Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги информираше учесниците на ЕП за саатниците на натпреварите кои ќе ги играат на Европското првенство (ЕП) кое се одржува на стартот на 2022 година во Унгарија и Словачка. Нашата ракометна репрезентација која преку квалификациите обезбеди место на ЕП ќе одигра три средби во првата групна фаза, против селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора. Првите два натпревари против Словенија и Црна Гора ќе ги игра во ист термин о д18.00 часот, додека против Данска во вечерниот термин од 20.30 часот. Натпревари на Македонија на ЕП 2022: Македонија – Словенија (13 јануари, 18:00) Македонија…
Author: riste
Арсенал подготвува сериозна чистка во својот состав на лето по слабата сезона што ја играше тимот. Според „Телеграф“, се очекува да бидат продадени најмалку пет играчи. Менаџерот Микел Артета ќе добие зелено светло од управата за да ги направи потребните измени за да го врати тимот на врвот на табелата. Петмината кои ќе си заминат се Калум Чемберс, Ектор Белерин, Александре Лаказет, Давид Луис и Еди Нкетија. Агентот на Давид Луис веќе започна да бара нов тим за Бразилецот. Неговиот договор истекува и нема да биде обновен. Останатите се очекува да бидат продадени, па дури и бараат замени за нив.…
Шефот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина изјави дека Јувентус нема да може да учествува во Серија А доколку официјално не ја напушти Европската Супер лига. „Правилата се јасни. Доколку Јувентус се уште е во Европската Супер лига на почетокот од следната сезона, клубот нема да може да учествува во Серија А. Жалам за навивачите, но правилата се правила, и тие важат за сите. Се надевам дека овој отпор ќе заврши наскоро“, рече Гравина во изјава дадена за италијанските медиуми, а ја пренесе и „Скај Спорт“. Проектот на Европската супер лига значеше создавање на една лига во која би играле 20…
Дејан Георгиевски ќе биде дел од претстојните Олимписки Игри во Токио во текот на летото откако успеа да се избори за норма на квалификацискиот турнирво таеквондо кој се реалзираше во Софија во соседна Бугарија. Тој во финалето во категоријата над 87 килограми успеа да слави над олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан и да си обезбеди место на финалниот собир. Место на Летните Олимписки Игри претходно обезбеди и борачот Могамедгаџи Нуров а реални шанси тоа да го направи има и каратистот Емил Павлов. Георгиевски во двете денешни борби победи со апсолутна доминација против Динко Сегедин а потоа и против олимпискиот првак Исаев.
Формула 1 возачот на Мерцедес Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификации и ќе стартува од првото место на трката за Големата награда на Шпанија која се вози на патеката „Каталуња“. Актуелниот шампион во Ф1 шампинатот од минатат година успеа зад себе да ги остави конкурентите и дојде до 100-тата пол-позиција во кариерата. Зад него ги остави Макс Верстапен и Валтери Ботас, кои ќе стартуваат од второто и третото место на утрешната трка. По нив следат Чарлс Леклер, Себастијан Окон, Карлос Сајнц, Даниел Рикардо, Серхио Перез, Ландо Норис и Фернандо Алонсо. Хамилтон со оваа своја 100-та пол-позиција испиша историја во формула…
Идниот тренер на Рома, Жозе Мурињо веќе го избра играчот што го посакува за нападот на тимот од новата сезона, кога и официјално ќе ја превземе работата на клупата на римската „волчица“. Според „Кориере дело Спорт“, Мурињо сака во својот состав да го има напаѓачот на Торино, Андреа Белоти. Во Белоти тој гледа совршен човек за нападот на Рома, а како менаџер на Тотенхем веќе се обиде да го привлече во Лондон. Договорот на Белоти со Торино истекува во јуни 2022 година и иако има клаузула за ослободување од 100 милиони евра, таа важи само за потенцијалните купувачи надвор од…
Неполни две недели откако беше објавено дека патеката „Истанбул Парк“ во Турција ќе биде домаќин на трка од овогодинешниот Формула 1 шампионат на 13 јуни, се појави огромен прашалник за тоа дали оваа трка че биде одржана според планот. Сето ова се случи откако британските власти ја стави Турција на нивната „црвена листа“ поради големиот број на заразени лица од Ковид-19 во земјата. Според оваа одредба, секој што бил во Турција десетина дена пред да пристигне на Островот, ќе мора да помине во задолжителен карантин. Во овој случај, стандардните исклучоци од кои имаат корист луѓето кои работат во Формула 1…
Фудбалската асоцијација на Англија преговара со УЕФА за преселување на финалето на Лигата на шампионите на Островот. Натпреварот помеѓу Челзи и Манчестер Сити е закажан за 29 мај во Истанбул. Состојбата со зголемувањето на инфекциите со коронавирус во Турција е таква што британската влада ја стави земјата на црвената листа. Ова значи дека секој што ја посетува земјата мора да остане во карантин во траење од 10 дена во владиниот хотел по враќањето во Велика Британија. За елитните спортисти, постои исклучок кога патуваат, но тие исто така мора да бидат во карантин. Британската влада верува дека најдобра опција е финалето…
Англиската Премиер лига наскоро ќе ги објави санкциите што ќе важат за шесте клубови вклучени во создавањето на Европската Супер лига. Според информациите на „Телеграф“, челниците на лигата имаат план да воведат парични казни за клубовите. Дали тие ќе бидат применети веднаш или ќе бидат одземени од приходите од емитување на натпреварите во Премиерлигата, засега не е познато. Сепак не станува збор за одземање на бодови од клубовите. Да потсетиме, претходно Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Тотенхем се приклучија на Европската Супер лига, но решија да се повлечат од неа по големите протести на навивачите. Сопствениците на…
Веќе е познато колку Реал Мадрид има намера да спаси од продажбата на напаѓачот Еден Азар. Претходно беше објавено дека играчот е ставен на трансфер листа. Според одредени медиуми во Шпанија, Кралскиот клуб ќе се раздели со 30-годишниот белгиски фудбалер доколку добие понуда од околу 50 милиони евра. Реал Мадрид загуби од Челзи, за кој претходно играше Еден Азар, во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите (0:2) и беше елиминиран од натпреварувањето. По крајот на средбата, Еден Азар разговараше со своите поранешни соиграчи со видно расположение и со насмевка на лицето. Фановите на Реал Мадрид беа многу гневни кон…
