Author: riste

Реал Мадрид предводен од Зинедин Зидан, го подобри својот рекорд според бројот на учество во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако го елиминираа Ливерпул од ова натпреварување. Кралскиот клуб ќе игра во оваа фаза по 14-ти пат во својата историја, што е најдобро достигнување досега. Најблиску до Реал Мадрид се елиминираните Баерн (Минхен) и Барселона, кои имаат по 12 настапи во полуфинале. Реал Мадрид е рекордер и по друг показател. Реал го освоил ова натпреварување седум пати од неговото основање во сезоната 1992/1993. Друг интересен податок е дека Реал Мадрид ќе игра за прв пат во полуфиналето на престижното натпреварување…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше презадоволен по пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Граѓаните“ се квалификуваа само по втор пат во својата историја во оваа фаза од ова натпрварување, откако ја елиминираа Борусија (Дортмунд) по две победи со 2:1. „Јас сум исклучително среќен за клубот, управата, навивачите, играчите – за сите! Манчестер Сити е по втор пат во полуфиналето и во оваа фаза нема богата историја, но ние почнуваме да пишуваме историја. Игравме одлично освен во првите 10 минути кога противникот беше подобар. Многу сум среќен што сме меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Ќе се обидеме…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го изрази своето воодушевување од однесувањето на неговите играчи во последната недела. Кралскиот клуб го елиминираше Ливерпул во четврт-финалето од Лигата на шампионите по 3:1 во Мадрид и 0:0 на „Енфилд“. За време на викендот, Реал Мадрид го доби и „Ел Класико“ против Барселона и е во борбата за титулата. „Заслуживме да продолжиме понатаму и среќен сум за момците. Благодарение на тоа ќе добиеме дополнителна енергија на крајот на сезоната. Но, сè уште не освоивме ништо. Горд сум на сè што правиме, но сега ни треба пауза и уживање. Одигравме три многу важни натпревари…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека неговиот тим ги загуби шансите да продолжи понатаму во Лигата на шампионите по првиот натпревар против Реал Мадрид. Тогаш Ливерпул загуби со 1:3, а на реваншот на „Енфилд“ беа далеку од чудо и по 0:0 го завршија учеството во четвртфиналето од ЛШ. „Игравме добро, агресивно, креиравме шанси, но не постигнавме гол. Бидејќи тоа не се случи, Реал, благодарение на огромното искуство, го донесе мечот до посакуваниот резултат со цел да се пласира понатаму. Мохамед Салах обично постигнува гол од такви позиции со затворени очи, но денес не успеа. Ние ја сакаме Лигата на…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, го пропушти денешниот утринскиот тренинг пред реванш четвртфиналето во Лигата на Европа против Гранада, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. „Маркус не тренираше утрово, ќе му дадам максимално можно време за опоравување. Тој сè уште е загрижен за болката во ногата, но да се надеваме дека ќе биде подготвен да игра утре“, изјави Солскјер за официјалната веб-страница на Манчестер Јунјатед. Играчот за врска Даниел Џејмс се врати во првиот состав и ќе може да му помогне на својот тим во наредните натпревари. Дефанзивецот Ерик Бејли ќе биде со тимот,но сè уште не…

Read More

Извршниот директор на Атлетико Мадрид – Мигел Анхел Хил Марин е категоричен дека Саул Нигес и Хозе Хименез нема да заминат во друг клуб. Вчера беше објавена информација дека двајцата ќе бидат дел од чистката што екипата ќе ја спроведе ова лето. Сепак, тие се меѓу играчите на кои најчесто се потпира тренерот Диего Симеоне. „Саул и Хименез се меѓу капитените на тимот. Тие се во клубот многу години и затоа го добија правото сами да одлучуваат кога и како да ја прекинат соработката со Атлетико. Јас лично не мислам дека дојде тој момент. Во секој случај, клубот ќе ја…

Read More

УЕФА планира да направи големи промени во правилото за гостински гол за следната сезона, објави весникот „Сан“. Да потсетиме, според важечките прописи, со изедначен резултат во елиминациските натпревари по одиграни два натпревари, екипата што постигнала повеќе голови на гостински терен оди во следната рунда. Според изворот, според новите правила, головите на гости ќе се бројат само во регуларното време на двата натпревари. Доколку на крајот од двата натпревари се игра дополнително време, гостинскиот тим нема да има предност со гол на гостински терен. Се најавува дека овој предлог веќе е поддржан од водечките клубови во Европа. Гласањето за измени и…

Read More

Реал Мадрид на својата официјална веб-страница потврди дека претседателот на клубот Флорентино Перез е реизбран. Функционерот ќе продолжи да го води Реал Мадрид најмалку до 2025 година. Како што претходно беше објавено, Перез автоматски беше реизбран бидејќи тој беше единствениот кандидат. Тој ги обезбеди потребните финансиски гаранции. Претстојниот мандат на чело на „Кралскиот клуб“ ќе биде шести за Флорентино Перез. Перез за прв пат го презеде Реал Мадрид во јули 2000 година. Во февруари 2006 година, тој поднесе оставка. По втор пат, Флорентино Перез стана претседател на Реал во 2009 година и до овој мемент е на функцијата. Реал Мадрид…

Read More

Вечерва во 21:00 часот се игра реванш четврт-финалето во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн (Минхен). Првиот натпревар во Германија беше вистински спектакл и заврши со успех на францускиот шампион со 3:2. Така, освојувачот на трофејот беше поразен и ставен во неповолна положба, но сега ќе се обидат да ги свртат работите во своја полза на реваншот на „Паркот на принцовите“. Ова ќе биде натпревар број 100 за Баерн во елиминациската фаза во Лигата на шампионите. Тие се втората екипа што стигна до ова ниво по Реал Мадрид. Баварците ќе се обидат да го одбележат овој настан со огромна…

Read More

Вечерва Челзи и Порто ќе го одиграат четвртфиналниот реванш од Лигата на шампионите. Натпреварот ќе биде повторно одигран на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља, каде се одигра и првиот натпревар помеѓу двата тима. Причината за ова се мерките против КОВИД-19. Во првиот дуел, Англичаните, кои официјално беа гости, победија со 2:0 и имаат солидна предност за пласман во следното коло од ЛШ. Сепак, тие не треба да мислат дека веќе ја завршиле својата работа, бидејќи Порто има доволно потенцијал да им ги замрси сметките. Порто ќе се обиде да напрваи ново изненадување откако во 1/8 финалето го елиминираше италијанскиот гигант…

Read More