Привлекувањето на дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е врвен приоритет за Манчестер Јунајтед во текот на летото, пишува „АС“. Не е тајна дека „црвените ѓаволи“ бараат нов централен дефанзивец и се чини дека клубот одлучи дека ќе ги насочи своите напори кон репрезентативецот на Шпанија. Привлекувањето на Торес исто така може да биде полесно од кое било од другите трансфер цели на Јунајтед. Договорот на 24-годишниот фудбалер има откупна клаузула вредна 50 милиони евра и е доста поволна за англискиот гигант. Голем проблем, сепак, може да биде желбата на самиот дефанзивец. Се вели дека Торес нема многу желба да ја…
Author: riste
Лондонски Арсенал има интерес за напаѓачот на Селтик, Одсон Едуард. Според „Телеграф“, раководството на „топџиите“ планира да го зголеми бројот на напаѓачи во летниот преоден рок и смета дека Едуард е најдобриот кандидат за оваа улога. Челниците на Арсенал го гледаат како долгорочна замена за Александар Лаказет, кој ќе наполни 30 години овој мај. Според изворот, Арсенал веќе контактирал со преставниците на францускиот напаѓач, но во текот на летото ќе мора да се соочат со конкуренција за да го добијат овој играч затоа што за него е заинтересиран и Лестер Сити. Одсон Едуард потекнува од школата на ПСЖ, за чиј…
Интересот за крилото на Борусија (Дортмунд) Џејдон Санчо станува се посериозен. Досега англискиот репрезентативец најчесто се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но сега „црвените ѓаволи“ може да имаат конкуренција за неговиот потпис следното лето од ПСЖ, објавија дел од медиумите во Англија. Манчестер Јунајтед направи неколку обиди да го земе Санчо, но не успеа во нивната намера. Голем проблем е многу високата цена поставена од Борусија Дортмунд. Германците сакаат 120 милиони евра за 21-годишниот талент, а оваа сума се чини превисока за раководството од „Олд Трафорд“. Иако интересот на „црвените ѓаволи“ за Санчо се олади веќе некое време, неодамна се појавија…
Челзи е фаворит за потписот со напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, според последните информации на медиумите во Англија. „Граѓаните“ веќе објавија дека ветеранот ќе го напушти „Етихад“ на лето и веднаш се формираше список на клубови заинтересирани за потписот на Аргентинецот. Во оваа фаза, сепак од „Стемфорд Бриџ“ се чекор пред своите конкуренти. 32-годишникот сака да остане во Англија. Освен Челзи, за него се заинтересирани уште два клуба од Премиер лигата – Тотенхем и Лидс Јунајтед. Меѓутоа, од овие три клуба, Агуеро повеќе би сакал да оди кај „сините“. Покрај тоа, Томас Тухел не крие дека би бил среќен…
Манчестер Јунајтед одигра многу силно второ полувреме на гостувањето кај Тотенхем, благодарение на што стигнаа до пресврт и победа од 3:1 против екипата на Жозе Мурињо. Уште еднаш за време на тековната сезона, „црвените ѓаволи“ покажаа дека едно од најсилните оружја на тимот е неговата способност да прави пресврти. Од почетокот на сезоната, тимот на Оле Гунар Солскјер освои дури 28 поени откако претходно беа во негатива. Манчестер Јунајтед нема апсолутно никаква конкуренција според овој индикатор. Најблиску до нив е екипата на Лестер, која се избори за 16 поени откако беше во резултатска негатива. Во Англија направија интересна табела за…
ПСЖ, Интер и Реал Мадрид ја следат ситуацијата околу играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард пред летниот преоден рок, пренесува ЕСПН. Вест Хем, во кој Лингард моментално е на позајмица, сака трајно да го ангажира играчот. Сепак, одличниот настап на играчот за врска, кој има уште една година од договорот со Манчестер Јунајтед, го привлече вниманието на водечките клубови од Премиер лигата и странските врвни клубови. Лингард сè уште нема решено за својата иднина, но играчот претпочита да игра во Лигата на шампионите следната сезона. 28-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед е на позајмица кај „чеканите“ од јануари.…
Напаѓачот на Баерн Минехн, Роберт Левандовски продолжува да се опоравува од повредата на коленото, соопшти прес-службата на клубот од Минхен. Да потсетиме, Левандовски беше заменет во 63-та минута од натпреварот од 2-то коло во квалификацискиите за СП 2022 со репрезентацијата на Андора (3:0). За време на лекарскиот преглед, на Левандовски му било дијагностицирано истегнување во десното колено. Денес, полскиот фудбалер започна да тренира со трчање. Забележано е дека Левандовски сепак нема да може да му помогне на Баерн во реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионите против ПСЖ, што ќе се одигра утре, а прогнозите се дека тој би се…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер ги сподели своите очекувања за реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ. „Би биле среќни да создадеме многу шанси како на првиот натпревар. Во критичните периоди, треба да донесеме подобри одлуки. Ја завршивме анализата и се надевам дека ќе можеме да ги вметнеме резултатите во играта. Ќе пристапиме на натпреварот како што обично го правиме тоа. Ние нема да брзаме со глава низ ѕид во нападот, но ќе се обидеме да постигнеме брз гол во раната фаза од мечот“, изјави Милер за веб страната на УЕФА. Да потсетиме, првиот натпревар заврши со…
Дефанзивецот на РБ Лајпциг, Бенџамин Хенрихс, кој до неодамна играше за оваа екипа со позајмица од Монако, ќе продолжи да игра во Лајпциг со постојан договор. Според прес-службата на РБ Лајпциг, клубот ја искористил опцијата да го купи 24-годишниот фудбалер од Монако и склучил договор со него, кој ќе важи до летото 2025 година. Условите за трансферот не се објавени. „Откако се приклучив на РБ Лајпциг, мојата цел беше да останам тука долго време. Овде се чувствувам како дома и среќен што ќе бидам со тимот во следните неколку години. Повредите сакам да ги оставам за себе. Сега само сакам…
Италијанскиот гигант Јувентус контактираше со ПСЖ за да разговараат за потенцијална размена на играчи. Станува збор за Аргентинците Пауло Дибала и Мауро Икарди, пишува „Фудбал Италија“. Истиот извор тврди дека од Јувентус планираат наскоро да се сретнат со сопругата и личниот агент на поранешниот напаѓач на Интер Икарди – Ванда Нара. Мауро Икарди беше поврзуван со трансфер во Јувентус како играч на Интер, но заврши во Париз. Иднината на Дибала во Јувентус не е многу јасна, а неговиот договор со клубот истекува на 30 јуни 2022 година. Јувентус најверојатно ќе се обиде да го продаде Дибала ова лето доколку не…
