Author: riste

Играчот за врска на ПСЖ, Марко Верати во изјава пред реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите на УЕФА против Манчестер Сити потенцираше дека неговата екипа може да ја неутрализира предноста на противникот. „Ова е натпревар што сите сонуваат да го играат. Се надеваме на една многу добра средба. Треба да останеме смирени, да покажеме карактер и да го играме нашиот стил. Сето ова ни помогна да се пласираме во полуфиналето. Сите овие состојки се потребни за да бидете успешни. Исто така, треба да ги контролираме нашите емоции. Деталите можат да одлучат за судбината на натпреварот. Потребна е вистинска психологија.…

Read More

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите очекувања за натпреварот од 34. коло во Премиерлигата со Манчестер Јунајтед. „Ливерпул мора да победи на „Олд Трафорд“. Повеќе од 100 %. Ако не победиме, тогаш ќе ги изгубиме шансите за европско натпреварување. Кога играте во четврток и недела секоја недела, се навикнувате на овој распоред, но секако дека не помага. Ова е тежок предизвик за Манчестер Јунајтед. Во петок и сабота се опоравуваат, а потоа играат повторно. Тие немаат можност да направат тактички промени, но мислам дека не сакаат да го сторат тоа сега. Не чека тежок, интензивен натпревар. Го гледавме…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија ја очекува последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. Нашите ракометари веќе имаат обезбедено пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија но посакуваат со победа да ги завршат квалификациите. Противникот со свои амбиции доаѓа во Скопје и мора да победат доколку сакаат настап на ЕП. Најдобриот швајцарски ракометар, Енди Шмид, вели дека нема да биде лесно против нашата селекција. „Уживам додека играм за репрезентацијата. Сега треба да го направиме клучниот чекор за да одиме понатаму. Многу малку ни недостасува за да бидеме одличен тим. Ако одиграме како против Данска, сигурно…

Read More

Роберт Левандовски може да се пресели во Реал Мадрид ова лето, изненадувачки денес објави „Скај Германија“. Баерн (Минхен) е подготвен да се раздели со својот голгетер за 60 милиони евра за да ги пополни финансиските празнини направени за време на пандемијата на коронавирусот. Реал на Полјакот гледа како на привремено решение на проблемите во нападот, бидејќи тој ќе чини многу помалку од толку посакуваниот Ерлинг Халанд или Килијан Мбапе. Левандовски игра за Баерн од 2014 година, а неговиот договор со клубот истекува во 2023 година, но во август ќе наполни 33 години. Оваа сезона, полскиот интернационалец има 26 натпревари во…

Read More

Барселона му даде на ПСЖ понуда за трансфер на напаѓачот Нејмар , објавиа француските медиуми. Напаѓачот ќе биде најголем приоритет на клубот за време на летниот преоден рок. Според информациите кои беа објавени, самиот Нејмар е скептичен во врска со можноста да се врати на „Камп Ноу“. Претходно, тој објави дека прашањето за продолжување на договорот со ПСЖ е практично решено и пред реализација. Нејмар се пресели во ПСЖ од Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра, кои беа наведени во неговиот договор како обештетување. Оваа сезона, 29-годишниот бразилски напаѓач одигра 14 натпревари во француската Лига 1, постигнувајќи…

Read More

Македонија ќе ја пречека Швајцарија во Скопје, а гостите посакуваат победа со која ќе се реваншираат за поразот во Швајцарија во првата пресметка од овие квалификации. Македонија веќе има обезбедено пласман на ЕП, па бодовите не се императив за нашите ракометари, но селекторот Кирил Лазаров посакува победнички да ги завршат овие квалификации. „Атмосферата е одлична и на сите ќе ни значи многу доколку победиме. Им напоменав на ракометарите дека Швајцарија е екстра квалитетна репрезентација, која на последното СП им направи големи проблеми на сите големи селекции. Не е истата репрезентација која што ја победивме во октомври пред СП, имаат многу…

Read More

Машката репрезентација на Македонија треба во недела да го одигра последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Средниот бек и асистент тренер во нашата репрезентација Филип Миркуловски посакува со победа и десет бода да ги завршиме овие квалификации за ЕП. „Ние сме овде 23 ракометари што е доволно да одиграме два квалитетни меча. Со Финска малку се мачевме, но се случува да промашиме неколку зицери и пенали, имаше нивниот голман добар ден, најважно е што победимве со пет разлика во лоша игра. В недела не чека Швајцарија, за нив е меч да се биде…

Read More

Клубовите во Премиер лигата биле информирани дека ќе треба да обезбедат услови за присуство до  500 навивачи на гостинските екипи кои би можеле да ги следат натпреварите во последните две кола од шампионатот во живо. Планот е да се примаат до 10 000 гледачи на стадионите, но досега категорично беше наведено дека навивачите на гостинските екипи нема да смеат да патуваат. Во принцип, 10% од капацитетот на стадионот треба да биде наменет за гости, но во овие услови процентот ќе се преполови на 5%. Такво писмо беше испратено од извршниот директор на Премиер лигата Ричард Мастерс за да ги подготви…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе има повреда на десната нога и ќе го пропушти претстојниот натпревар со Ленс во Лига 1 во сабота (1 мај), објави ПСЖ на својата официјална веб-страница. ПСЖ секако се надева дека 22-годишниот напаѓач ќе биде во можност да биде во составот на својата екипа за реванш полуфиналето во Лигата на шампионите со Манчестер Сити на 4 мај. „Граѓаните“ победија во Париз со 2:1 и се во многу подобра позиција од својот ривал. На средбата со Ленс ќе го нема ниту левиот бек Хуан Бернат. Бернат, продолжува со опоравување од повредата и се уште не е…

Read More

Босанската звезда во екипата на Рома, Един Џеко, најверојатно ќе го напушти „Олимпико“ по крајот на сезоната, објави на Твитер италијанскиот новинар Николо Скира. Договорот на Џеко со Рома истекува на 30 јуни 2022 година, но двете страни можат да се договорат за раскинување на договорот. Годишната плата на Џеко е 7,5 милиони евра. Во еден момент од сезоната, Џеко имаше несогласувања со тренерот Пауло Фонсека. Португалскиот стручњак најверојатно нема да ја предводи Рома во новата сезона, но сепак, се очекува Џеко да го напушти Рим ова лето. 35-годишниот ветеран пристигна во италијанската престолнина во август 2015 година со трансфер…

Read More