Англискиот репрезентативец, 22-годишен играч за врска Мејсон Маунт, кој постигна гол во квалификациите за СП 2022 против Албанија (2:0) во групната фаза од квалификациите за СП 2022 година, го повтори достигнувањето на Френк Лампард како играч во мај 2013 година Како што беше објавено, Мејсон Маунт е првиот играч на Челзи кој постигнал гол или асистирал на најмалку три натпревари по ред за Англија по Френк Лампард, чија серија достигна 7 последователни натпревари и заврши во мај 2013 година. Албанија и Англија се во групата И во квалификациите за СП 2022 година, каде ривали им се Полска, Унгарија, Андора и…
Author: riste
22-годишниот норвешки офанзивен играч за врска Мартин Одегард, кој е на позајмица во Арсенал, но е во сопственост на Реал Мадрид, го привлече вниманието на два врвни англиски клубови, Челзи и Ливерпул, објави „АС“. Според истите информации, „Топџиите“ се подготвени да го откупат играчот за 35 милиони евра, но со оглед на неверојатната форма на играчот, цената може да се искачи на 58 милиони евра, што е недостапна сума за управата на Арсенал. Ова е она што Челзи и Ливерпул можат да го искористат. Реал Мадрид планира да го остави играчот во својот состав, но продажбата на играчот од средниот…
Новото раководство на Барселона е оптимист дека може да ја добие големата трансфер битка за Ерлинг Халанд, која ќе се води следното лето. Според каталонскиот „Спорт“ од „Камп Ноу“, луѓето на Норвежанецот веќе биле информирани дека тој е нивната главна цел. И покрај сите финансиски тешкотии и високата цена на напаѓачот, Жоан Лапорта смета дека овој трансфер е стратешки и витален за поставување на нов успешен почеток. Барселона процени дека ќе има само еден врвен трансфер ова лето и тој ќе биде централен напаѓач. Сепак, пред воопшто да се појави со понуда, каталонскиот клуб ќе мора да ја собере потребната…
Австрискиот дефанзивец на Баерн Минхен, Давид Алаба ова лето ќе потпише договор со Реал Мадрид, објави новинарот Фабрицио Романо. Според неговиот извор, 28-годишниот фудбалер постигнал усмен договор со мадридскиот клуб за договор вреден 12 милиони евра до 2025 година. Играчот ќе го напушти Баерн Минхен летото 2021 година како слободен агент. Оваа сезона, Алаба има одиграно 35 натпревари за Баерн, на кои постигна два гола и направи две асистенции. Претходно беше објавено дека фудбалерот и неговите претставници ќе добијат голем бонус за потпис доколку потпишат договор со Реал Мадрид. Агентот Захави, таткото на фудбалерот и самиот фудбалер ќе добијат 20…
Фудбалската федерација на Македонија синоќа ја извести јавноста дека претседателот Муамед Сејдини е позитивен на ковид-19. Сејдини почувствувал симптоми во петокот, а на вчерашниот тест во Скопје бил позитивен. Претседателот е веќе во карантин, не го следеше натпреварот против Лихтенштајн синоќа од свечената ложа, а од иста причина нема да патува ни за Дуизбург во вторник наутро. Во текот на денешниот ден ќе бидат направени тестови на нашите фудбалери и членовите на стручниот штаб. Од страна на Фудбалскиот сојуз на Германија е побарано кај нив да допатува само мала делегација, а дополнително сите ќе бидат тестирани по пристигнувањето на аеродромот…
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, на прес-конференцијата по натпреварот против Лихтенштајн (5:0) даде свое мислење околу самиот натпревар и истакна дека е задоволен од убедливиот триумф, а истовремено од друга страна нашиот национален тим успеа да заштеди сили за следната средба. „Се оствари тоа што го предвидувавме, запишавме висока победа. Секогаш е тешко да се победи убедливо, против било кој противник во денешниот фудбал. Победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент. Првата цел беше да запишеме поубедлива победа, а втората да не ги исцрпиме фудбалерите и да може да ја сочуваме свежината за пресметката…
Фудбалската репрезентација на Макеоднија убедливо го совлада Лихтенштајн во 2.коло од квалификациите за СП во Катар 2022 година. Нашата селекција славеше со 5:0 против селекцијата која ни беше планирана за освојување на сигурни бодови. Македонија одлично го започна натпреварот и од првиот директен удар упате кон голот на Лихтенштајн дојде до предност. Слободен удар изведе Енис Барди, а топката не успеа да ја прифати најдобро гостинскиот голман кој дозволи таа за да заврши во неговата мреша за водство на македонија од 1:0 во 7.минута. Само 5 минути подоцна, повторно нов слободн удар за нашата репрезентација кој го изведе Барди, но…
Стартот на новата сезона во Формула 1 не носи ништо ново во однос на победниците, фантастичниот Луис Хамилтон продолжи онаму каде што застана минатата сезона и ја отвори сезоната со победа на трката за големата награда на Бахраин. Иако актуелниот шампион не стартуваше од пол ползицијата, сепак на крајот заврши прв пре Макс Верстапен кој имаше прво место во квалификациите и во текот на целата трка беше во конкуренција за првото место со Луис Хамилтон. Во финишот од трката Верстапен успеа да го помине Хамилтон, но во истиот круг хамилтон повторно се врати на лидерското метсо кое го задржа до…
Продолжува дискусијата за крајот на натпреварот помеѓу Србија и Португалија (2:2), по ударот на Кристијано Роналдо кога топката ја помина гол-линијата, но не беше признат погодокот. Во центарот на вниманието е ѕвездата на Јувентус и Португалија , Кристијано Роналдо кој во бес ја фрли капитенската лента на земја. Сепак, Роналдо е критикуван не само на социјалните мрежи. Поранешниот репрезентативец на Португалија, Фернандо Меира, го опиша овој потег како „неприфатлив“. „Очигледно дека тоа е гол, но Кристијано не може да ја фрли лентата на тој начин“, изјави тој за „Рекорд“. „Реакцијата на Роналдо на неправдата е нормална, но не и за…
Денес во Парк шумата „Гази Баба“ во организација на АК Работнички се одржа 19-тиот Меморијален Крос „Методи Веновски – Мето“. Дарио Ивановски (АК Делта), кај мажите, и Миљана Ристиќ (АК Делта), кај жените, се победници на овој крос. Дарио Ивановски успеа да го повтори успехот од претходнит крос кога успеа да триумфира. Второто место кај мажите му припадна на Атанас Анчевски (АК Делта), додека трет беше Муџахид Мислимовски (АК 7-ми Мај). Во женска конкуренција победи Миљана Ристиќ, а зад себе ја остави второпласираната Весна Кираџиева (АК Индјуренс), додека на третото место заврши Рената Соколовска (АК Делта).
