Македонската фудбалска репрезентација во женска конкуребнција ги доби своите противници за Европските квалификации за Светското првенство во 2023 година кој стартуваат во втората половина од ваа година. Во квалификациите за Светскиот шампионат ќе учествуваат рекордни 51 репрезентација, поделени во шест групи од шест тимови, три групи од пет селекции, а натпреварите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година. Македонската женска репрезентација е во групата Д со селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксемубрг. Квалификациска групна фаза: 13-21 септември 2021 година 18-26 октомври 2021 година 22-30 ноември 2021 година 4-12 април 2022 година 29 август -…
Author: riste
Играчот за врска на Баерн (Минхен), Корентин Толисо денес тренирал со топка, по повеќе од два месеци по операцијата на бутот, објавија од Баерн Минхен. Толисо во февруари имаше искинат мускул на левиот бут и минатата недела можеше да го одработи неговиот прв тренинг со трчање. Баерн не објави дали тој ќе биде во составот за нивниот следен натпревар на 8 мај против Борусија Менхенгладбах. Баерн ќе обезбеди рекордна деветта последователна титула во Бундеслигата со победа или доколку РБ Лајпциг загуби од Борусија Дортмунд претходно во текот на денот.
Дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен, изјави дека сака да го продолжи договорот со клубот. Тој не ја започна сезоната како стартер, но во последно време добива се повеќе шанси и настапува на одлично ниво. „Сè уште не разговаравме за продолжување на договорот со Челзи, но јас би сакал да останам во клубот што е можно подолго. Ова е втор дом за мене. Данска секогаш ќе биде дом за мене, но јас се чувствувам многу добро во Челзи”, рече Андреас Кристенсен. Данскиот репрезентативец се приклучи на Челзи во летото 2012 година. Во сезоната 2020/21, 25-годишникот одигра 23 натпревари. Неговиот сегашен договор…
Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците во претквалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2023 година ќе се одржи во Индонезија, Јапонија и Филипини. Македонија како носител ќе игра во групата Ф од втората претквалификациска фаза, а на ждрепката се најде во група заедно со Швајцарија и Словачка. Овие двете селекции се добро познати за нашата земја, затоа што против овие противници кошаркарите играа во претквалификациските фази за ЕП 2021. Македонија двапати беше подобра од Словачка, додека со Швајцарија победија во Скопје, но загубија гостински терен. ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ, СП 2023: ГРУПА Ф: Македонија, Словачка, Швајцарија ГРУПА Ц: Шведска, Португалија, Австрија ГРУПА Д: Летонија, Романија, Белорусија ГРУПА Е: Црна…
ПСЖ веќе ја испратил својата понуда за договор со суперaѕвездата на Барселона, Лионел Меси, чиј договор истекува на крајот на сезоната, објави бразилскиот новинар Марсело Бехлер, кој прв го објави трансферот на Нејмар во француската престолнина. ПСЖ смета дека нивната понуда е „недостижна“ за Барселона од финансиски аспект, а исто така се убедени дека нивниот спортски проект е подобар од оној на Каталонците. Предложениот договор на Меси е за период од две сезони плус опцијата за уште една година. Таткото на фудбалерот, Хорхе Меси, моментално е во Барселона, но ниту претставниците на напаѓачот, ниту клубот не брзаат да преговараат за…
Дефанзивецот на Јувентус и репрезентацијата на Холандија, Матијас де Лихт, кариерата може да ја продолжи во Шпанија. Како што објави весникот „Спорт“, Барселона го обнови интересот за 21-годишниот фудбалер. Новиот претседател на клубот, Жоан Лапорта и главниот тренер на тимот Роналд Куман , кој добро го познава квалитетот на играчот кога ја водеше репрезентацијата на Холандија, сакаат да го видат Де Лихт во тимот. Во исто време, пријател на Матијас Де Лихт е играчот за врска Френки де Јонг, со кого играа за Ајакс. Јувентус го купи Де Лихт летото 2019 година за 85,5 милиони евра. Оваа сезона дефанзивецот учествуваше…
Раководството на кошарката во Евролигата објави дека поради тековната глобална ситуација во пандемија и во согласност со препораките на германските власти, било одлучено Ф4 турнирот во 2021 година да се одржи во Келн без присуство на навивачи. Одлуката е донесена, иако Евролигата има развиено голем број сценарија во последната година, бидејќи минатогодишната сезона беше откажана пред предвидениот рок, со намера да им се даде на што поголем број навивачи шанса да присуствуваат на Ф4 турнирот. „Бидејќи здравјето и безбедноста на навивачите и учесниците остануваат приоритет за сите, присуството на Ф4 турнирот ќе биде ограничено на тимови, нивниот персонал и избрани…
Јулијан Нагелсман е официјално следниот тренер на Баерн (Минхен). Баварците ја објавија веста на својата клупска веб-страница пред неколку минути, а и сегашниот тим на 33-годишниот тренер – РБ Лајпциг исто така официјално потврди дека од следната сезона Нагелсман ќе го преземе гигантот од Минхен. Нагелсман официјално ќе ја преземе својата нова функција на 1 јули 2021 година, соопшти Баерн Минхен. Младиот тренер потпиша 5-годишен договор со актуелниот европскиот клупски шампион за 2020 година. Договорот истекува на 30 јуни 2026 година. https://twitter.com/FCBayernEN/status/1386964880671002626 Во исто време, Баерн официјално ја објави разделбата со сегашниот тренер на тимот Ханзи Флик, кој по завршувањето…
Поранешниот тренер на Ница, Патрик Виеира и поранешниот тренер на Челзи, Френк Лампард се главни кандидати да го заменат Рој Хоџсон на клупата на Кристал Палас, објави на Твитер италијанскиот новинар Николо Шира. Раководството на Кристал Палас не планира да го продолжи договорот со главниот тренер Рој Хоџсон. Дејли Меил објави дека Лампард и предводникот на Рома, Пауло Фонсека се сметаат за главни кандидати за позицијата тренер на Кристал Палас. Прелиминарните преговори веќе се водат со двајцата тренери. Рој Хоџсон на 9 август ќе наполни 74 години, а самиот тој постојано повторуваше дека размислува да стави крај на тренерската кариера.…
Минатата недела во фудбалскиот свет се зборуваше за создавањето на Суперлигата со учество на 12 најголеми клубови во Европа, а потоа следуваше повлекување на скоро сите од проектот. Во еден момент не беше јасно дали сезоната во Лигата на шампионите воопшто ќе заврши, но на крајот страстите се смирија и време е за одигрување на полуфинални пресметки во најпрестижното клупско натпреварување во организација на УЕФА. Вечерва во 21:00 часот Реал Мадрид го пречекува Челзи и ќе се обиде да направи предност пред реваншот на „Стемфорд Бриџ“. Шпанскиот гигант стигна до оваа фаза откако ги елиминираше Аталанта и Ливерпул. „Сините“ од…
