Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и официјално потврди дека претстојното Европско првенство ќе се игра со присуство на публика. Во овој момент осум градови домаќини потврдиле дека ќе ги отворат вратите за фудбалските навивачи. Некои ќе дозволат стадионот да биде исполнет до 25%, а има и такви каде што трибините ќе бидат исполнети 100%. Санкт Петербург потврди 50%, со можност за зголемување на капацитетот до крајот на април, додека Будимпешта има за цел да биде домаќин пред полни трибини, под услов гледачите да ги исполнуваат строгите услови за влез на стадионот. Она што најмногу не интересира се букурешт и Амстердам…
Author: riste
Лионел Меси има 23 гола во „Ла Лига“ оваа сезона и ќе се обиде да постигне уште некој плус утре на мечот со Реал Мадрид, кога Барселона гостуваа кја големиот ривал во големото дерби на шпанскиот фудбал. Аргентинецот не успеа да постигне гол против Реал на почетокот на сезоната, кога двата тима се сретнаа во натпревар од Ла Лига на „Камп Ноу“, а Реал Мадрид славеше со 3:1. Интересно е тоа што Меси веќе три години не успеал да го погоди голот на Реал Мадрид. Последен пат тој постигна гол на против Реал Мадрид пролетта 2018 година кога мечот заврши…
Главниот тренер на Баерн Минхен Ханзи Флик изјави дека Леон Горецка и Никлас Зуле имале проблеми со мускулите по првиот натпревар од четврт-финалето во Лигата на шампионите против ПСЖ, додека Хернандез имал модринка по еден удар. „Сакаме да го добиеме натпреварот против Унион Берлин, но тоа ќе биде тешко. Трите бода се наша главна цел”, рече Флик. Тој се надева дека Горецка и Хернандез ќе се опорават за реваншот против ПСЖ во вторник, каде Баерн ќе мора да ја надополни негативата по поразот на домашен терен со 2:3. „Проблемите на Леон не се толку големи како оние на Никлас. Зуле…
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го објави списокот од 19 играчи на кои ќе смета на утрешното „Ел Класико“ против Барселона. Времето на започнување на натпреварот е 21:00 часот. Белгискиот интернационалец Еден Азар не е меѓу избраните од страна на тренерот, иако денес тренираше на исто ниво со соиграчите. Најверојатно, тимот не сака да брза со неговото враќање во игра, за да не доведе до нова повреда на Белгиецот. Можеби ќе биде подготвен за реваншот со Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Другите отсутни, очекувано, се тројцата дефанзивци – капитенот Серхио Рамос, Рафаел Варан и Даниел Карвахал.
Арсенал има се посериозен интерес за дефанзивецот на Интер, Ашраф Хакими, тврди весникот „АС“. Мароканецот ги импресионираше сите со својот настап за Интер оваа сезона по трансферот од Реал Мадрид за 40 милиони евра минатото лето. Затоа „Топџиите“ размислуваат да му дадат понуда по крајот на сезоната. Интер сигурно не сака така лесно да се раздели со Хакими. Сепак, клубот доживува сериозни финансиски проблеми и ова може да го принуди да се раздели со некои од своите ѕвезди. Токму Хакими е еден од играчите за кого има најсериозен интерес и за кого може да се собере најголема сума за трансфер.…
Најдобриот играч од минатата година, Роберт Левандовски, отфрли можност да се врати во Баерн Минхен за претстојниот реванш четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против ПСЖ на 13 април. Во средата, Баварците го загубија својот натпревар на домашен терен со 2:3 и мора да победат со најмалку два гола. Запрашан во интервју за „Скај Германија“ дали може да излезе на теренот во Париз, тој одговори: „Не, овој натпревар е прерано, но давам се од себе да се опоравам“. Левандовски заработи повреда на коленото за време на натпреварот на полската репрезентација против Андора. Малку е веројатно дека ќе се врати пред…
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ ја потврди очекуваната вест за заминувањето на дефанзивецот Жером Боатенг по завршувањето на сезоната. Договорот на поранешниот германски репрезентативец нема да биде продолжен и на лето тој ќе го напушти клубот по 11 години поминати на „Алијанц Арена“. „Неговиот договор нема да биде продолжен. Ова е одлука што ја донесе управата на клубот. Тренерот исто така учествуваше во овој избор. Разговарав со Жером и тој покажа разбирање. Боатенг ќе даде се од себе до крајот на сезоната во остварување на нашите цели. Тој е свесен дека ќе го напушти Баерн со крената глава“,…
Јувентус може да изгуби 80 милиони евра доколку не успее да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, пренесува „Кориере дело Спорт“. Ова е приближно до приходот на „Старата дама“ од последните учества на тимот во најкомерцијалното натпреварување во Европа. Затоа, ако екипата не игра таму во следната сезона, тоа ќе биде голем удар за клубот и ќе направи огромна дупка во неговиот буџет. Од враќањето во Лигата на шампионите во 2012 година, Јувентус заработи околу 650 милиони од учеството на турнирот. Дури и во последните две сезони, кои не беа многу успешни, бидејќи тимот беше елиминиран во 1/8…
Тенискиот турнир Ролан Гарос ќе биде одложен за една недела, објави весникот „Л’Екип“. Турнирот во Париз ќе се одржи од 30 мај до 13 јуни, наместо во претходниот термин од 23.05 до 06.06. Ова значи дека ќе има пауза од две недели помеѓу Ролан Гарос и Вимблдон. Сепак, оваа промена на терминот не е поврзана со влошување на епидемиолошката состојба и заострување на мерките против ширење на вирусот, туку напротив. Според весникот, одложувањето се должи на фактот дека до јуни во Франција е можно да се отстранат ограничувањата поврзани со ковид-19. Со промена на датумите на турнирот за подоцна, организаторите…
Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) објави дека ќе биде невозможно Баскија да ги исполни новововедените владини протоколи, што ќе им овозможи на навивачите да бидат присутни на стадионите во Билбао за време на ЕП ова лето, а тоа значи дека може да се случи да не можат да се одиграат натпреварите во овој град. „Вчера добивме список со барањата што ги воведе баскиската влада во врска со присуството на навивачи на евро-натпревари и уште од прв поглед бевме принудени да констатираме неможност за нивно прифаќање од Шпанската фудбалска федерација. Условот за вакцинирање на 60% од населението во Билбао и остатокот од…
