Author: riste

Дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал, беше позитивен на КОВИД-19 за време на кампот со турската репрезентација, објавија италијанските медиуми. Тој се приклучи на Турција, иако се опоравуваше од повредата и за време на собирот му беше дијагностициран коранавирус. Демирал може да се врати во Торино со специјален медицински лет утре, како што тоа го стори Кристијано Роналдо во октомври кога беше позитивен на тестот во репрезентацијата на Португалија. Дефанзивецот е десеттиот играч на Јувентус со КОВИД-19 од почетокот на пандемијата.

Read More

Останува неизвесноста за иднината на Џанлуиџи Донарума во Милан. Договорот на 22-годишниот голман истекува на крајот на сезоната, а тој сè уште не го продолжил. Според италијанските медиуми, клубот му понудил 5-годишен договор со годишна плата од 7 милиони евра плус уште 1 милион евра за секој пласман во Лигата на шампионите. Сепак, оваа понуда се разликува од барањата на агентот на играчот – Мино Рајола. Тој се залага за договор не повеќе од две години со плата од 12 милиони евра по сезона, што раководството го смета за претерано. Донарума и Рајола чекаат да видат дали „росонерите“ ќе се…

Read More

Сопствениците на Манчестер Сити се подготвени да потрошат повеќе од 200 милиони фунти во текот на летниот преоден рок, и тоа само за двајца играчи. Според „Дејли Меил“, еден од ниве е голгетерот на Борусија (Дормтунд), Ерлинг Халанд, кој треба да го замени Серхио Агуеро, додек авториот е капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш. Освен што сака да привлече квалитетни играчи, Пеп Гвардиола сака да бидат млади затоа што ќе може да смета на нив во наредните години. Халанд ќе наполни 21 година на лето, додека Грилиш во моментов има 25 години, па и двајцата се вклопуваат во тој профил.…

Read More

Лондонски Челзи и Порто ќе се натпреваруваат за влез во полуфиналето од Лигата на шампионите во Шпанија, соопшти прес-службата на португалскиот клуб на „Твитер“. Двете четвртфиналиња помеѓу Челзи и Порто ќе се одиграат на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља, каде Севиља ги игра своите домашни натпревари. Првиот натпревар, во кој Порто ќе биде официјален домаќин, ќе се одигра на 7 април. Реваншот ќе се одигра на 13 април повторно во Севиља. Одложувањето на натпреварите од Англија и Португалија е поврзано со ограничување на воздушниот сообраќај меѓу земјите поради пандемијата на коронавирусот. Во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, Челзи…

Read More

Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ќе го пропушти натпреварот од квалификацискиите за СП 2022 година помеѓу Хрватска и Малта, објави „Марка“. Стручниот штаб на репрезентацијата на Хрватска реши да му даде одмор на 35-годишниот предводник на хрватскиот тим. Натпреварот со Малта ќе се одигра вечерва во Загреб. Модриќ, кој го одигра целиот натпревар со Кипар (1:0), го одигра 135-от натпревар за репрезентацијата и го престигна дефанзивецот Дарио Срна, кој го заврши својот настап во националниот тим во 2016 година. По Модриќ и Срна по бројот на одиграни натпревари за репрезентацијата, тука се Стипе Плетикоса (114 натпревари), Иван…

Read More

Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, продолжи со тренинзите пред домашниот натпревар во недела со Фулам во Премиерлигата. Играчот за врска отсуствуваше шест недели поради повреда на ногата. Грилиш, кој оваа сезона има 6 голови и 10 асистенции во лигата, заработи повреда на тренинг пред натпреварот со Лестер Сити на 21 февруари. 25-годишниот фудбалер пропушти шест натпревари, со тоа што Астон Вила победи само еднаш во негово отсуство и падна на 10-то место на табелата.

Read More

Бразилската sвезда на Ливерпул, Роберто Фирмино се врати на тренинг по повредата на коленото пред гостувањето на Арсенал во Премиер лигата во сабота. Фирмино ги пропушти последните три натпревари на „црвените“, но учествуваше на тренингот синоќа, покажуваат фотографиите на клупската веб-страница. Бразилецот оваа сезона има шест голови и пет асистенции на 27 натпревари од шампионатот. Ливерпул сè уште е без централните дефанзивци Вирџил ван Дајк и Џо Гомез (двајцата со повреди на коленото), Жоел Матип (скочен зглоб) и играчот за врска Џордан Хендерсон. Ливерпул ја освои својата прва титула во Англија во последните 30 години минатата сезона, но повредите и…

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски веднаш реагираше и го санкционира Илија Несторовски за пцовките кои ги кажа пред камерата по петтиот гол на натпреварот против Лихтенштајн. Напаѓачот по реализацијата на пеналот, реагираше бурно и со пцовки се обрати кон камерата, а по мечот истакна дека тоа е за тројца личности кои во изминатите денови му се заканувале нему и на семејството. Ангеловски на прес-конференцијата рече дека ќе ја коментира ситуацијата откако ќе ја види снимката, а по преспиена ноќ, донесе одлука. „Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да…

Read More

Проблемите на Еурофарм Пелистер се зголемуваат, па покрај повредите и поразите, сега проблем е и позитивен тест на коронавирус на нивиот тренер Жељко Бабиќ. Имено, Хрватот синоќа добил информација за позитивниот наод на својот тест пред патувањето во Магдебург и остана во Македонија. „РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека при последното тестирање на ковид-19, неопходно за патувањето на екипата во Магдебург, тренерот на екипата Жељко Бабиќ е позитивен на ПЦР тестот. Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин. Наместо него екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески. Бабиќ ќе…

Read More

Играчот за врска на Евертон, Хамес Родригез проговори за неговата адаптација во англискиот клуб и за односот со тренеро Карло Анчелоти. „Генерално, задоволен сум од мојата игра. Секако дека сум способен за повеќе, но кога играм добро, имам позитивен ефект врз тимот. Ова е токму она што го сакам: за тимот да покаже добар фудбал и да настапи на високо ниво. Лесно ми беше да се адаптирам. Дојдов во голем клуб кој сака да постигне голем успех. Јас работам со тренер кој ме познава. Тој знае како да се справи со играчите и стручниот штаб. Имаме фантастична врска со Анчелоти,…

Read More