции. „Бјанконерите“ со 55 бода по 27 кола се наоѓаат на третото место…

Read More

Турскиот гигант Фенербахче со заедничка согласност го раскина договорот со главниот тренер Ерол Булут, објави клубот. Спортскиот директор Емре Белозоглу ќе го води тимот до крајот на сезоната. Фенербахче е трет на табелата во турската Суперлига по 30 одиграни кола, два бода помалку од големиот ривал Галатасарај и пет помалку од лидерот Бешикташ. Фенербахче започна добро во шампионатот, но во втората половина од сезоната заостанаа зад екипите од врвот, имајќи само две победи на последните пет натпревари. Белозоглу играше за Фенербахче осум сезони, а на функцијата спортски директор на клубот е веќе една година.

Read More

Напаѓачот на Бетис, Набил Фекир може кариерата да ја продолжи во Англија. Манчестер Јунајтед и Ливерпул се заинтересирани за услугите на 27-годишниот Французин, пренесува „Калчомеркато“. За услугите на Фекир е заинтересиран и Интер. Актуелниот договор на Набил Фекир со Бетис е со важност до летото 2023 година. Сппоред „Трансфермаркт“ неговата вредноста е 25 милиони евра. Да потсетиме дека Фекир се пресели во Бетис во 2019 година, претходно играше за Олимпик Лион. Во сезоната 2020/2021, Набил Фекир одигра 25 натпревари во Шпанскиот шампионат, постигна три гола и шест асистенции. Бетис со 45 поени од 28 натпревари е шести на табелата и…

Read More

Новата сезона 2021/22 во англиската Премиер лига ќе започне на 14 август, објави раководството на лигата. Последното 38. коло од следната сезона според овој план трена да се одигра на 22 мај, а на овој датум ќе се одиграат  сите 10 натпревари од последното коло во исто време. Почетокот на сезоната кон средината на август ја враќа Премиерлигата во нормалниот календар. Поради пандемијата на коронавирусот, тековната сезона 2020/21 започна дури на 12 септември и ќе заврши на 23 мај.

Read More

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо може да го напушти клубот од Торино на крајот од оваа сезона. Според Марка, 36-годишниот фудбалер е подготвен да го напушти клубот и да се врати во Реал Мадрид. Кристијано е уверен дека сепак е во можност да им користи на Реал Мадрид и ќе ја разгледа понудата доколку дојде. Роналдо ги бранеше боите на Реал Мадрид од 2009 до 2018 година. Со оваа екипа освои 15 трофеи, вклучувајќи две титули шампион на Шпанија, два Купа и два Суперкупа на Шпанија, четири трофеи во Лигата на шампионите, два УЕФА Суперкупа и три трофеи на Светското…

Read More

Милан испрати нова понуда до голманот Џанлуиџи Донарума со цел продолжување на договорот со клубот, кој истекува за само три месеци, пишува „Газета Дело Спорт“. Според понудата, 22-годишниот Донарума би добивал 8 милиони евра по сезона, додека се верува дека неговиот агент Мино Рајола бара плата од 10 милиони евра и вклучување на откупна клаузула во договорот. Младиот голман е категоричен во својата желба да остане на „Сан Сиро“, но бидејќи сè уште нема договор меѓу двете страни, директорите на клубот составија список на потенцијални наследници на Донарума. На овој список се наоѓаат две имиња на голмани од Италија, Хуан…

Read More

Предводникот на Интер, Антонио Конте може да си даде оставка доколку клубот не му гарантира нови трансфери, пренесува „Фудбал Италија“. Според информацијата која е објавена, во случај на напуштање на Интер, тренерот може да ги предводи Манчестер Јунајтед или Тотенхем. Платата на Антонио Конте во миланскиот клуб е 12 милиони евра по сезона и никој друг италијански клуб нема да му ја исплати таа сума, па враќањето во Премиерлигата е пореално решение за тренерот кој претходно беше на чело на Челзи. Конте го презеде Интер летото 2019 година. Под негово водство, „нероазурите“ завршија на второто место во шампионатот во првата…

Read More

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, ќе продолжи да работи во каталонскиот клуб и следната сезона, објави „Марка“. Според изворот, вчера, Куман одржал неформален состанок со новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта. Лапорта ја изрази својата поддршка кон холандскиот тренере и рекол дека сака да продолжи да го гледа Куман како главен тренер на Барселона. Куман го презеде тимот на Барселона во август 2020 година. Претходно, како тренер работеше во клубови како Витезе, Ајакс, Бенфика, ПСВ Ајндховен, Валенсија, АЗ Алкмар, Феенорд, Саутемптон, Евертон, а исто така беше на чело на репрезентацијата Холандија. Барселона до овој момент има освоено 62 поени на…

Read More

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија со чартер лет отпатува за Букурешт, градот каде ќе дебитира на ЕП во јуни, но и градот од каде ги започнува квалификациите за СП во Катар 2022 година. Македонија во претходните квалификации за ЕП беше на третото место, но преку Лигата на нации обезбеди место на Европското првенство и сега како учесник на истото ќе биде гостин на Романија. Селекторот има проблеми со повредени, незалечени и ковид-позитивни, но сепак со доволно квалитетен состав ќе гостуваме кај Романија. Аријан Адеми нема да може да настапи на овој натпревар, но отпатува со националниот тим и покрај болките…

Read More