Напаѓачот и капитен на Барселона, Лионел Меси е единствениот фудбалер кој постигнал најмалку 25 гола во Шпанскиот шампионат во 12 последователни сезони, пренесуваат медиумите во Шпанија. На натпреварот од 31-то коло во шпанскиот шампионат со Хетафе (5:2), 33-годишниот Аргентинец постигна два гола. Сега има 25 гола и 9 асистенции во тековната сезона. Во март Меси го повтори и го надмина рекордот на легендарниот Бразилец Пеле по бројот на голови во еден шампионат. Покрај тоа, Аргентинецот освои 35 трофеи со Барселона. Победи 10 пати во Шпанското првенство, 7 пати во Купот на Шпанија, 8 пати во Суперкупот на Шпанија, 4 пати…
Author: riste
Дрис Мертенс имаше причина да се радува по синоќешниот натпревар со Лацио (5:2). Неговиот тим забележа важна победа, а еден од головите постигна Белгиецот. Така, тој веќе има 102 гола за наполитанците и го изедначи рекордот за најмногу постигнати голови во историјата на клубот. Досега Антонио Војак беше единствениот лидер на ова рангирање, но Мертенс го изедначи своето достигнување и многу веројатно е дека наскоро ќе застане на врвот сам. 33-годишниот напаѓач како да беше свесен за своето достигнување и откако постигна гол плачеше и покажуваше кон небото. Тој го посвети голот на неговата баба, која почина минатата недела.
Јувентус одлучи кој ќе биде главната трансфер цел за летниот преоден рок, објави „Калчомеркато“. Според изворот, клубот од Торино го смета за приоритетна задача за летниот преоден рок потписот на играчот за врска на Сасуоло, Мануел Локатели. Претходно беше објавено дека интерес за фудбалерот има од Манчестер Сити и Арсенал. Локатели ги брани боите на Сасуоло од 2018 година. Актуелниот договор помеѓу играчот и клубот завршува во 2023 година. Оваа сезона, играчот за врска учествуваше на 28 натпревари од италијанската Серија А, на кои постигна три гола и две асистенции. Неговиот тим со 49 бода по 32 кола е на…
Златан Ибрахимовиќ официјално потпиша нов договор со Милан, кој ќе го задржи во клубот до јуни 2022 година. Се проценува дека Швеѓанецот се согласил неговата плата да биде 7 милиони евра. Претходниот договор на 39-годишниот ветеран беше до 30 јуни, но тој се договори со раководството на Милан и ќе остане на „Сан Сиро“ по неговиот 40-ти роденден, што е на 3 октомври. Ова е втор период на Ибрахимовиќ во Милано, кој се врати во клубот во јануари 2020 година и веднаш стана клучна фигура во екипата. Досега има 130 натпревари во црвено-црниот дрес, на кои постигна 84 погодоци и…
Македонските борачи ги завршија своите настапи на Европското првенство во Варшава. Последната надеж на Макеоднија беше Владимир Егоров, кој доби шанса во репасажо, но загуби од репрезентативецот на Азербејџан, Ахмеднаби Гварзатилов со со 2-6. Во шест борби на Европското првенство, нашите борачи не издвојуваа ниту една победа и освоија само седум бода, од кои четири се дело на Фати Вејсели. Ова е големо разочарување за нашите борачи кои се надеваат на многу подобри резултати на ова Европско првенство. Резултати на македонските борачи: -61 кг: Владимир Егоров – Андрил Џелеп (Украина) 0-7 Репасаж Владимир Егоров –Ахмеднаби Гварзатилов (Азербејџан) 2-6 -70 кг: Фати Вејсели –…
Менаџерот на Лестер Сити, Брендон Роџерс ги демантираше гласините дека може да го наследи Жозе Мурињо во Тотенхем. Роџерс рече дека е задоволен од неговиот сегашен клуб и има уште многу да се работи на овој проект. „Тоа е фудбал, секогаш има гласини за секое слободно место што се појавува. Тотенхем е фантастичен, огромен клуб, но мојот фокус е насочен кон Лестер. Имаме многу работа да направиме на нашиот проект. Сè додека имам енергија и сум среќен ќе останам овде. Вие не можете да ги контролирате гласините, но јас не размислувам за тоа”, изјави Брендон Роџерс.
Се чини дека трансферот на Давид Алаба во Реал Мадрид е сигурен. Ова стана јасно од изјавата на неговиот соиграч во Баерн (Минхен) Џошуа Кимих по последниот натпревар против Баер (Леверкузен) во Бундеслигата. „Давид освои сè тука и мислам дека Реал е без сомнение клуб во кој вреди да се оди. Откако сте биле во Баерн, нема многу чекори да се преземат после тоа. Реал воопшто не е лоша опција“, изјави германскиот репрезентативец. Според „Скај Германија“, Алаба има целосно договорена соработка со шпанскиот гигант и ќе го потпише неговиот договор во рок од неколку недели. Австриецот го напушта Баерн Минхен…
Обидот за еден вид државен удар во европскиот фудбал со формирањето на Суперлигата ја натера УЕФА да го забрза почетокот на новиот формат на Лигата на шампионите, тврди „Газета дело Спорт“. Деновиве стана јасно дека најпопуларниот меѓународен клупски турнир ќе се одржи на поинаков начин од летото 2024 година. Паралелно со објавувањето на промените, сепак беше направен обид за воспоставување на Суперлигата. Затоа сега УЕФА не сака да ризикува и се подготвени на незадоволните клубови да им понудат новата форма да стапи на сила порано. Веќе се донесени многу измени, од кои главните се дека бројот на тимови ќе се…
Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло изјави дека напаѓачот Кристијано Роналдо ќе може да настапи на натпреварот од 32. коло на италијанската Серија А против Парма. „Роналдо и Буфон ќе играат против Парма. Мислам дека и Дибала. Тој мора да игра за да се врати во топ форма. Натпреварот со Аталанта беше навистина тежок, но мислам дека тој покажа добра игра“, изјави Пирло. Да потсетиме, Роналдо го пропушти натпреварот од 31-то коло на италијанскиот шампионат со Аталанта поради повреда на мускулот. Еекипат ана Јувентус загуби со 1:0 на гостувањето во Бергамо. Натпреварот од 32-то коло во италијанскиот шампионат Јувентус – Парма…
УЕФА преговара за зголемување на буџетот за Лигата на шампионите со британски инвестициски фонд, објави „РМЦ Спорт“. Според изворот, УЕФА сака да го зголеми почетниот буџет на натореварувањето од 4,5 милијарди евра на 7 милијарди евра. УЕФА планира да ги покани на турнирот европски екипи кои одбиле да учествуваат во Суперлигата. Проектот се дискутираше веќе неколку недели и наводно насочен кон зајакнување на позицијата на споредни приходи на ЛШ за клубовите. Да потсетиме, проектот на Европската Супер лига подразбира создавање на една лига во која ќе учествуваат 20 најдобри клубови во Европа. Учеството во Суперлигата го потврдија врвни клубови како…
