Author: riste

NBA

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не криеше дека е многу незадоволен од играта на тимот на натпреварот против Реал Мадрид. Ливерпул загуби со 1:3 во првото четвртфинале од Лигата на шампионите, а грешките во одбраната го налутија Клоп, кој беше доста критичен во проценката на прикажаното во Мадрид. „Ако сакате да играте во полуфиналето, мора да го заслужите тоа. Денес не го сторивме тоа, особено во првото полувреме. Единствената позитивна работа на натпреварот, ако исклучиме гол на гостински терен, е фактот дека има реванш“, изјави разочараниот Клоп. „Ние едноставно не игравме доволно добро за да создадеме проблеми за Реал. Дури…

Read More

Карим Бензема го предводеше Реал Мадрид со капитенската лента на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул (3:1) но иако не постигна гол, тој повторно беше меѓу најдобрите во тимот на Зинедин Зидан. Тоа беше натпревар број 108 за Французинот со тимот на Реал во Лигата на шампионите. Зад себе го остави Роберто Карлос, кој има 107 натпревари за Реал во Лигата на шампионите, а пред него се само Икер Касилјас (150), Раул (130) и Серхио Рамос (128). Зинедин Зидан го имаше својот натпревар број 50 на чело на кралскиот клуб во Лигата на шампионите. 31 од…

Read More

Еден од најискусните во редовите на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс е оптимист по првиот натпревар и верува дека шансите на неговата екипа за пласман во полуфиналето остануваат. „Нашите шанси остануваат. Ќе беше подобро натпреварот да завршеше 1:1, но како и да е знаеме дека ни требаат голови и победа на реваншот. Вечерва создадовме повеќе шанси од противникот, што беше неочекувано за скоро сите. Ова ни е показател дека можеме да играме против секоја екипа, ако го повториме нашиот учинок и на реваншот, можеме да продолжиме понатаму“, изјави дефанзивецот Матс Хумелс. И покрај добрата игра на стадионот „Етихад“, Борусија има само…

Read More

Привремениот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ откри дел од тактичкиот план на неговиот тим, со кој му се спротивстави на Манчестер Сити. Германскиот тим загуби со 1:2 во првото четвртфинале од Лигата на шампионите, но покажа дека е во состојба да им се спротивстави на „граѓаните“. „Знаевме дека Манчестер Сити ќе ја контролира топката повеќе од нас, но сакавме сами да наметнеме во кои делови од теренот ќе се случи тоа. Функциониравме добро, ги минимизиравме чистите шанси пред нашиот гол. Нашите напади беа поопасни од оние на домаќините. Генерално, натпреварот беше изедначен и затоа сме разочарани од резултатот“, изјави…

Read More

На стадионот „Вила Парк“ во Бирмингем се одигра натпреварот од 30. коло на англиската Премиер лига меѓу Астон Вила и Фулам. Домашаната екипа славеше со 3:1 со пресврт кој го направија во финишот од натпреварот, но овој меч е посебен по нешто сосема друго. Овој натпревар е првиот во историјата на Премиер лигата во кој сите играчи во почетни состави на двата тима беа родени по првиот натпревар одигран во англиската Премиер лига, кој се одржа на 15 август 1992 година. До 1992 година, најдобрата лига на англискиот фудбал беше наречена Прва дивизија, а потоа беше формирана сегашната Премиер лига.…

Read More

Раководството на Кристал Палас не планира да го продолжи договорот со тренерот Рој Хоџсон, пишува „Дејли меил“. Според изворот, раководството на клубот веќе започнало да бара нов тренер. Тренерот на Рома, Пауло Фонсека и поранешниот тренер на Челзи, Френк Лампард се сметаат за главни кандидати за менаџерската позиција во Кристал Палас. Прелиминарните преговори веќе се водат со двајцата тренери. Покрај Фонсека и Лампард, кандидати се и главниот тренер на Барнли и предводник на Свонси Сити, Стив Купер. Рој Хоџсон на 9 август ќе наполни 74 години, а самиот тренер постојано повторуваше дека размислува да стави крај на тренерската кариера. Неговиот…

Read More

Напаѓачот на Тотенхем и Англија, Хари Кејн се запиша во историјата на Премиер лигата со рекорд на постигнати голови. Кејн ги постигна двата гола за Тотенхем на нивното гостување кај Њукасл во натпреварот од 30. коло во Премиер лигата. Натпреварот заврши без победник – 2:2, а Кејн веќе има 84 голови за Тотенхем на гостински терен во Премиер лигата. Ова е рекорд за играч во дресот на тим во Премиер лигата, а мора да се потенцира дека на Кејн му беа потребни само 120 натпревари за да ја достигне оваа импресивна бројка. Тимот предводен од Жозе Мурињо е петти на…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го забележа вториот пораз во СЕХА лигата оваа сезона, откако по поразот во Загреб, вечерва беа поразени од Татран Прешов со 32:28. Македонскиот преставник во регионалната лига започна со комбиниран состав и тоа се одрази на резултатот кој во текот на целиот натпревар беше во корист на домашната екипа. Првиот дел Татран Прешов го реши во своја корист и на одмор замина со предност од 16:14, а во вториот дел таа предност само ја надоградуваше за на крајот да слават со 32:28. Во екипата на Еурофарм Пелистер најефикасни беа Периќ со девет и Мандалиниќ со седум гола,…

Read More

Тренерот на Челзи, Томас Тухел го прокоментира убедливиот пораз на „сините“ на натпреварот од 30.коло во Премиерлигата против Вест Бромвич Албион (2:5) „Да се ​​игра 11 против 11 или 11 против 10 е голема разлика. Нема оправдување да примате пет гола кога сте тим на ниво на Челзи, но сите сме виновни за ова. Вклучувајќи ме и мене. По исклучувањето, не можевме да се прилагодиме на ситуацијата на теренот. Ова беше целосно изненадување. Обично играме доста самоуверено во одбраната, но денес бевме невнимателни и постојано правевме големи грешки. Бевме строго казнети и тешко е да се вратите толку брзо. Не…

Read More

Кошаркарската федерација на Македонија направи промена во сред сезона и поради новитетот нема да се игра Суперлигата со шест клуба, туку ќе следи плеј-оф со осум екипи, како и плеј-аут во кој ќе испаѓаат два тима. Десет од вкупно дванаесет клуба го прифатиле новиот предлог, кој доаѓа поради разлика на одредени клубови во бројот на одиграни средби, а Пелистер и МЗТ Скопје биле делумно согласни, со дополнение, односно барање, во плеј-офот да разигруваат првопласираните шест екипи (наместо предложените осум) од регуларниот дел на оваа натпреварувачка сезона. Во поединечното изјаснување на клубовите, десет клуба беа за предлогот: „По завршување на регуларниот дел од првенството, односно по одигрување…

Read More