Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за создавањето на Суперлигата во интервју за Радио Кадена Копе во текот на вчерашниот ден. Новото натпреварување е иницирано од 12 водечки клубови во Европа, а меѓу нив е и Барселона. Преговорите за учество на Каталонците и постигнатиот договор, сепак, ги водеше претходникот на Лапорт, Jозеф Марија Бартомеу. „Суперлигата е само прашање на пари, не дека е потребна. Треба да се грижиме за фудбалот, што тој го симболизира и го прави толку убав и атрактивен. Суперлигата е можност, но има и други како што е Супер клупско светско првенство. Примерот на Светското првенство. Јас…
Author: riste
Долго најавуваниот план на најголемите фудбалски клубови во Европа се официјализираше. Синоќа и официјално беше потврдено основањето на европската фудбалска Суперлига, каде ќе играат најдобрите екипи од стариот континент и ќе ги заменат настапите со Лигата на шампионите. Незадоволни од третманот кој го имаат од УЕФА, гигантите на европскиот фудбал одлучија да си формираат свое натпреварување каде секоја недела ќе играат супер-квалитетни натпревари, нешто што веќе го има со кошаркарската Евролига. Милан, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул, Челзи и Тотенхем се екипите кои официјално прифатија да бидат дел од оваа лига. Неофицијално, потврда…
Иако сè уште нема официјално соопштение во врска со намерата на дел од најдобрите клубови во Европа (12 во моментов) да формираат Супер лига, УЕФА веќе подготвува контра удар. Според „Газета дело Спорт“, европската фудбалска централа, заедно со некои од федерациите на Стариот континент, подготвуваат мега-тужба против клубовите кои имаат намера да учествуваат во Суперлигата, што може да достигне финансиско побарување од повеќе од 50 милијарди евра. Покрај тоа, сите оние кои имаат намера да учествуваат во новото натпреварување ќе бидат исклучени од наттпреварите на УЕФА, а можно е да бидат исклучени и од локалните шампионати. Според различни извори, во…
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на трката за ГН на Италија која оваа сезона се возеше на патеката „Имола“ и го носеше името ГН на Емилија Ромања. Макс Верстапен беше во водство во најголемиот дел од трката, иако не стартуваше од пол-позицијата. Верстапен успеа да ги помине Луис Хамилтон и Серхио Перез на стартот и ја презеде водечката позиција. Трката изобилуваше со многу возбудувања, посебно во моментите кога имаше судир на Расел и Ботас, а за среќа двајцата возачи поминаа без последици. Исто така во 31. круг, Луис Хамилтон се удри во заштитниот ѕид, меѓутоа успеа да продолжи и…
Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена на првиот натпревар од баражот за пласман на СП во Шпанија. Нашата селекција беше совладана од домашната репрезентација на Романија со убедливи 33:22 и со тоа впрочем ги загуби шанисте за пласман на СП во Шпанија кое ќе се одржи на крајот од оваа година. Македонија и парираше на Романија саммо во првите 15 минути кога резултатот беше 5:4, а потоа со серија од 7:0, Романија додје до предност од 12:4 и најави убедлива победа над Македонија. На крајот на првиот дел Македонија успеа д анамали на 15:11 и со тој резултат се замина…
Младиот голман на македонската ракометна репрезентација, Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер за периодот од јуни 2021 до јуни 2024 година. 20-годишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција. Овој млад голман доаѓа од Вардар, висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната. Клубот најави дека официјалната презентација на Марко Кизиќ ќе се одржи пред почетокот на сезоната 2021/22 во Битола.
По реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионите, Манчестер Сити обезбедеи пласман во полуфиналето од Лигата на шампионитеи и ова е за нив прво учество во оваа фаза од елитното натпреварување на УЕФА. За разика од екипата на манчестер Сти, менаџерот на овој тим има искуство со настапи во полуфиналето, зато ашто ова за него ќе биде осми пат да води тим во оваа фаза од Лигата на шампионите. Гвардиола според овој индикатор се израмни со Жозе Мурињо кој во моментов е на чело на Тотенхем. Пеп Гвардиола го имаше своето прво полуфинале во Лигата на шампионите како тренер во…
Тажна вест пристигна од Мелбурн, Австралија утрово, откако беше објавено дека 46 годишниот Гоце Грувески го загубил животот. Гоце Груевски поголемиот од од својата кариера го помина во ПМФЛ, каде ги бранеше головите на неколку македонски прволигаши, а својот најголем успех го имаше во дресот на Победа Прилеп. Покрај за Победа, во нашата земја тој настапуваше уште за Работнички, Вардар, Македонија ЃП, Слога Југомагнат и Беласица. Во 2006 година Груевски замина за Австралија каде најнапред беше голман, а потоа и тренер на голманите во најпопуларниот клуб на Македонците во Мелбурн-Македонија Престон, а воедно работеше и во академијата на манчестер Сити. Груевски во својата кариера…
Во реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд беше домаќин на Манчестер Сити на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд. Средбата заврши со победа на гостите со резултат 2:1. Победничкиот гол на мечот го постигна играчот за врска на „граѓаните“, Филип Фоуден. Како што беше објавено по натпреварот, Фоуден е вториот играч кој постигнал гол во две четврт-финалиња на Лигата на шампиони на УЕФА пред да наполни 21 година. Претходно, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, успеа да го направи тоа. Во реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионите, Манчестер Сити ја победи Борусија Дортмунд на гости со 2-1.…
Денес ќе бидат познати полуфиналистите на вториот најсилен клупски турнир на Стариот континент – Лига Европа. Како што се приближува крајот на натпреварувањето, станува се поинтересно. Несомнено најинтересен и највозбудлив дуел ќе се игра во Прага помеѓу Славија и англискиот Арсенал. На првиот натпревар на „Емирати“, чешкиот тим одигра нерешени 1:1 и непријатно ги изненади лондончани, кои се обидуваат да ја спасат сезоната триумфирајќи во Лигата на Европа и обезбедувајќи пласман во Лигата на шампионите. „Пред нас е вистинска битка, која мора да ја добиеме“, прокоментира менаџерот на Арсенал, Микел Артета, кој нема да смета на sвездата Пјер Емерик Обамејанг…
