Author: riste

Англискиот тим Ватфорд во следниот преоден рок сака да го ангажира играчот на Интер од Милано, Ешли Јанг, чиј договор со оваа екипа истекува на лето. Ова го објави новинарот Никола Скира на својот профил на Твитер. Интересно е то ашто Ешли Јанг потекнува од екипата на Ватфорд, а играше за првиот тим од 2003 до 2007 година. Во тековната сезона во Серија А, 35-годишниот Јанг играше за Интер на 23 натпревари, постигна три асистенции и заработи четири жолти картони. Англичанецот игра за италијанскиот клуб од 2020 година. Ешли Јанг претходно во кариерата играше за Манчестер Јунајтед, Астон Вила и…

Read More

Повеќето тимови од италијанскиот шампионат потпишаа писмо во кое бараат Јувентус, Интер и Милан да бидат казнети за влез во проектот на Суперлигата на Европа, пренесува „Фудбал Италија“. Писмото содржи и повик за итен состанок на учесниците во италијанскиот шампионат за да разговараат за можните санкции. Меѓу потписниците на писмото има клубови како Рома, Торино, Болоња, Џенова, Сампдорија, Сасуоло, Специја, Беневенто, Кротоне, Парма и Каљари. Да потсетиме, проектот на Европската Суперлига значеше создавање на една лига во која ќе играат 20 најдобри клубови во Европа. Учеството во Суперлигата го потврдија врвни клубови како Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челзи, Барселона, Интер,…

Read More

Дефанзивецот на Реал Мадрид Дани Карвахал го коментираше резултатот од натпреварот од 32-то коло на Шпанската Ла Лига со Бетис (0:0). „Мислам дека можевме да го смениме текот на натпреварот во второто полувреме. Овој резултат нè оддалечува од лидерот. Не бевме во можност да ги реализираме нашите шанси. Календарот е многу груб и многу повреди имаат значително влијание врз играта. Тренерот не може да смета на секого. А, оние кои се во можност да играат, немаат можност за одмор. Ние сме оптимисти. Останаа 15 бода, а ние имаме намера да ги освоиме сите 15. Имавме можност да извршиме притисок на…

Read More

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино проговори за повредата на напаѓачот Килијан Мбапе. Да потсетиме, Мбапе се повреди на мечот од 34. коло во француската Лига 1 со Мец (3:1) и беше заменет неколку минути пред крајот на натпреварот. Мбапе беше стрелец на два гола на оваа средба. „Килијан го повреди бутот. Се надеваме дека повредата не е премногу сериозна. Килијан беше загрижен кога беше заменет, но и мала повреда е секогаш болна”, изјави Почетино за официјалната веб-страница на Лига 1. На 28 април ПСЖ ќе се сретне со Манчестер Сити во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите на…

Read More

Македонија и љубителите на одбојката добија одлични вести, а тоа е дека нашата земја ќе биде оганизатор на една до групите на Европското првенство во одбојка за сениори кое е закажано за 2023 година. Првиот човек на Европската одбојкарска конфедерација Александар Боричиќ гостуваше во нашата земја и ја соопшти добрата вест на состанокот со премиерот Зоран Заев и претставници на Одбојкараската федерација на Македонија. „Сега кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една…

Read More

УЕФА одлучи да го тргне од картата на градови организатори на ЕУРО 2020 градот Даблин. За разлика од Даблин и Билбао, Минхен и стадионот „Алијанц арената“ ќе се одржат со навивачи, но максималниот број ќе изнесува 14,500 навивачи. Исто така УЕФА потврди за некои промени на стадиони. Четири натпревари кои требаше да се одржат во Билбао се преместени на „Ла Картуха“ во Севиља и тоа со гледачи, а исполнетоста на стадионот треба да биде максимум 30% од капацитетот и ќе биде домаќин на три меча од групата Е и еден од осминафиналето. Трите натпревари од истата група Е кои требаше…

Read More

Кошаркарската Федерација ќе ги организира завршните турнири од Куп-натпреварувањето за 2021 година. Осумте најдобри екипи во машка сениорска конкуренција ,односно четирите најдобри екипи во женска сениорска конкуренција ќе се надигруваат меѓу себе за да стигнат до престижниот трофеј од кошаркарскиот Куп, кој од ова издание ќе го носи името на Благоја Георгиевски – Буштур. Бранители на трофеите се кошаркарскиот колектив Работнички, кој воедно е и најтрофеен во машка конкуренција, додека кај дамите е женскиот кошаркарски клуб Вардар кој ги освои последните три изданија (2017, 2018 и 2019 година). По пауза од шест години, завршницата од Купот се враќа во нашата престолнина…

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, проговори за состојбата на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг, кој се опоравува од маларија. „Многу разговарав со него. Вчера за прв пат влезе на терен на тренинг. Тој сè уште е под медицински надзор. Тој претрпе сериозно заболување, имаше неколку тешки моменти. Ние сакаме да му помогнеме брзо да се опорави и да се врати во форма, бидејќи ни е потребен. Вчера изгледаше подобро. Се надевам дека кога ќе ја врати претходната тежина, која ја изгуби поради болест, ќе може целосно да тренира“, изјави Артета за „Sky Sports“. Во тековната сезона на англиската Премиер лига, Обамејанг одигра…

Read More

Францускиот прволигаш Бордо е ставен под административна контрола откако инвеститорите од Кинг Стрит ја повлекоа финансиската поддршка, објави Лига 1. Причината за нивната одлука е пандемијата на КОВИД-19 и прекинатата претходна сезона, што доведе до големи загуби на жирондинците. Финансиската криза во Бордо се засили по банкротот на „Медијапро“, кој ги имаше телевизиските права за рекордни 780 милиони евра за сезоната помеѓу 2020 и 2024 година. Шпанскиот медиумски гигант ги откажа финансиските придонеси минатата година. Бордо беше шампион на Франција во сезоната 2008/2009, но оваа сезона е во лоша форма и ситуација и сега е на 16-то место во Лига…

Read More

Челзи и Арсенал не се откажаа од идејата за ангажирање на играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу. Договорот на турскиот плејмејкер истекува на лето и засега тој не може да се договори со сопствениците на „росонерите“ за негово обновување. Затоа 27-годишниот фудбалер е интересен на трансфер пазарот и двата клуба од Лондон се меѓу првите во редот што сакаат да го ангажираат. Во оваа фаза се верува дека Чалханоглу нема да остане во Милано и чека да види која ќе биде најдобрата понуда за продолжување на неговата кариера. Се верува дека во моментов Челзи е подготвен да понуди подобра…

Read More