Author: riste

Играчот за врска на Херта (Берлин), Матео Гендузи има повреда што ќе го извади од игра до крајот на сезоната. 22-годишниот играч за врска претрпе фрактура на стапалото при победата на Фрајбург со 3:0 во вчерашниот натпревар. „Прегледите потврдија скршеница на метатарзалната коска“, соопштија од клубот. Матео Гендузи е на позајмица во Херта од Арсенал до крајот на сезоната, но во оваа фаза е нејасно дали играчот ќе остане во Берлин за следната сезона или ќе се врати во Лондон. Херта е во моментов на 14-та позиција во Бундеслигата и се бори да остане во елитата.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес доби нов партнер пред историскиот настап на Европското првенство на нашата сениорска репрезентација. Пивара Скопје е компанијата која се здружи со фудбалските работници и под мотото „Заедно и се е можно“ ќе се обиде да помогне во испишување уште една историја за фудбалот во Македонија. На настанот на кој ФФМ и Пивара Скопје склучија соработка беше промовирана и химната „Одиме на Европско првенство“ која е во изведба на ВИС Рисови. Меѓу присутните беа првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини, како и Горан Сладиќ, генералниот директор на Пивара Скопје. „Дозволете да Ви се обратам во мое име…

Read More

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави одложување на квалификациските натпревари за СП 2022 во африканскиот регион. „ФИФА, заедно со Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ), објави одложување на квалификациските натпревари за СП 2022 во Катар, што требаше да се одржат во јуни 2021 година. Оваа одлука е донесена земајќи ја предвид моменталната состојба поврзана со пандемијата на коронавирусот и потребата да се обезбедат оптимални услови за игра за сите тимови“, се вели на официјалната веб-страница на ФИФА. Квалификациите за СП 2022 година сега се закажани за следниве периоди: септември, октомври и ноември 2021 година, како и март 2022 година. Да потсетиме дека Африканскиот…

Read More

Англиската Премиер лига ги потврди датумите на трансфер периодот за летото 2021 година. „Трансфер периодот ќе биде отворен 12 недели од 9 јуни и ќе се затвори на 31 август. Датумите ќе бидат во согласност со другите европски лиги“, стои во официјалното соопштение на лигата. Да потсетиме дека претходно премиерлигашкиот преоден рок не беше синхронизиран со другите европски лиги, затворајќи се пред првото коло на шампионатот. По 34 одиграни кола во Англискиот шампионат 2020/2021, Манчестер Сити е во водство (80). За да ја освојат лигата, на Манчестер Сити им треба само еден натпревар од преостанатите четири или да очекуваат кикс…

Read More

УЕФА дефинитивно потврди дека стадионот „Ататурк“ во Истанбул ќе биде домаќин на финалистите во Лигата на шампионите. Постоеше одредена резерва поради мерките за карантин во Турција, но сепак денес УЕФА најави дека ќе направи сè за да им обезбеди по 4.000 влезници на Манчестер Сити и Челзи. Англиските екипи ќе се сретнат во финалниот натпревар во битката за трофејот која ќе биде на 29 мај. Целта беше да се исполни 50% од капацитетот на трибините. Но, новиот бран на заболени во Турција не го дозволува тоа. На ова место требаше да биде одиграно минатогодишното финале. Меѓутоа поради претпазливост, финалето меѓу…

Read More

Екипата на Арсенал вечерва од 21.00 часот против Виљареал ќе се обиде да постигне резултат кој ќе го оденесе во финалето од Лигата на Европа. Пред една недела Арсенал загуби со 1:2 и денес ќе бараат пресврт против незгодниот ривал од Шпанија. На Арсенал му е потребна победа без примен гол или евентуален триумф со два гола разлика за да обезбедат место во финалето на 26 мај во Гдањск, каде веќе може да се каже дека е Манчестер Јунајтед откако ја совладаа Рома со 6:2, а вечерва имаат шанса да го потврдат пласманот во финалето на гостувањето на „Олимпико“ во…

Read More

Манчестер јунајтед вечерва од 21.00 часот ќе го игра реваншот од полуфиналето во Лигата на Европа против Рома на „Олимпико“. Пред една недела, „црвените ѓаволи“ ја совладаа Рома со 6:2 на „Олд Трафорд“ и денес треба само да го завршат започнатото и да го заверат својот пласман во финалето во Гдањск на 26 мај. Поразот на „Олд Трафорд“ доведе до промена на тренерот во Рома, со тоа што сегашниот португалски тренер Пауло Фонсека беше заменет на крајот на сезоната од сонародникот Жозе Мурињо. Со оглед на резултатот од првиот натпревар, вечерва се очекува англискиот тим да игра послободно и да…

Read More

Англискиот клуб Ливерпул покажа дека е незаинтересиран за трансфер на фудбалерот, кого управата на Барселона го понуди 7 милиони евра. „Црвените“ ќе го ангажираат дефанзивецот на РБ Лајпциг, Ибрахим Конате, пренесуваат медиумите во Ливерпул. 27-годишниот дефанзивец на Барселона им се нуди на клубовите ширум Европа. Агентите на играчот контактираа со различни клубови – Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус, Олимпик Лион и Лил. Умтити се пресели од Лион во Барселона летото 2016 година за 25 милиони евра. Во 2018 година, фудбалерот стана светски шампион со репрезентацијата на Франција. Во сезоната 2020/2021, Умтити одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, а договорот на…

Read More

Македонија денес треба д аги добие противниците во една од групите на Европското првенство кое ќе се одржи на почетокот на наредната 2022 година во Унгарија и Словачка.Македонија одново ќе се надигрува со најдобрите откако го освои вторто место во квалификациите во група со Данска. Денес на програмата од 17:00 часот е ждрепката која ќе ни ги донесе противниците во групната фаза. Будимпешта ќе биде местото каде што ќе се извлекуваат имињата на учесниците. Најдобрите 24 репрезентации се сместени во четири шешири. Македонија е дел од третиот шешир. Конкуренцијата ќе биде силна, а нашите репрезентативци со нетрпение ќе ги очекуваат…

Read More

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи го повика раководството на Барселона да ја остави бразилската sвезда Нејмар на мира. Разговорите меѓу Парижаните и напаѓачот за продолжување на договорот, кој истекува во летото 2022 година, се тешки. Според Ал-Халаифи, постојат контакти меѓу Барселона и поранешниот играч на оваа екипа и за тоа се делумно виновни од Барселона. Според „Радио Каталонија“, Ал-Хелаифи побарал од Барселона да престане да комуницира со Бразилецот. На почетокот на овој месец стана познато дека Барселона ќе се обиде да го врати играчот ова лето, подготвувајќи 100 милиони евра за оваа намена.

Read More